Роберт Лукас
| Роберт Лукас Robert Lucas |
|
| Роден/а | 15 септември 1937 Јакима, Вашингтон, САД |
|---|---|
| Занимање | економист |
Роберт Лукас е американски економист.
Животот и делото [уреди]
Роберт Лукас е роден на 15 септември 1937 година во Јакима (Вашингтон) во САД. Дипломирал на Универзитетот во Чикаго на историја и економија, а на истиот универзитет докторирал во 1964 година. Во периодот 1963-1974 година работел како асистент и професор на Универзитетот Карнеги-Мелон (Питсбург). Од 1975 година работел како професор на Универзитетот во Чикаго на Одделот за економија.
Член е на Американската академија на науките, добитник е на Нобелова награда за економија (1995) за достигањата на планот транформација на макроекономската анализа и продлабочубање на нашето разбирање за економската политика. Лукас истражува во неколку области: монетарна теорија, меѓународна трговија, фискална политика, економски раст и др.
Како поединец или во коавторство, тој е автор на голем број дела (претежно статии), во кои ја развива и применува теоријата на рационални очекувања. Од нив најпознати се:
- Реалните пари, вработеноста и инфлацијата (во авторство со Л.Рапинг),
- Неутралноста на парите и очекувањата (1972),
- Економетриско тестирање на хипотезата за природната стапка (1972),
- Модел на рамнотежа за деловните циклуси,
- Истражувања на теоријата на деловните циклуси (1981),
- Модели на деловните циклуси (1981) и
- Рационалните очекувања и економетриската практика(1981).[1]
Наводи [уреди]
- ↑ Проф.д-р Методија Стојков, Развој на економската мисла, Економски факултет, Скопје.
|
||||||||