Таро Асо
Таро Асо (Јапонски:麻生太郎) (роден20 септември 1940) е јапонски политичар кој бил премиер на Јапонија. Претседател е на Либерал-демократската партија на Јапонија. Бил член на Претставничкиот дом на Јапонија од 1979 година. Министер за внатрешни работи бил од 2005 до 2007 во време на премиерите Шинзо Абе и Јуничиро Коизуми, а кратко време бил и генерален секретар на Либерал-демократската партија на Јапонија во 2007 и повторно во 2008.
На 22 септември 2008 е избран за претседател на Либерал-демократската партија. Два дена подоцна Претставничкиот дом на Јапонија го избра за премиер [1] заменувајќи го дотогашниот премиер Јасуо Фукуда. Асо бил првиот римокатолик кој што бил на чело на јапонската влада. Влата ја предал по поразот на изборите за Долниот дом на Парламентот во 2009 година.
Наводи [уреди]
- ↑ Japan's Taro Aso wins PM vote in lower house, Associated Press, 2008-09-24.