Дебата

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Дебата или дебатирање е формален метод на интерактивено и репрезентативно аргументирање. Дебатата е поширока форма на аргументација од логичката аргументација која ја проучува доследноста преку аксиоми и фактички аргументи, кои единствено испитуваат што е или што не е точно, или од реториката која е само технка на убедување. Иако логичката доследност, фактичката издржаност, и ограничени емоционални апели кон публиката се важни елементи на уметноста на убедувањето, во дебатирањето, едната страна често победува преку презентирање на супериорен "контекст" и/или рамка на спорното прашање, пристап кој е многу посубтилен и стратешки.

Во формален натпревар во дебата постојат правила врз чија основа се дискутираат и се одлучува за разликите, во одредена рамка (формат) која одредува како ќе комуницираат. Неформалната дебата е честа појава, но квалитетот и длабочината на дебатата се подобрува со знаењето и вештините на членовите (дебатерите) во истата. Дискусиони тела, како што се парламентите, легистлативните собири, и состаноци од различни видови, активно се вклучуваат во дебати. Резултатот на една дебата може да биде одреден преку гласање на публиката, судиите, или преку некаква комбинација од двете. Формални дебати меѓу кандидати за државни функции, како што се претседателските дебати, се чести во демократските земји.

Формалната натпреварувачка дебата често се поттикнува во средните и високо образовни институции. Овие натпревари имаат строги правила и се надгледувани од еден или повеќе судии. Секоја страна има за цел да победи, преку следење на правилата, но по некогаш и преку користење на одредени правила за кршење на други правила, сè додека тоа се прави во границите на нормалата. Секоја страна е или за (афирмативна) или против (негативна) поставеното тврдење (теза). Некои од правилата се широки и треба да се следат на поопшт начин. Како пример, оние кои ја афирмираат тезата треба да покажат зошто таа треба да биде усвоена такак како пто е напишана, но истовремено имаат право да го одредат опфатот на истата, како и нејзиното значење во случај да се усвои. Во сите формати на дебата, задачата на негативната страна (тим) е да уништи доволно од афирмативните аргументи за тезата да не се усвои, но во одредени формати на дебата се очекува негацијата да предложи алтернативно решение.

Главната цел на изучувањето дебата како метод или уметност е да се развијат поединечните способности за застапување на двете страни подеднакво успешно и без потешкотии. За неискусните дебатери, одредени тези се потешки за напаѓање или за бранење, но за поискусните дебатери, секоја теза може да се одбрани или уништи ако се понуди еднакво време за припрема. Како пример, адвокатите ги бранат своите клиенти дури и кога фактите не се во нивна корист.

Натпреварувачката дебата е организирана активност, со тимови кои се натпреваруваат на локално, национално и меѓународно ниво. Истата е популарна во средни училишта и универзитете од земјите од англиското говорно подрачје, како што се Јужна Африка, Канада, Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Ирска, Австралија и Нов Зеланд. Присутни се многу различни стилови и формати на дебата чие практикување често зависи од регионот и организациите кои се во прашање. Во Република Македонија, средношколската натпреварувачката дебата е присутна од 1999 година како дел од Дебатната програма на Младински образовен форум, преку употреба на дебатниот формат Карл Попер.[1] Во 2008 започна да се употребува и форматот на Британска праламентарна дебата кој е наменет за студенти.

Наводи[уреди]

  1. Стојнев, Симовска, Маричиќ, Ивановска, Арсовски, Жупановски, Забрчанец, Лазаров (2004). Размислувај гласно - прирачник за дебата задна корица. ISBN 9989-2269-0-3

Надворешни врски[уреди]