Август Фердинанд Мебиус

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Август Мебиус
August Ferdinand Möbius

Август Фердинанд Мебиус
Роден(а) 17 ноември 1790(1790-11-17)
Шулпфорта, Саксонија-Анхалт, Германија
Починал(а) 26 септември 1868
(на возраст од 77 г.)
Лајпциг
Живеалиште Германија
Националност Германец
Полиња математика
Работел(а) во Лајпцишки универзитет
Студирал(а) во Лајпцишки универзитет
Гетингенски универзитет
Универзитет во Хале
Докторски советник Јохан Пфаф
Други академски советници Карл Фридрих Гаус
Карл Молвајде
Докторски студенти Ото Вилхелм Фидлер
Други значајни студенти Херман Ханкел
Познат(а) по Мебиусова лента
Мебиусови трансформации
Мебиусова функција
Мебиусова инверзија
Мебиус–Канторов график

Август Фердинанд Мебиус (герм. August Ferdinand Möbius, 17 ноември 179026 септември 1868) е германски математичар и астрономски теоретичар.

Најпознат е по октривањето на Мебиусовата лента - неориентабилна дводимензионална површина која има само една страна кога е вметната во тридимензионален Евклидов простор. Оваа лента независно ја открил и Јохан Бенедикт Листинг, и тоа во истиот период. Го открил и Мебиусовиот распоред (конфигурација), составен од два заемно впишани тетраедри. Мебиус бил првиот математичар што вовел хомогени координати во проективната геометрија.

Заслужен е за многу математички идеи, вклучувајќи ги Мебиусовите трансформации кои играат важна улога во проективната геометрија, и Мебиусовата трансформација на теоријата на броевите. Работејќи со теоријата на броевите, ги осмислил важните математички идеи Мебиусова функција μ(n) и Мебиусовата инверзија. Во областа на Евклидовата геометрија, Мебиус систематски изработил начин на означување на аглите и отсечките како метод на упростување на резултатите и нивно сведување на еден облик.[1]

Мебиус е роден во Шулпфорта, Саксонија-Анхалт. По мајчина линија е потомок на прочуениот црковен реформатор Мартин Лутер.[2] Математиката ја изучувал кај истакнатиот математичар Карл Фридрих Гаус и Јохан Пфаф. Починал во Лајпциг во 1868, на возраст од 77 години.

Содржина

Собрани дела [уреди]

Занимливости [уреди]

Во негова чест е именуван кратерот Мебиус на Месечината и астероидот28516 Мебиус“.

Поврзано [уреди]

Наводи [уреди]

  1. Howard Eves, A Survey of Geometry (1963), стр. 64 (прераб. издание 1972, Allyn & Bacon, ISBN 0-205-03226-5)
  2. Szpiro, George (2007). „Poincaré's Prize: The Hundred-Year Quest to Solve One of Math's Greatest Puzzles“. Plume. стр. 66. ISBN 978-0-525-95024-0. 

Надворешни врски [уреди]