Премиер на Сингапур
| Премиер на Република Сингапур 新加坡共和国总理 Perdana Menteri di Republik Singapura சிங்கப்பூர் குடியரசின் பிரதமர் |
|
| 200px Премиерска челенка |
|
| Резиденција | Шри Тамасек |
|---|---|
| Назначител | Селапан Раманатан (како претседател) |
| Мандат | 5 год., обновлив. Премиерот мора да го распушти парламентот најдоцна на секои 5 години. Премиер станува лидерот на најголемата партија. |
| Прв функционер | Ли Куан Ју |
| Основана | 3 јуни 1959 |
| Плата | S$2,2 мил. годишно |
| Портал | http://www.pmo.gov.sg/ |
Премиерот на Сингапур e шеф на владата на Република Сингапур. На функцијата доаѓа откако претседателот на државата ќе назначи пратеник кој, по негово наоѓање, ќе има највеќе доверба во парламентот.
Функцијата е создадена во 1959 г, и првиот премиер е назначен од страна на тогашниот управник (гувернер) Јанг ди-Пертуан Негара со добивањето на самоуправен статус во рамките на Британската империја. Звањето „премиер“ останало непроменето по обединувањето на Федерацијата Малезија, Саравак и Британско Северно Борнео, кога сојузна држава на Малезија од 1963 до 1965 г. и по осамостојувањето во 1965 г.
Прв носител на функцијата е Ли Куан Ју, од нејзиното основање во 1959, па сè до 1990 г. По него, на функцијата застанал Го Чок Тонг, а Ли Ју ја добил титулата „виш министер“ (Senior Minister) во службата на премиерот. Го се повлекол во 2004 г. и на негово место дошол синот на Ли Куан Ју, Ли Сјен Лунг. Тогаш титулата виш министер му припаднала на Го, а Ли бил прогласен за „министер-ментор“.
Содржина |
Список на премиери на Сингапур[уреди]
-
Ли Куан Ју
(на функција: 1959-1990) -
Го Чок Тонг
(на функција: 1990-2004) -
Ли Сjен Лунг
(на функција: 2004–денес)
Поврзано[уреди]
- Претседател на Сингапур
- Политика на Сингапур
Наводи[уреди]
Надворешни врски[уреди]
- Служба на премиерот (англиски)
|
|
|||||