Сноуборд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сноуборд (англиски: snowboard) е зимски спорт чие име потекнува од двата збора од англискиот јазик, snow-снег и board-даска (во случајов за скијање). Овој спорт спаѓа во групата на екстремни спортови, што значи дека е опасен. Претставува некој вид мешавина помеѓу сурфање и скејтборд. Пронајден е во САД во 1960-тите и 1970-тите, а станал Зимски Олимписки Спорт во 1998 година. Карактеристичен е, бидејќи на лицето кое управува со бордот двете нозе му се фиксирани за него, и мора да има извонредно чувство за рамнотежа. Обично овој спорт не се прави на долги патеки, туку на кратки но опасни патеки, проследени со ризични скокови на одредена висина, или над одреден предмет, а понекогаш се поминува со бордот и по предметот.

Историја[уреди]

Првиот модерен сноуборд бил Снурфер (Snurfer), чие име доаѓа од зборовите „снег“ и „сурфер“, бил измислен од Шерман Попен во 1965 год. во Мускегон, Мичиген, како играчка за неговата ќерка. Снурферот на Попен почнал да се произведува уште истата година како играчка, сè додека не почнува посериозно да се сфаќа сноубордингот како спорт.

Надворешни врски[уреди]