Филипо Марија Висконти

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филипо Марија Висконти
Филипо Марија Висконти
Филипо Марија Висконти
Сопруг Беатриса Ласкарис ди Тенда
Марија Савојска
Династија Династија Висконти
Татко Џан Галеацо Висконти
Мајка Катерина Висконти
Роден/а 23 септември 1392(1392-09-23)
Милано
Починал/а 13 август 1447(1447-08-13) (на 54 год.)
Милано

Филипо Марија Висконти (роден на 23 септември 1392 - починал на 13 август 1447) бил третиот војвода на Милано како син на Џан Галеацо Висконти и Катерина Висконти[1].

Филипо Марија Висконти, кој станал владетел на Павија во 1402 година, го наследил својот убиен брат Џан Марија Висконти како војвода од Милано во 1412 година. Тој се оженил со Беатриса Ласкарис ди Тенда, вдовицата на Фачино Кане, еден од најголемите ривали во војводството. Тој ја обвинил за прељуба и наредил да биде убиена во 1418 година.

По смртта на Џорџо Орделафи, владетел на Форли, тој го искористил ова и се наметнал за иден владетел предизвукувајќи војна со Фиренца. Во конфликтот се вмешала и Венецијанскатата република која застанала на страната на Фиренца (1425). Венеција го освоил градот Бреша, а Висконти бил принуден да го прифати мировнуиот договор предложен од страна на папа Мартин V.

Тој се оженил со Марија Савојска. Починал во 1447 година и бил последниот војвода од династија Висконти по машка линија. По неговата смрт била создадена Амброзиска република на чело со Франческо Сфорца кој се оженил со Бјанка Марија Висконти, неговата ќерка.

Наводи[уреди]

  1. Vogt-Luerssen, Maike; Luerssen, Holger (29 ноември 2008). „Giangaleazzo Visconti“. „Maike's History of Women and the History of Everyday Life“. Blackwood, Australia. http://www.kleio.org/en/history/famtree/sforza/645.html#main. конс. 6 ноември 2010.