Википедија:На денешен ден/Архива/Мај
Ова е Архивата на рубриката „На денешен ден...“
Истата има започнато да функционира на 25 јуни 2007.
[уреди] 1 мај
Настани
| 1707 | Англија и Шкотска се обединуваат и го формираат Кралството Велика Британија |
| 1834 | Британските колонии го укинуваат ропството. |
| 1886 | Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет. |
| 2001 | Како реакција на масакрот кај Вејце, во насилни демонстрации во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми. |
| 2004 | Естонија, Кипар, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка станаа членки на Европската Унија. |
Родени
| 1909 | Јанис Рицос, поет на грчката левица. Добитник на Златен венец на СВП. |
| 1924 | Иван Антонов, доајен на македонското радио и телевизиско спикерство. |
| 1929 | Ралф Дарендорф, германски социолог |
| 1949 | Пол Тејтул Сениор, основач на Оринџ Каунти Чоперс. |
| 1955 | Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски. |
| 1985 | Филип Ивановски, македонски фудбалер. |
| 1987 | Сашко Пандев, македонски фудбалер. |
Починале
| 408 | Аркадиј, римски император. |
| 1118 | Матилда, сопруга на Хенри I. |
| 1277 | Стефан Урош I, крал на Србија. |
| 1555 | Папа Марцелиј II, римски папа. |
| 1572 | Папа Пиј V, римски папа. |
| 1873 | Дејвид Ливингстон, шкотски мисионер и истражувач |
| 1904 | Антонин Дворжак, чешки композитор |
| 1945 | Јозеф Гебелс, германски политичар. |
| 1978 | Арам Хачатурјан, ерменски композитор (р. 1903.) |
| 1994 | Ајртон Сена, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на „Формула 1“. |
| 2011 | Осама бин Ладен, саудиски терорист, основач на Ал-Каеда. (убиен) |
[уреди] 2 мај
Настани
| 1903 | Во селото Смилево, демирхисарско, почна Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот беше избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјасни за кревање востание. |
| 1945 | СССР го објавил освојувањето на Берлин во Втората светска војна. Војниците на Црвената aрмија го развиориле црвеното знаме над Рајхстагот. |
| 1949 | Во Струмица е формиран Народниот театар „Антон Панов“. Во театарот беше изведена првата претстава, „Бегалка“ од македонскиот писател Васил Иљоски. |
| 1952 | Првиот патнички авион на млазен погон „Де Хавиленд Комет-1“ го направи првиот лет на релација Лондон-Јоханесбург. |
| 1999 | Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, aвијацијата на НАТО употреби „графитни бомби“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата. 70% од СР Југославија остана во мрак. |
| 2007 | Еден од учесниците на релито „Гамбол 3000“, Николас Морли, возејќи со недозволена брзина во близина на Струга, удри во друго возило при што загинаа двете лица во другото возило, брачниот пар Чепујновски од Струга. Релито беше прекинато, а Морли осуден. |
| 2008 | Циклонот „Наргис“ го зафати Мјанмар и предизвика катастрофално уништување и поплави, при што загинаа над 100.000 луѓе. |
| 2012 | Јанош Адер е избран за претседател на Унгарија. |
Родени
| 1660 | Алесандро Скарлати, италијански композитор († 1725.). |
| 1729 | Катерина II, руска царица († 1796.). |
| 1810 | Папа Лав XIII, римски папа. |
| 1863 | Тома Давидов, учесник во македонското револуционерно движење. |
| 1892 | Манфред фон Рихтхофен - Црвениот барон, германски пилот († 1918.). |
| 1896 | Елена, кралица на Романија. |
| 1924 | Мери Бошкова - македонска театарска, телевизиска и филмска актерка. |
| 1948 | Панде Манојлов, македонски поет и раскажувач.. |
| 1951 | Смиле Наумовски, македонски поет и раскажувач. |
| 1955 | Донатела Версаче, италијански моден дизајнер. |
| 1960 | Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија. |
| 1963 | Горан Рафајловски, макеоднски политичар. |
| 1975 | Дејвид Бекам, англиски фудбалер. |
Починале
| 373 | Атанасиј Александриски, Патријарх на Александрија. |
| 902 | Борис I, бугарски цар. |
| 1519 | Леонардо да Винчи, италијански уметник и пронаоѓач (р. 1452.). |
| 1957 | Џозеф Мекарти, американски сенатор (р. 1908.). |
| 1980 | Кирил Петрушев, министер за внатрешни работи на Македонија. |
[уреди] 3 мај
Настани
| 1494 | Кристофер Колумбо го откри островот денес наречен Јамајка. |
| 1791 | Донесен е т.н. Устав од 3 мај како Владин акт, а подоцна истиот ден е усвоен од Сеимот на Полско-Литванската Федерација. Овој устав бил втор во Европа и трет во светот (прв устав претставува уставот на Сан Марино, а втор е американскиот устав од 1787 година). |
| 1945 | Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донесе решение за утврдување на македонската азбука. Азбуката првпат е отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104, на 4 мај, 1945 година. |
| 1979 | Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори е извршена смена на кормилото на власта, а Маргарет Тачер стана прва жена премиер во британската историја. |
Родени
| 612 | Константин III Ираклиј, византиски император. |
| 1367 | Хенри IV, крал на Англија. |
| 1415 | Сесилја Невил, мајка на Едвард IV. |
| 1469 | Николо Макијавели, италијански политичар, дипломат, воен стручњак, поет и комедиограф. |
| 1860 | Вито Волтера, италијански математичар и физичар. |
| 1917 | Киро Глигоров, поранешен македонски претседател. |
| 1920 | Киро Билбиловски, македонски филмски снимател. |
| 1933 | Стивен Вајнберг, американски физичар. |
| 1937 | Миле Маневски, македонски поет и раскажувач. |
| 1948 | Авни Абдулах, македонски раскажувач и романсиер. |
| 1984 | Ѓорѓи Ицоски, македонски биатлонец и крос-кантри скијач. |
Починале
| 1481 | Мехмед II Освојувачот, Отомански султан (р. 1432.). |
| 1758 | Папа Бенедикт XIV, римски папа. |
| 1942 | Елпида Караманди, македонски народен херој. |
[уреди] 4 мај
Настани
| 1494 | Кристофер Колумбо пристига на Јамајка |
| 1814 | Наполеон Бонапарта пристига на островот Елба, каде што е протеран по својот пораз |
| 1886 | Во Чикаго се случуваат Хајмаркетските немири поврзани со штрајкот од Први мај |
| 1904 | САД ја започнале изградбата на Панамскиот канал. |
| 1953 | Ернест Хемингвеј е награден со Пулицеровата награда за „Старецот и морето“. |
| 1979 | Маргарет Тачер станува првата жена премиер на Британија |
| 1993 | Управата за ПТТ на Република Македонија е примена во членството на Меѓународниот сојуз за телекомуникации - организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева. |
Родени
| 1008 | Анри I, француски крал. |
| 1881 | Александар Керенски, руски политичар. |
| 1909 | Методи Поповски, македонски командант. |
| 1913 | Катерина , принцеза на Грција. |
| 1928 | Хосни Мубарак, египетски претседател |
| 1929 | Одри Хепберн, британска актерка со белгиско потекло |
| 1953 | Нина Гопова, руска кану-спринтерка. |
| 1969 | Давид А. Бадер, американски информатичар. |
| 1985 | Бо Мекејлеб, македонски кошаркар. |
| 1987 | Францеск Фабрегас, шпански фудбалер. |
Починале
| 1903 | Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и во почетокот на 20-от век. |
| 1909 | Тома Никлев, македонски револуционер. |
| 1979 | Бранко Зарески, македонски поет, критичар и публицист.. |
| 1980 | Јосип Броз Тито, претседател на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија. |
| 2001 | Васка Илиева, македонска изведувачка на народна музика. |
[уреди] 5 мај
Настани
| 553 | Јустинијан I го свикал Петтиот вселенски собор во Константинопол. |
| 1891 | Петар Илич Чајковски диригирал на отворањето на концертната сала Карнеги Хол во Њујорк. |
| 1936 | Трупите на фашистичка Италија под команда на генерал Пјетро Бадољо го окупираа главниот град на Етиопија, Адис Абеба. |
| 1961 | Во Флорида, САД од лансирната рампа на Кејп Канаверал, Алан Шепард со вселенски брод е лансиран како прв американски космонаут во вселената. |
| 1993 | Република Турција и Република Македонија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. |
Родени
| 1813 | Серен Кјеркегор, дански философ. |
| 1818 | Карл Маркс, германски политички философ. |
| 1846 | Хенрик Сјенкјевич, полски писател, нобеловец. |
| 1909 | Миклош Радноти, унгарски поет. |
| 1920 | Боро Андов, македонски поет за деца. |
| 1924 | Незир Незири, македонски учител. |
| 1927 | Крум Монев, македонски борец. |
| 1943 | Игнасио Рамоне, шпански новинар и писател. |
| 1934 | Даница Ручигај, македонска поетеса. |
| 1963 | Џејмс ЛаБри, вокалист на Dream Theater. |
| 1966 | Сергеј Станишев, премиер на Бугарија. |
| 1968 | Бобан Бабунски, македонски фудбалер. |
Починале
| 1821 | Наполеон Бонапарт, француски император и војсководец. |
| 1860 | Рене Лалик, француски дизајнер. |
| 1995 | Михаил Ботвиник, руски шахист. |
[уреди] 6 мај
Настани
| 1682 | Луј XIV го преселил својот двор од Лувр во новиот замок Версај. |
| 1889 | Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула во рамките на Универзалната изложба од 1889. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена во парискиот парк Шан де Марс и е висока 320 метри. |
| 1937 | Цепелинот „Хинденбург“ се запалил и изгорел при слетувањето во близина на Њујорк при што загинале 36 луѓе. Оваа несреќа го означила крајот на цепелинот како редовно воздушно превозно средство. |
| 1991 | Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна СФРЈ. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено-поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти. |
| 1994 | Во Мексико на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК. |
| 1994 | Кралицата Елизабета II и претседателот Франсоа Митеран свечено го отвориле тунелот под Ламнанш, железничка врска помеѓу Обединетото Кралство и Франција. |
| 2007 | Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција. |
Родени
| 1501 | Папа Марцелиј II, римски папа. |
| 1848 | Васил Апостолов Икономов, македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиограф. |
| 1856 | Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. |
| 1868 | Николај II, руски цар (убиен 1918.). |
| 1869 | Апостол Петков, македонски револуционер. |
| 1953 | Тони Блер, британски политичар. |
| 1954 | Дора Бакојани, грчка јавна личност. |
| 1961 | Џорџ Клуни, американски актер и режисер. |
Починале
| 1910 | Едвард VII, британски крал. |
| 1945 | Џемаил Хасани, лидер на Бали Комбетар за Западна Македонија. |
| 1949 | Морис Метрлинк, белгиски писател од фламанско потекло. |
| 1991 | Сашо Гешовски, првата жртва од Македонија во воените конфликти во Југославија. |
| 1992 | Марлен Дитрих, прочуена американска филмска актерка од германско потекло. |
| 1993 | Велко Силјаноски, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик. |
[уреди] 7 мај
Настани
| 1755 | На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет, кој првобитно имаше само философски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу стана центар на руската наука. |
| 1838 | Луј Дагер, француски сликар го откри методот на механичко сликање, односно ја пронајде фотографијата. |
| 1929 | За првпат е доделена наградата „Оскар“, што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго. |
| 1939 | Втора Светска војна: Германија и Италија склучија пакт, познат како „Оска Берлин - Рим“. |
| 1993 | Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста. |
| 1999 | Бомбардирана Кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната кампања на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка. |
| 2012 | Владимир Путин по втор пат станува претседател на Русија. |
Родени
| 1833 | Јоханес Брамс, германски композитор, еден од најзначајните романтичари и мајстор на соло песната и лидот. |
| 1840 | Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари на XIX век. |
| 1841 | Гистав Ле Бон, истакнат француски социопсихолог и социолог, основач на дисциплината психологија на толпата и инспирација за Хитлеровото дело „Мојата борба“. |
| 1861 | Рабиндранат Тагоре, индиски поет и философ. |
| 1892 | Јосип Броз - Тито, југословенски револуционер и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. |
| 1919 | Ева Перон, сопруга на претседателот Хуан Перон. |
| 1986 | Евгениј Воронов, руски кошаркари. |
Починале 7 мај (починале)
[уреди] 8 мај
Настани
| 1886 | Фармацевтот Џон Стит Пембертон го изумил газираниот пијалок подоцна наречен „Кока-Кола“. |
| 1898 | Одиграни се првите натпревари од Италијанската фудбалска лига. |
| 1902 | На Мартиник еруптирал вулканот Монт Пеле и го уништил градот Сен-Пјер убивајќи над 30.000 луѓе. Само неколку жители преживеале. |
| 1921 | Во Шведска е укината смртната казна. |
| 1945 | Втора светска војна: Нацистичка Германија капитулира. |
| 1992 | Република Филипини ја призна Република Македонија. |
| 1995 | Република Македонија и Република Сингапур воспоставија дипломатски односи. |
Родени
| 1828 | Жан Анри Динан, швајцарски филантроп, основоположник на Црвениот Крст и на Женевските конвенции. |
| 1858 | Руџеро Леонкавало, италијански композитор. |
| 1884 | Хари Труман, триесет и третиот претседател на САД. |
| 1914 | Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. |
| 1933 | Џемаил Максут, македонски театарски и филмски актер. |
| 1954 | Џон Мајкл Телбот, американски пејач. |
| 1960 | Реџеп Акдаг, министер за здраство на Република Турција. |
| 1975 | Енрике Иглесијас, шпански пејач. |
| 1985 | Александар Каун, руски кошаркар. |
| 1986 | Дарко Соколов, македонски кошаркар. |
Починале
| 615 | Папа Бонифациј IV, римски папа. |
| 685 | Папа Бенедикт II, римски папа. |
| 1794 | Антоан Лавоазје, француски научник и хемичар. |
| 1880 | Гистав Флобер, француски писател. |
| 1891 | Мадам Блаватска, основач на теозофијата и Друштвото на теозофичари. |
| 1905 | Јосип Јурај Штросмајер, римокатолички бискуп, добродетел и политичар од Хрватска. |
| 1907 | Захариас Пападас, деец на грчката воружена пропаганда. |
| 1925 | Тодор Паница, бугарски револуционер. |
| 1945 | Насте Сотироски, партизан од Македонија. |
| 1977 | Тодор Павлов, бугарски комунист. |
| 2012 | Морис Сендак, американски писател за деца и илустратор. |
[уреди] 9 мај
Настани
| 1926 | Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација. |
| 1945 | Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот. |
| 1947 | Во Скопје, во македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на Македонски јазик. Тоа беше операта „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што е запишано на првиот плакат) од Италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. |
| 1978 | Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер, Алдо Моро. |
Родени
| 1825 | Џејмс Колинсон, англиски сликар. |
| 1874 | Хауард Картер, англиски египтолог. |
| 1910 | Љупчо Арсов, македонски револуционер. |
| 1965 | Сергеј Гаиков, руски кану-спринтер. |
| 1977 | Марек Јанкуловски, чешки фудбалер. |
Починале
| 1805 | Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. |
| 1903 | Пол Гоген, француски сликар. |
| 1957 | Вилијам Брадфорд, англиски предводник на основачите на колонијата Плимут во Масачусетс |
| 2010 | Кирил Бујуклиев, македонски поет. |
[уреди] 10 мај
Настани
| 1497 | Италијанскиот морепловец Америго Веспучи тргна на првото патување во новиот свет. Во текот на патувањето, вплови до бреговите на Хондурас и на Бразил и откри нов континент меѓу Европа и Азија, наречен по него Америка. |
| 1877 | Романија прогласува независност од Отоманската Империја |
| 1989 | Алпинистите Димитар Илиевски (35) од Битола, Виктор Грошељ (36) од Љубљана и Стипе Божиќ (37) од Сплит го освоија највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Притоа загина Димитар Илиевски. |
Родени
| 1731 | Виктор Луј, француски архитект, добитник на Римската награда. |
| 1876 | Иван Цанкар, словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист. |
| 1878 | Густав Штрасеман, германски канцелар |
| 1879 | Симон Петљура, украински политички деец. |
| 1899 | Фред Астер, американски филмски артист и танчер. |
| 1949 | Миучи Прада, италијанска модна креаторка. |
| 1957 | Џавит Асани, македонски политичар и поранешен член на ОНА. |
| 1960 | Боно, ирски пејач |
| 1966 | Џонатан Едвардс, англиски атлетичар |
| 1969 | Денис Бергкамп, холандски фудбалер |
| 1980 | Кирил Лазаров, македонски ракометар. |
Починале
| 1774 | Луј XV, француски крал. |
| 1969 | Томо Смилјаниќ - Брадина, македонски и српски етнограф. |
| 1975 | Атанас Великов Атанасов, македонски борец. |
| 1977 | Џоана Крафорд, американска артистка. |
| 1989 | Димитар Илиевски - Мурато, македонски алпинист. |
| 1994 | Клинт Брукс, американски литературен критичар. |
| 2006 | Александар Зиновјев, руски философ, социолог, есеист и литературен сатиричар. |
| 2008 | Лејла Генчер, турска оперска пејачка. |
[уреди] 11 мај
Настани
| 1867 | Со Лондонскиот договор потврдена е независноста и неутралноста на Луксембург. |
| 1946 | Во Милано со концертот на кој диригираше Артуро Тосканини, повторно е отворена миланската Скала. Била изградена во 1778 година, од Џузепе Пермарини и во неа може да присуствуваат 3.000 гледачи. Во неа настапуваа славните Италијански уметници: Енрико Карузо, Тито Руфо, Амелита Гали - Курчи и други. Името го добила според црквата Санта Марија Скала, која се наоѓаше на местото каде што е изградена оваа оперска зграда, која повеќепати е обновувана. |
| 1973 | Долниот дом на Парламентот на Сојузна Република Германија ја потврди спогодбата за воспоставување на односи меѓу двете Германии. Со тоа е заклучен долгогодишниот период на отворено непријателство и непризнавање на Демократска Република Германија како суверена држава. |
| 2010 | Дејвид Камерон станува Премиер на Обединетото Кралство со победата на Конзервативците на парламентарните избори. |
Родени
| 483 | Јустинијан I од Византија, византиски император (†565) |
| 1904 | Салвадор Дали, шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД. |
| 1929 | Гане Тодоровски, македонски поет. |
| 1942 | Ирена, принцеза на Грција. |
| 1953 | Ѓорѓе Балашевиќ, српски пејач и писател. |
| 1964 | Сибила Петлевски, хрватска писателка. |
| 1978 | Летиција Каста, француски модел и актерка. |
| 1986 | Абу Диаби, француски фудбалер. |
Починале
| 1708 | Жил Ардуен Мансар, француски архитект |
| 1916 | Макс Регер, германски композитор, пијанист и музички педагог, претставник на доцниот романтизам. |
| 1949 | Коци Ѕоѕе, македонски комунист. |
| 1976 | Алвар Алто, фински архитект. |
| 2001 | Даглас Адамс, англиски писател. |
| 2003 | Кирил Ќортошев, македонски филмски, тетарски и телевизиски актер и режисер. |
[уреди] 12 мај
Настани
| 1993 | Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Босна и Херцеговина. |
| 1993 | Швајцарија ја призна Република Македонија. |
| 1994 | Со руско посредство, склучено е примирје со што е прекината ерменско - азербејџанската војна во Нагорно-Карабах. |
| 2004 | Бранко Црвенковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија. |
| 2008 | Катастрофален земјотрес од 7,9 степени по Рихтер во централна Кина однесе над 22.000 животи. |
Родени
| 1820 | Флоренс Најтингел, англиска медицинска сестра. |
| 1869 | Карл Шуман, германски спортист. |
| 1707 | Карл фон Лине, шведски ботаничар. |
| 1907 | Кетрин Хепберн, американска артистка. |
| 1914 | Никола Вражалски, македонски правник. |
| 1923 | Атанас Петровски, македонски филмски режисер и продуцент. |
| 1923 | Живко Стефановски, македонски функционер. |
| 1932 | Валтер Вандерли, бразилски органист и пијанист во правците боса нова и лаунџ. |
| 1932 | Дарко Дамески, еден од најистакнатите македонски, театарски, филмски и телевизиски актери. |
Починале
| 1003 | Папа Силвестер II, римски папа. |
| 1012 | Папа Сергиј IV, римски папа. |
| 1860 | Чарлс Бери, англиски архитект. |
| 1884 | Беджих Сметана, чешки композитор и диригент. |
| 1904 | Вангел Георгиев, андартски капетан. |
| 1905 | Атанас Шабанов-Тешовалијата, македонски ајдутин и револуционер. |
| 1995 | Круме Наумовски, македонски првоборец. |
[уреди] 13 мај
Настани
| 1871 | Во Италија е донесен закон со кој на Светата Столица ѝ се дозволува да има седиште во Ватикан. |
| 1901 | Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја формира првата македонска театарска група „Скрб и утеха“. |
| 1961 | Преку ТВ Белград е емитувана првата телевизиска емисија од Студио Скопје, наречена „Балкански концерт“ која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти. |
| 1981 | Атентат врз папата Јован Павле II во Рим. Папата го преживеа атентатот. |
| 1990 | Крвава пресметка меѓу навивачите на загребски Динамо и белградска Црвена Звезда на стадионот Максимир во Загреб. |
| 2001 | Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП со премиер Љубчо Георгиевски. |
Родени
| 1655 | Папа Инокентие XIII, римски папа. |
| 1792 | Папа Пиј IX, римски папа. |
| 1795 | Павел Јозеф Шафарик, словачки и чешки филолог и етнограф. |
| 1840 | Алфонс Доде, француски писател. |
| 1842 | Артур Саливен, познат британски композитор и диригент. |
| 1882 | Жорж Брак, француски сликар. |
| 1934 | Алексо Лозановски, македонски поет и раскажувач. |
| 1941 | Ричи Валенс, американски пејач. |
| 1961 | Денис Родман, американски кошаркар. |
| 1973 | Мери Николова, македонски поет. |
| 1973 | Гордана Вренцоска, македонски графички и моден дизајнер. |
| 1982 | Огучи Ониеву, американски фудбалер. |
| 1986 | Александар Рибак, норвешки пејач. |
Починале 13 мај (починале)
[уреди] 14 мај
Настани
| 1643 | Четиригодишниот Луј XIV станува крал на Франција по смртта на татко му, Луј XIII. Мајка му Ана Австриска станува регент до неговото полнолетство. |
| 1948 | Прогласена е независната држава Израел. Арапските соседи веднаш ја напаѓаат, со што започнува Војната за независност. |
| 1955 | Седум комунистички земји и СССР потпишуваат договор за меѓусебна одбрана познат како Варшавски договор. |
| 1999 | Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авиони на НАТО погодија колона со бегалци на Косово. Загинаа 87 лица. |
Родени
| 1727 | Томас Гејнсборо, познат англиски портретист и пејзажист |
| 1771 | Роберт Овен, англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам. |
| 1919 | Аврам Садикарио, македонски поет. |
| 1964 | Росен Плевнелиев, бизнисмен и политичар од Бугарија. |
| 1981 | Димитар Мираковски, македонски кошаркар. |
| 1984 | Марк Цукерберг, основач на Facebook. |
| 1985 | Михаил Николаевич Кузнецов, руски слалом-кајакар. |
Починале
| 649 | Папа Теодор I, римски папа. |
| 964 | Папа Јован XII, римски папа. |
| 1610 | Анри IV, француски крал. |
| 1643 | Луј XIII, француски крал. |
| 1912 | Аугуст Стриндберг, шведски писател (р. 1849) |
| 1991 | Аладар Геревич, унгарски мечувалец. |
| 1998 | Френк Синатра, американски пејач и глумец (р. 1915) |
[уреди] 15 мај
Настани
| 1926 | Во Загреб проработи првата среднобранова радиостаница на Балканот. |
| 1957 | Велика Британија ја изврши првата термонуклеарна проба во централен Пацифик. |
| 1988 | По осум години војна, Советската армија го започна своето повлекување од Авганистан. |
| 1992 | Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија. |
| 1992 | Нападнат воен конвој на ЈНА во Тузла, Босна и Херцеговина. Убиени 49 војници. |
| 1995 | Кај селото Богомила, велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна. |
| 2012 | Франсоа Оланд станува претседател на Франција. |
Родени
| 1859 | Пјер Кири, француски физичар и хемичар. |
| 1862 | Артур Шницлер, австриски писател и доктор. |
| 1864 | Ватрослав Облак, словенечки и австриски лингвист, славист и македонист. |
| 1864 | Димитар Матов, македонски фолклорист и етнограф. |
| 1864 | Захарија Шумљанска, македонски револуционер. |
| 1915 | Виктор Аќимовиќ, југословенски и македонски публицист. |
| 1920 | Мелих Џевдет Андај, турски поет, романсиер, есеист, драмски автор. |
| 1937 | Медeлин Олбрајт Kорбел, државен секретар на САД. |
| 1942 | Ристо Јачев, македонски писател. |
| 1956 | Мурат Јашари, поранешен член на ОНА. |
| 1959 | Ратомир Грозданоски, македонски теолог. |
| 1964 | Маја Иванова, првата Дама на Македонија. |
| 1965 | Џезаир Шаќири, македонски политичар и поранешен член на ОНА. |
Починале
| 1634 | Хендрик Аверкамп, пејзажист од „златното доба на холандската уметност“ |
| 1987 | Рита Хејворт, американска актерка. |
| 1994 | Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија. |
[уреди] 16 мај
Настани
| 1795 | Филип Пинел, француски природонаучник и лекар за душевни болести, во париската болница „Салпетриер“, отвори прво одделение за душевни болести. |
| 1943 | Германските нацисти го задушија востанието, кое на 19 април 1943 година почна во Варшавското гето, едно од најголемите што за Евреите го изгради хитлеровата власт по окупацијата на Полска. Од 70.000 жители во гетото загинаа 13.000. Се спасија само околу 80-тина жители. |
| 1974 | Собранието на СФРЈ го прогласи Јосип Броз Тито за доживотен претседател на државата. |
| 2007 | Николас Саркози ја презеде претседателската функција во Франција. |
Родени
| 1611 | Папа Инокентие XI, римски папа. |
| 1883 | Џелал Бајар, Претседател на Турција. |
| 1898 | Десанка Максимовиќ, српска поетеса († 1993.) |
| 1898 | Растко Петровиќ, српски поет, патеписец и дипломат. |
| 1905 | Хенри Фонда, американски филмски актер. |
| 1927 | Павлина Апостолова, македонска оперска певица. |
| 1928 | Петар Костов, македонски раскажувач, романсиер и драмски автор. |
| 1924 | Дауд Џавара, гамбиски државник. |
| 1953 | Пирс Броснан, ирски глумец. |
| 1954 | Зоран Анчевски, македонски поет, есеист и преведувач. |
| 1964 | Решат Ахмети, македонски академски сликар. |
| 1966 | Џенет Џексон, американска пејачка. |
| 1970 | Габриела Сабатини, аргентинска тенисерка. |
| 1973 | Тори Спелинг, американска глумица. |
| 1974 | Лаура Паузини, италијанска поп пејачка |
| 1986 | Меган Фокс, американски модел и актерка. |
Починале
| 1830 | Жозеф Фурје, француски математичар и физичар. |
| 1926 | Мехмед VI, последниот отомански султан. |
| 1943 | Илија Антевски - Смок, припадник на напредното студентско и комунистичко движење на Македонија. |
| 1985 | Жан Дифибе, вајар и архитект, еден од најзначајните француски сликари по Втората светска војна. |
[уреди] 17 мај
Настани
| 1973 | Специјалниот сенаторски комитет во САД, ја започна истрагата за аферата „Вотергејт“, во која беше вмешан и тогашниот американски претседател, Ричард Никсон. |
| 1994 | Во Малави се одржуваат првите повеќепартиски избори. |
| 1994 | Во Скопје е отворен Првиот меѓународен саем на книги и либрографика. |
Родени
| 1749 | Едвард Џенер, пронаоѓач на вакцината против големи сипаници. |
| 1836 | Вилхелм Штајниц, австриски шахист. |
| 1886 | Алфонсо XIII, шпански крал. |
| 1904 | Жан Габен, француски филмски и театарски артист. |
| 1924 | Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по философија на Филозофскиот факултет во Скопје. |
| 1931 | Георги Христов, македонски писател од Бугарија. |
| 1939 | Александар Смилевски, македонски архитект. |
| 1940 | Рејнатo Пуно, Врховен судија на Филипините. |
| 1947 | Никола Донев, југословенски и македонски одбојкар. |
| 1962 | Неждет Мустафа, македонски политичар. |
| 1969 | Кристина Николовска, македонски поет. |
| 1984 | Игор Денисов, руски фудбалер. |
| 1987 | Едвалд Боасон Хаген, норвешки велосипедист. |
Починале
| 1727 | Катерина I, руска императорка. |
| 1395 | Крале Марко, македонски феудален владетел, крал и легендарен јунак од усното народно творештво. |
| 1886 | Џон Дир, американскиот инженер. |
| 1905 | Ламбринос Вранас, андартски капетан. |
| 1984 | Ирвин Шо, американски раскажувач и драмски писател. |
| 1985 | Нешо Марковски, македонски новинар. |
[уреди] 18 мај
Настани
| 1925 | Извршен е масакр во пиринското село Дабница врз локалното население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. |
| 1954 | Стапи во сила Европската конвенција за човекови права. |
| 1974 | Индија изврши прва нуклеарна проба во пустината во Раџастан, со што стана шеста држава која изврши нуклеарен тест. |
| 1977 | Во Москва за време на Дванаесеттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај е прогласен за Меѓународен ден на музеите. |
| 1980 | Стотици илјади луѓе ја презедоа контролата над јужнокорејскиот град Квангџзу, по немирите во кои единиците на воената хунта убија најмалку двесте продемократски демонстранти. |
Родени
| 1711 | Руѓер Бошковиќ, физичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат. |
| 1814 | Михаил Бакунин, руски револуционер. |
| 1872 | Бертранд Расел, англиски филозоф. |
| 1872 | Јане Сандански, македонски револуционер. |
| 1899 | Душан Недељковиќ, српски философ и етнолог. |
| 1908 | Карл Колдевеј, германски поларен истражувач. |
| 1914 | Борис Христов, бугарски оперски пеач. |
| 1920 | Јован Павле II, римски папа. |
| 1934 | Петар Ширилов, македонски раскажувач. |
| 1935 | Иван Доровски, македонски и чешки поет. |
| 1962 | Сандра Крету, германска пејачка и текстописец. |
| 1978 | Тор Хушовд, норвешки велосипедист. |
| 1979 | Благој Нацоски, македонски оперски пејач. |
| 1980 | Ана Угриновска, македонска кајакарка. |
| 1986 | Алексеј Жуканенко, руски кошаркар. |
Починале
| 526 | Папа Јован I, римски папа. |
| 1799 | Пјер Огистен Карон де Бомарше, француски писател. |
| 1800 | Александар Суворов, руски кнез и генералисимус |
| 1908 | Карл Колдевеј, германски поларен истражувач. |
[уреди] 19 мај
Настани
| 1906 | Официјално е отворен тунелот Симплон под Алпите меѓу Италија и Швајцарија, долг 19,77 километри. |
| 1990 | Во Велес е формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година е примено во најпознатите европски и светски асоцијации. |
Родени
| 1762 | Јохан Готлиб Фихте, германски идеалистички философ |
| 1890 | Нгујен Тат Тан, познат како Хо Ши Мин, претседател на ДР Виетнам од 1945 до неговата смрт во 1969 година. |
| 1975 | Лазар Поповски, македонски кајакар. |
| 1977 | Мануел Алмунија, шпански фудбалски голман. |
| 1979 | Андреа Пирло, италијански фудбалер. |
| 1980 | Жарко Кујунџиски, македонски прозаист и драмски автор. |
| 1984 | Ндерим Неџипи, македонски фудбалер. |
Починале
| 1296 | Папа Целестин V, римски папа. |
| 1536 | Ана Болејн, кралица на Англија. |
| 1825 | Клод Анри Сен Симон, француски социјалист, утопист и философ. |
| 1864 | Натаниел Хоторн, американски писател. |
| 1994 | Жаклина Кенеди Оназис, поранешна американска „прва дама“, сопруга на претседателот на САД Џон Кенеди. |
[уреди] 20 мај
Настани
| 1875 | Во Париз се одржала дипломатска конференција за метарот, на која е основано Меѓународното биро за тегови и мерки. Со тоа започнало средувањето на безредието во областа на на мерните единици на одделни физички големини. |
| 1876 | Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ. |
| 1926 | Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија. |
| 1990 | Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас. |
Родени
| 1799 | Оноре де Балзак, француски писател, автор на околу стотина книги со повеќе од две илјади ликови. |
| 1875 | Парашкев Цветков, бугарски револуционер. |
| 1908 | Џејмс Стјуарт, американски актер. |
| 1946 | Шер, американска пејачка. |
| 1962 | Александар Дедјушко, руски театарски и филмски глумец. |
| 1967 | Павлe, принц на Грција. |
| 1985 | Николај Липкин, руски кануист-спринтер. |
Починале
| 1277 | Папа Јован XXI, римски папа. |
| 1506 | Кристофер Колумбо. |
| 1622 | Осман II, отомански султан |
| 1940 | Вернер фон Хејденстам, истакнат шведски поет и нобеловец. |
| 1981 | Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. |
| 2002 | Стивен Џеј Гулд, американски палеонтолог, еволуционист и историчар на науката. |
[уреди] 21 мај
Настани
| 996 | Шеснаесетгодишниот Ото III е прогласен за Свет Римски Император. |
| 1871 | Француската војска ги нападнала бунтовниците на Париската комуна и ги совладала по еднонеделни улични борби во Париз. Околу 30.000 комунари биле убиени. |
| 1881 | Основан е Американскиот Црвен Крст од страна на Клара Бартон. |
| 1904 | Во Париз, основана е меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА. |
| 1927 | Американскиот пилот Чарлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет. |
| 1932 | Прво прелетување на Атлантикот од страна на жена. (Амелија Ерхарт, која поради лошо време слетала во Ирска) |
| 1945 | Венчавка на американските актери Хемфри Богарт и Лорин Бекол. |
| 1956 | Американците ја исфрлија првата хидрогенска бомба во Пацификот. |
| 1992 | Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро. |
| 2003 | Катастрофален земјотрес го погодува северен Алжир, убивајќи повеќе од 2,000 лица. |
| 2006 | На референдум во Црна Гора граѓаните се изјаснуваат за независност од СР Југославија.
|
Родени
| 1471 | Албрехт Дирер, германски сликар и гравер. |
| 1527 | Филип II, шпански крал. |
| 1688 | Александар Поуп, англиски поет. |
| 1792 | Гистав - Гаспар де Кориолис, француски математичар. |
| 1921 | Андреј Сахаров, советски физичар, дисидент и нобеловец |
| 1923 | Васко Караџа, македонски писател. |
| 1968 | Јован Манасиевски, претседател на Либерално демократската партија. |
| 1988 | Адел, англиска пејачка. |
Починале
| 1471 | Хенри VI, англиски крал. |
| 1903 | Парашкев Цветков, бугарски револуционер. |
| 1991 | Раџив Ганди, индиски премиер |
| 1998 | Манол Пандевски, македонски историчар. |
| 2002 | Слободан Мицковиќ, македонски есеист, критичар, романсиер и преведувач. |
[уреди] 22 мај
Настани
| 1819 | Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Ова е првиот параброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот. |
| 1918 | Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град. |
| 1947 | Хари Труман потпишал акт со кој на Грција и се дава воена и економска помош за борбата против комунизмот. Оваа помош овозможила пресврт во граѓанската војна во Грција, и како резултат на тоа, егзодус на македонците од северна Грција. |
| 1972 | Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка. |
| 2012 | Отворена за јавноста радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“, втора највисока градба во светот. |
Родени
| 1813 | Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во втората половина на 19 век. |
Починале
| 1564 | Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква. |
| 1885 | Виктор Иго, француски писател, основач на францускиот романтизам во 19 век. |
[уреди] 23 мај
Настани
| 1514 | Во Унгарија почна селанската буна под водство на благородникот Ѓерѓ Дож. Унгарските селани кои бараа враќање на „старите права“, по четиримесечни борби зазедоа поголем дел од територијата. Војската на Дож беше разбиена кај Темишвар, а загинаа околу 70.000 востаници. Ѓерѓ Дож беше свирепо убиен. | |
| 1805 | Наполеон Бонапарта бил крунусан за цар на Италија во Миланската катедрала | |
| 1877 | Романија прогласува независност од Османлиската империја | |
| 1905 | Со ираде - указ на турскиот султан Абдул Хамид II, Власите се признати како посебен народ во Отоманското царство. Организациите на Власите на Балканот го слават овој ден како Национален ден на Власите. | |
| 1945 | Главниот заповедник на Шуцштафел, Хајнрих Химлер се самоубива | |
| 1949 | Создадена е Западна Германија | |
| 1962 | Властите во Израел соопштија дека е уапсен поранешниот нацист, Адолф Ајхман, на кој ќе му се суди како на воен злосторник. | |
| 1988 | Мишел Платини се повлекува од фудбалот | 1992 |
| 1994 | Во Струга, во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија, почна Првата македонска универзијада. | |
| 1995 | Република Македонија и Украина воспоставија дипломатски односи. | |
| 1995 | Сан Мајкросистемс (Sun Microsystems) го претстави програмскиот јазик Јава. |
Родени
| 1951 | Анатолиј Карпов, руски шаховски велемајстор и светски првак. |
| 1972 | Рубенс Баричело, бразилски возач на Формула 1. |
Починале
| 1906 | Хенрик Ибзен, норвешки писател и драматург. |
| 1994 | Џо Пас, прославен американски џез-гитарист |
| 2010 | Гане Тодоровски, македонски поет, преведувач, професор, есеист, литературен критичар, историчар и публицист. |
[уреди] 24 мај
Настани
| 1218 | Магнус III станува крал на Шведска |
| 1832 | Грција станува кралство |
| 1833 | Во Њујорк официјално е пуштен во употреба Бруклинскиот мост |
| 1881 | Османлиската империја ги предоставува Тесалија и Арта на Грција |
| 1915 | Прва Светска војна: Италија објавува војна на Австро-Унгарија |
| 1928 | Професорот на Лондонскиот универзитет, Александар Флеминг, го пронајде пеницилинот, прв антибиотик, ефикасен лек против многу болести. |
| 1940 | Јосиф Бродски, руски поет, добитник на Нобеловата награда за литература. |
| 1954 | Во Скопје, на сцената на скопската опера е изведена првата македонска национална опера „Гоце“, од македонскиот композитор Кирил Македонски. |
| 1961 | Кипар станува член на Советот на Европа |
| 1994 | Во стампедо на муслиманските аџии во Мека, во Саудиска Арабија загинаа 270 лица. |
| 1996 | Во Штип е поставен камен-темелникот на црквата „Свети Кирил и Методиј“. |
| 2000 | Израел ја прекинува дваесетидвегодишната окупација на Јужен Либан |
| 2002 | Русија и САД го потпишуваат Московскиот договор познат како СОРТ |
Родени
| 1734 | Жан Пол Мара, познат француски револуционер, еден од водачите на француската буржоаска револуција. |
| 1905 | Михаил Шолохов, еден од најголемите руски прозаисти. |
| 1956 | Лилјана Поповска, македонска политичарка. |
Починале
| 1543 | Никола Коперник, полски астроном. |
[уреди] 25 мај
Настани
| 1810 | Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година. |
| 1850 | Во лондонската зоолошка градина пристигна Обајш, првиот нилски коњ кој бил донесен во Европа. |
| 1895 | Британскиот писател Оскар Вајлд е осуден на две години затвор поради хомосексуалност. |
| 1911 | Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата. |
| 1946 | Парламентот на Трансјорданија го прогласува емирот Абдула I за крал. |
| 1958 | Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали „Силика“. |
| 1963 | Во Адис Абеба заврши Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишаа Договор за создавање Организација на африканско единство. |
| 1979 | Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот „ДЦ-10“ на „Американ ерлајн“, при што загинаа 272 патници и членови на екипажот. |
| 1985 | Во Бангладеш, од тропски циклон загинуваат околу 100.000 жители |
| 1985 | Српската академија на науките и уметностите одлучува да создаде меморандум за политичката, економската, и културната положба на српскиот народ во СФРЈ. |
| 1997 | Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви. |
| 2002 | Авионаска несреќа на кинески авион во Тајван. Загинуваат 225 патници. |
| 2002 | Никола Груевски станува претседател на ВМРО-ДПМНЕ |
Родени
| 1802 | Јохан Фридрих фон Брант, германски зоолог. |
| 1803 | Ралф Валдо Емерсон, американски предавач, есеист и поет. |
| 1848 | Хелмут фон Молтке, германски военачалник. |
| 1875 | Петар Дрвингов, полковник во бугарската армија и историчар. |
| 1887 | Свети Пио, капуцински католички свештеник од Италија. |
| 1902 | Стале Попов, македонски писател. |
| 1948 | Булент Аринч, турски политичар. |
| 1952 | Петар Стојанов, претседател на Бугарија. |
| 1963 | Рисима Рисимкин, македонска балерина и кореограф. |
| 1964 | Тахир Синани, поранешен член на ОНА. |
| 1967 | Фехим Хусковиќ, македонски академски сликар. |
| 1976 | Сандра Насиќ, германска пејачка, вокалистка на групата Guano Apes. |
Починале
| 1085 | Папа Григур VII, римски папа. |
| 1261 | Папа Александар IV, римски папа. |
| 1926 | Симон Петљура, украински политички деец. |
| 1944 | Манчу Матак, македонски комунистички деец и народен херој. |
| 2001 | Алберто Корда, кубански фотограф, познат по неговата фотографија "Guerrillero Heroico" на марксистичкиот револуционер Че Гевара. |
[уреди] 26 мај
Настани
| 1882 | Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест - тубекулин. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина. |
| 1972 | Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското нуклеарно вооружување. |
| 1994 | Весникот на албански јазик „Флака е влазеримит“ почна да излегува како дневен весник. |
Родени
| 1478 | Папа Климент VII, римски папа. |
| 1566 | Мехмед III, отомански султан. |
| 1799 | Александар Пушкин, руски поет и писател († 1837.). |
| 1907 | Џон Вејн, американски глумец. |
| 1939 | Витали Галков, руски кану-спринтер. |
| 1964 | Лени Кравиц, американски музичар. |
| 1967 | Кевин Мур, клавијатурист на групатљ Dream Theater. |
| 1971 | Мет Стоун, американски продуцент. |
Починале
| 1421 | Мехмед I, отомански султан. |
| 1512 | Бајазит II, отомански султан (р. 1447.). |
| 1917 | Борис Дрангов, бугарски офицер. |
[уреди] 27 мај
Настани
| 1703 | Рускиот цар Петар Велики, на утоката на реката Нева, во Балтикот, основа град, кој според него е наречен Санкт Петербург (до 1914 г.), Петроград (до 1924 г.), Ленинград (до 1992 г.), а потоа повторно Санкт Петербург. Од 1712 до 1918 г. градот бил престолнина на Царска Русија. |
| 1957 | Пуштен е во погон првиот агрегат на ХЕЦ „Вруток“. |
| 1996 | Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори. |
Родени
| 1878 | Исидора Данкан, позната северноамериканска балерина, сопруга на рускиот поет Сергеј Есенин. |
| 1907 | Рејчел Карсон, американски зоолог и биолог. |
| 1912 | Кирил Миљовски, македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје. |
| 1947 | Душан Николовски, македонски рударски инженер. |
| 1974 | Емруш Сума, поранешен член на ОНА. |
| 1973 | Никола Маџиров, македонски поет, есеист и преведувач. |
Починале
| 1840 | Николо Паганини, италијански композитор и виолинист. |
| 1964 | Џавахарлал Нехру, државник, симбол на новата Индија. |
[уреди] 28 мај
Настани
| 1882 | Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест - тубекулин. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина. |
| 1972 | Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското нуклеарно вооружување. |
| 1994 | Весникот на албански јазик „Флака е влазеримит“ почна да излегува како дневен весник. |
Родени
| 1524 | Селим II, отомански султан. |
| 1805 | Илија Марков - Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода во втората половина на 19 век. |
| 1822 | Дедо Иљо Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода, во втората половина на 19-тиот век, кој учествуваше во битките против Турците. |
| 1888 | Џим Торп, американски спортист. |
| 1889 | Рихард Рети, чехословачки шаховски велемајстор. |
| 1893 | Мина Виткојц, германски поет. |
| 1903 | Маргарит Моно, француски текстописец и композитор. |
| 1925 | Булент Еџевит, премиер на Турција. |
| 1972 | Филип Петровски, македонски политички активист и библиотекар. |
Починале
| 1598 | Валаам, охридски архиепископ. |
| 1787 | Леополд Моцарт, австриски композитор. |
| 1805 | Лујџи Бокерини, италијански композитор и виолончелист. |
| 1937 | Алфред Адлер, австриски лекар. |
| 1990 | Вилхелм Вагенфелд, германски индустриски дизајнер. |
| 1995 | Исак Сион, учесник во НОБ. |
[уреди] 29 мај
Настани
| 1453 | Турскиот султан Мехмед II успева по скоро двомесечна опсада да го освои Константинопол, по што градот претрпел уште едно пљачкосување и разурнување. |
| 1953 | Сер Едмунд Хилари и шерпасот Тенсинг Норкај први во историјата на човештвото се искачија на највисокиот врв на земјата, „покривот на светот“ Монт Еверест, висок 8.848 метри. |
| 1996 | Република Македонија во Хелсинки и формално пристапи кон Завршниот документ на Конференцијата за европска безбедност и соработка. |
| 1996 | Во Будимпешта, Република Македонија е примена за рамноправна членка на Европската конференција за транспорт - ЦЕМТ. |
Родени
| 1439 | Папа Пиј III, римски папа. |
| 1917 | Џон Кенеди, претседател на САД. |
| 1923 | Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија. |
| 1927 | Димитрие Османли, македонски дипломиран филмски и театарски режисер. |
| 1934 | Есад Бајрам, македонски поет. |
| 1940 | Таихо Коки, јапонски сумо борач. |
| 1965 | Саша Митрев, македонски професор. |
| 1971 | Зоран Витанов, македонски политичар и економист. |
| 1971 | Габриела Конеска Трајковска, вицепремиер на Македонија. |
| 1977 | Масимо Амброзини, италијански фудбалер. |
| 1980 | Антон Рјаков, узбекистански русин кану-спринтер. |
| 1981 | Андреј Аршавин, руски фудбалер. |
Починале
| 1453 | Константин XI Палеолог - Последниот римски (византиски) император. Легендата вели дека кога османлиите влегле во Константинопол, еден ангел го спасил императорот и го сместил во пештера под Златната порта, каде тој ќе чека да биде вратен во живот кога Константинопол повторно ќе стане христијански град. |
| 1982 | Роми Шнајдер, австриска филмска артистка. |
[уреди] 30 мај
Настани
| 1498 | Кристофер Колумбо, шпански морепловец со Италијанско потекло со шест бродови исплови од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во новиот свет, за време на кое ги откри Тринидад и брегот на Јужна Америка. |
| 1973 | Западна Германија и Чехословачка постигнаа Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји. |
| 1981 | Во Бангладеш во обидот за државен удар, убиен е претседателот Аиаур Рахман. |
| 1998 | Во земјотресот, што ја зафати северната авганистанска провинција Тахар, загинаа најмалку три илјади лица. |
Родени
| 1220 | Александар Невски, голем принц на Новгород и Владимир и руски светец. |
| 1845 | Амадеј I, крал на Шпанија. |
| 1876 | Владимир Назор, хрватски писател. |
| 1896 | Хауард Хокс, американски филмски режисер. |
| 1922 | Александар Матковски, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист. |
| 1928 | Густав Леонхарт, холандски клавијатурист и диригент |
| 1932 | Хозе Мело, филипински правник. |
| 1934 | Алексеј Леонов, советски космонаут. |
| 1936 | Димитар Димитров, македонски поет. |
| 1937 | Љубиша Георгиевски, македонски политичар и филмски режисер. |
| 1949 | Симјон Симев, македонски поет. |
| 1950 | Саво Костадиновски, македонски поет. |
| 1950 | Бертранд Делано, градоначалник на Париз. |
| 1951 | Здравко Чолиќ, босанско-српски поп-пејач. |
| 1964 | Венко Андоновски, македонски писател. |
| 1973 | Лариса Косорукова, израелска кануиста-спринтер. |
| 1981 | Девендра Банхарт, фолк рок пејач-текстописец и музичар. |
Починале
| 1431 | Јованка Орлеанка (Жан Д' Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 - 1453.). |
| 1574 | Шарл IX, француски крал. |
| 1594 | Балинт Балаши, ренесансен лирски поет, основач на модерната унгарска лирика. |
| 1640 | Петар Паул Рубенс, фламански сликар. |
| 1744 | Александар Поуп, англиски поет. |
| 1778 | Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. |
| 1905 | Боривоје Јовановиќ-Брана, војвода на Српскиот комитет на четничката акција. |
| 1918 | Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог. |
[уреди] 31 мај
Настани
| 1942 | Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители. |
| 1961 | Јужна Африка се прогласи за република, за претседател на ЈАР е избран Чарлс Робертс Сварт, а државата го напушти Британскиот комонвелт. |
| 1962 | Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните извршители на Хитлеровото „конечно решение“ на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе. |
| 1991 | Во Лисабон е потпишан мировен Договор за Ангола, според кој, по околу 16 години заврши граѓанската војна во таа африканска земја. |
Родени
| 1656 | Марен Маре, француски композитор за виола да гамба |
| 1872 | Јане Сандански, истакнат македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО и доследен следбеник на Гоцевите идеи. |
Починале
| 1594 | Јакопо Робусти Тинторето, Италијански сликар. |
| 1809 | Франц Јозеф Хајдн, австриски композитор. |
| 1962 | Адолф Ајхман, нацистичкиот злосторник, обесен после судскиот процес во кој е утврдено дека е виновен за смртта на шест милиони луѓе. |
Ова е Архивата на рубриката „На денешен ден...“
Истата има започнато да функционира на 25 јуни 2007.
[уреди] 1 април
Настани
| 527 | Византискиот император Јустин I го именувал својот внук Јустинијан I за ко-владетел и наследник на престолот. |
| 1826 | Семјуел Мори го патентирал моторот со внатрешно согорување. |
| 1951 | Формиран е Архивот на Македонија - Ден на архивистите на Македонија. |
| 1976 | Стив Џобс и Стив Возњак ја формираат компанијата Епл (Apple). |
| 1826 | Семјуел Мори го патентирал моторот со внатрешно согорување. |
| 2001 | Холандија станала првата земја во светот што го озаконила бракот меѓу исти полови. |
| 2001 | Поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија Слободан Милошевиќ се предал на специјалната полиција за да одговара за обвиненијата за воени злосторства пред меѓународниот трибунал во Хаг. |
| 2002 | Холандија станала првата земја што ја легализирала евтаназијата. |
Родени
| 1578 | Вилијам Харвеј, англиски доктор |
| 1755 | Жан Антелм Брија-Саварен, француски гастроном и писател. |
| 1815 | Ото фон Бизмарк, прв канцелар на обединета Германија во 1871 година. |
| 1868 | Едмонд Ростан, француски неороматичарски поет и драмски писател. |
| 1873 | Сергеј Василевич Рахманинов, руски композитор, пијанист и диригент. |
| 1908 | Абрахам Маслов, американски психолог |
| 1920 | Наум Наумовски - Борче, народен херој на Македонија. |
| 1924 | Миодраг Петровиќ - Чкаља, српски актер и комичар. |
| 1929 | Милан Кундера, чешки писател |
Починале
| 1917 | Скот Џоплин, истакнат американски композитор, наречен „Крал на регтајмот“ |
[уреди] 2 април
Настани
| 1453 | Во понеделник (втор ден на Велигден) на 2 мај Мехмед II Освојувачот ја започнува опсадата на Константинопол. Градот ќе падне во рацете на османлиите на 29 мај истата година. |
| 1792 | Озаконет е доларот како парична единица во САД. |
| 1975 | Завршена е ЦН Кулата во Торонто, Канада која во тоа време била највисоката градба на светот со 533,33 метри. |
| 1982 | Аргентина извршила инвазија на Фолкландските острови што го означил почетокот на Фолкландската војна помеѓу Обединетото Кралство и Аргентина. Војната завршила по два и пол месеци, на 14. јуни истата година со пораз на Аргентина и повлекување од островите. |
Родени
| 742 | Карло Велики, франкски крал и император. |
| 1527 | Абрахам Ортелиус, белгиски картограф и географ. |
| 1725 | Џакомо Казанова, италијански авантурист, писател и најпознат заводник во историјата. |
| 1805 | Ханс Кристијан Андерсен, дански баснописец. |
| 1827 | Вилијам Холман Хант, англиски предрафаелитски сликар. |
| 1840 | Емил Зола, француски писател, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста. |
| 1841 | Клеман Адер, француски инженер и пронаоѓач. |
| 1941 | Ѓорѓи Здравев, македонски етнолог и костимограф. |
| 1976 | Игор Ѓузелов, македонски фудбалер. |
| 1982 | Марко Амелија, италијански фудбалски голман. |
Починале
| 1791 | Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник. |
| 1872 | Семјуел Морзе, северноамерикански сликар и пронаоѓач. |
| 1905 | Цено Куртев, бугарски подофицер. |
| 1907 | Мише Развигоров, македонски револуционер. |
| 2005 | Карол Војтила, римокатолички свештеник, кој под името Јован Павле Втори во 1978 година, по 455 години, стана првиот папа кој не потекнува од Италија. |
| 2008 | Јозо Т. Бошковски - Јон, македонски поет. |
[уреди] 3 април
Настани
| 1789 | Прославениот војсководец Џорџ Вашингтон положи заклетва и така стана прв претседател на САД, новата држава на северноамериканскиот континент. |
| 1917 | Владимир Илич Ленин се вратил во Русија од прогонство и застанал на чело на Руската револуција од 1917. Пред болшевичките водачи го претставил својот реферат „За задачите на пролетаријатот во сегашната револуција“ познат и како „Априлски тези“. |
| 1945 | Во Скопје, со изведувањето на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар. |
| 1948 | Претседателот на САД Хари Труман го потпишал Маршаловиот план со кој ја овластил помошта на САД од 5 милијарди долари за обновата на 16 европски земји по Втората светска војна. |
| 1973 | Во Њу Јорк, САД е воспоставен првиот телефонски повик од мобилен телефон. |
| 1986 | IBM го претставил новиот производ PC Convertible, првиот преносен сметач со димензии слични на денешните. |
| 2008 | И покрај решеноста на останатите 25 членки, Грција го спречи приклучувањето на Македонија кон НАТО, оправдувајќи го овој потег со потребата за подобрување на соседските односи со решавање на спорот со името на Македонија. |
Родени
| 1461 | Ана де Божу, француска принцеза, ќерка на Луј XI. |
| 1922 | Дорис Деј, американска актерка. |
| 1924 | Марлон Брандо, американски актер († 2004.). |
| 1930 | Хелмут Кол, поранешен канцелар на Германија. |
| 1932 | Јован Ивањин, македонски поет и романсиер. |
| 1943 | Зоран Ковачевски, македонски прозаист. |
| 1958 | Алек Болдвин, американски актер. |
| 1961 | Еди Марфи, американски актер и комичар. |
| 1985 | Леона Луис, британска поп пејачка. |
Починале
| 1171 | Филип од Наблус, седмиот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари. |
| 1287 | Папа Хонориј IV, римски папа. |
| 1862 | Џејмс Кларк Рос, британски поморски истражувач. |
| 1882 | Џеси Џејмс, американски разбојник (р. 1847). |
| 1897 | Јоханес Брамс, германски композитор, пијанист и диригент. |
| 1990 | Сара Вон, американска џез пејачка (р. 1924). |
| 1897 | Греам Грин, англиски писател (р. 1904). |
[уреди] 4 април
Настани
| 1905 | Во Индија земјотрес во близина на Кангра однел најмалку 20.000 животи. |
| 1945 | Втората светска војна заврши на територијата на Унгарија, од каде што Црвената армија ги протера германските војски. |
| 1945 | Во Скопје излезе првиот број на весникот „Флака е влазеримит“ („Пламен на братството“), прво гласило на албански јазик во Македонија. |
| 1949 | Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишаа Северноатлантскиот пакт (НАТО), со кој е создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници. |
| 1968 | Борецот за правата на американците со афричко потекло, Мартин Лутер Кинг е убиен во Мемфис, САД. |
| 1969 | Во Хјустон, САД е извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Пациентот умрел по четири дена. |
| 1973 | Во Њу Јорк, САД официјално e отворен Светскиот трговски центар, целосно разурнат во терористичките напади на Ал-Каеда од 11. септември 2001. |
| 1975 | Мајкрософт е основан од Бил Гејтс и Пол Ален. |
| 1994 | Марк Андерсен и Џим Кларк го основале Нетскејп. |
Родени
| 186 | Каракала, римски император (п. 217). |
| 1640 | Гаспар Санз, шпански композитор. |
| 1846 | Лотреамон, француски поет. |
| 1884 | Исороку Јамамото, воен адмирал, јапонски поморски командант (п. 1943). |
| 1927 | Томе Момировски, македонски раскажувач. |
| 1932 | Антони Перкинс, американски актер (п. 1992). |
| 1932 | Андреј Тарковски, руски режисер и сценарист (п. 1986). |
| 1947 | Салваторе Шарино, италијански композитор. |
| 1964 | Аким Селмани, поранешен член на ОНА. |
| 1976 | Емерсон, бразилскли фудбалер. |
| 1979 | Хит Леџер, австралиски глумец (п. 2008). |
Починале
| 1617 | Џон Непер, шкотски математичар (р. 1550). |
| 1929 | Карл Бенц, германски автоконструктор, пронаоѓач и инженер (р. 1844). |
| 1931 | Андре Мишлен, француски индустријалец, производител на автомобилски гуми (р. 1853). |
| 1968 | Мартин Лутер Кинг, американски борец за граѓански права и мир (р. 1929). |
| 1988 | Славјанка Влахчева, прва современа медицинска сестра во Македонија. |
[уреди] 5 април
Настани
| 1942 | Во екот на Втората Светска војна Јапонија ја нападнала Шри Ланка. |
| 1654 | Со мирот во Вестминстер заврши Првата Англо-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скрши холандската надмоќност на море. |
| 1955 | Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на британската дипломатија Ентони Идн. |
| 1989 | Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа што означи крај на меѓусебниот десетгодишен конфликт. |
| 1992 | Српските сили воспоставиле опсада на Сараево. Градот останал под опсада до 29 февруари 1996, што е најдолгата опсада во современата воена историја. |
| 1998 | Најдолгиот висечки мост на светот, мостот Акаши-Каикио во Јапонија, е отворен за сообраќај. |
| 1999 | Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион „Боинг 747“ над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица. |
Родени
| 1568 | Папа Урбан VIII, римски папа. |
| 1588 | Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. Познат е по максимата „Човек на човека му е волк“ (п. 1679). |
| 1899 | Винсент Фереира Пастиња, мајстор по афро-бразилската боречка вештина капуера. |
| 1900 | Спенсер Трејси,американски филмски актер. |
| 1908 | Херберт фон Карајан, австриски диригент (п. 1989.). |
| 1908 | Бети Дејвис, американска актерка. |
| 1947 | Благој Истатов, македонски фудбалер. |
| 1947 | Глорија Макапагал-Аројо, претседател на Филипините. |
| 1958 | Глигор Бишев, мскедонски банкар. |
| 1962 | Кирсан Иљyмжинов, актуелен претседател на ФИДЕ и престедател на руската Република Калмикија. |
| 1980 | Мет Бонер, американски професионален кошаркар. |
| 1985 | Кристоф Вандевале, белгиски велосипедист. |
Починале
| 1794 | Жорж Дантон, француски револуционер, противник на монархијата во Француската буржоаска револуција. |
| 1987 | Калипсо Налча, прва жена - професионална артистка во Македонија. |
[уреди] 6 април
Настани
| 885 | Во Велиград, Велика Моравија (денешна Чешка), умрел и бил погребан Свети Методиј. |
| 1814 | Наполеон абдицирал и подоцна бил протеран на островот Елба, близу до Италија. |
| 1896 | Во Атина почнале првите модерни Олимписки игри кои биле организирани од страна на Французинот Пјер де Кубертен, претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1896 до 1925 година. На игрите кои завршиле на 14 април, учествувале 484 натпреварувачи. |
| 1909 | Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856 - 1920) прв стигнал на Северниот пол. Пири го испитал и најсеверниот дел на Гренланд („Пириева земја“) и напишал неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот пол“ и „Тајните на поларните патувања“. |
| 1917 | САД во Првата светска војна, по вонредното заседание на Конгресот, ѝ објавиле војна на Германија. |
| 1941 | Нацистичка Германија без објава ги нападнала Југославија и Грција. Нападот започнал со бомбардирање на Белград, кој е речиси целосно разорен, а 12.000 луѓе го загубиле животот. |
| 1991 | Во Прилеп почнал Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. |
| 1994 | Започнал геноцидот во Руанда кој однел над 500.000 животи, откако е соборен авионот кој ги превезувал претседателите на Руанда Џувенал Хабјаримана и на Бурунди Циприен Нтаријамира. |
Родени
| 1483 | Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството († 1520.). |
| 1890 | Антони Фокер, холандски дизајнер на авиони († 1939.). |
| 1927 | Гери Мулиган, американски џез музичар († 1996.). |
| 1965 | Стефан Петерхансел, француски моторциклист и автомобилист. |
Починале
| 885 | Свети Методиј, заедно со брат му Кирил основоположник на сесловенската писменост (р. ~815) |
| 1199 | Ричард Лавовско Срце, Крал на Англија (р. 1157) |
| 1520 | Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството (р. 1483) |
| 1528 | Албрехт Дирер, германски сликар и гравер (р. 1471) |
| 1732 | Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки, германски епископ (р. 1664) |
| 1887 | Иван Крамској, руски сликар. |
| 1971 | Игор Стравински, руски композитор (р. 1882) |
| 1992 | Исак Асимов, американски писател од руско потекло (р. 1920) |
| 2000 | Хабиб Бургиба, основачот на современ Тунис (р. 1903) |
| 2005 | Рение III, Принцот од Монако (р. 1923) |
[уреди] 7 април
Настани
| 529 | Во Константинопол бил издаден првиот нацрт на „Кодекс Јустинијанус“, кодификација на империјалните закони од 2. век до тогаш. |
| 1348 | Во Прага е основан Карловиот Универзитет, прв во централниот дел на Европа. |
| 1795 | Франција го усвоила метарот како основна мерка за должина. |
| 1906 | Вулканот Везув избувнал и го уништил градот Неапол во Италија. |
| 1939 | Втора Светска војна: Фашистичка Италија започнала инвазија врз Албанија. |
| 1945 | Втора Светска војна: Американските авиони го потопија најголемиот јапонски воен брод „Јамато“. |
| 1947 | Умре американскиот автомобилски магнат Хенри Форд. Првите „бензински кочии“ ги конструирал во 1896 година, а од 1899 го започнал производството на автомобили. |
| 1948 | Во рамки на Обединетите Нации, основана е Светската Здравствена Организација. |
| 1953 | Даг Хамаршелд, шведски дипломат, е избран за генерален секретар на Обединетите нации. |
| 1963 | Усвоен е новиот устав на Југославија, со кој таа се преименува во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а Јосип Броз Тито е прогласен за доживотен претседател. |
| 2012 | Џојс Банда станува првата жена-претседател на Малави. |
Родени
| 1915 | Били Холидеј, американска џез пејачка. |
| 1939 | Френсис Форд Копола, американски режисер. |
| 1944 | Герхард Шредер, германски канцелар. |
| 1964 | Расел Кроу, новозеландски актер. |
Починале
| 1614 | Ел Греко, шпански сликар со грчко потекло. |
| 1947 | Хенри Форд, основач на компанијата Форд Мотор. |
| 1953 | Димитар Влахов, македонски револуционер, политичар и публицист. |
| 1968 | Џими Кларк, шкотски автомобилист. |
[уреди] 8 април
Настани
| 1513 | Шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон ја открил Флорида и ја прогласил за Шпански посед. Во 1819. Шпанија ја продала Флорида на САД за 5 милиони УСД и ветување дека ќе се откажат од претензии кон Тексас. |
| 1820 | Милоска Венера е откриена на островот Милос во Грција и станала првостепена атракција кога била изложена во Лувр во Франција, иако некои не ја делеле воодушевеноста, на пример Пјер-Огист Реноар рекол дека „потсетува на голем џандар“. |
| 1904 | Франција и Обединетото Кралство потпишале „Срдечен сојуз“, предвесник на Антантата која била воен сојуз во текот на Првата светска војна и Втората светска војна, и крај на долговековните војни помеѓу двете земји. |
| 1971 | Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8 април за Светски ден на Ромите. |
| 1993 | Со акламација во Генералното собрание на ОН, Република Македонија е примена како 181 рамноправна членка на Организацијата на обединетите нации под името „Поранешна Југословенска Република Македонија“. |
| 1995 | Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставија дипломатски односи. |
Родени
| 1784 | Дионисио Агуадо, шпански класичен гитарист и композитор од времето на Романтизмот († 1849). |
| 1870 | Анастас Лозанчев, Македонски револуционер († 1945). |
| 1909 | Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата македонска граматика († 1988). |
| 1911 | Емил Чоран, романски философ и есеист († 1995). |
| 1938 | Кофи Анан, седми Генерален секретар на ООН, добитник на Нобеловата награда за мир во 2001. |
Починале
| 1848 | Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на музика, полна со драмска динамика. |
| 1973 | Пабло Пикасо, шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари. |
[уреди] 9 април
Настани
| 1387 | Османлискиот султан Мурат I го освоил Солун. |
| 1682 | Роберт Кавалие де Ла Сал го открил устието на реката Мисисипи, го прогласил за француска територија, и го нарекол по својот крал - Луизијана. |
| 1865 | Воениот водач на Конфедерацијата генерал Роберт Ли се предал заедно со своите војски на силите на Унијата (САД) со што завршила Граѓанската војна во САД. |
| 1867 | Сенатот на САД со еден глас мнозинство го ратификувал договорот за купување на Алјаска од Царска Русија за 7.200.000 УСД, или околу 4,75 центи за хектар. |
| 1873 | Од Солун во Велес пристигна првиот воз. Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари. |
| 1909 | Турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал. |
| 1967 | Првиот лет на Боинг 737. |
| 2003 | Багдад и Ирак биле освоени од коалиционите сили предводени од САД. |
Родени
| 1821 | Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели во 19 век. |
| 1865 | Ерих Лудендорф, германски офицер. |
| 1933 | Тихо Најдовски, македонски поет. |
| 1954 | Виолета Ачкоска, македонски историчар. |
| 1959 | Љупчо Димовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. |
| 1959 | Киро Стојанов, римокатолички бискуп на Скопската бискупија. |
| 1962 | Мирсад Јонуз, македонски фудбалски тренер. |
| 1979 | Бујар Османи, Министер за здраство на Република Македонија. |
| 1985 | Антонио Ночерино, италијански фудбалер. |
| 1986 | Ивана Младеновска, македонска сликарка. |
| 1990 | Кристен Стјуарт, американска актерка. |
Починале
| 915 | Папа Константин, римски папа. |
| 1024 | Папа Бенедикт VIII, римски папа. |
| 1483 | Едвард IV, англиски крал. |
| 1626 | Франсис Бекон, англиски философ и државник. |
| 1942 | Орде Чопела, македонски народен херој. |
| 1951 | Вилхелм Бјеркнес, норвешки метеоролог. |
| 1959 | Френк Лојд Рајт, американски архитект. |
| 1962 | Харолд Ламб, американски историчар. |
| 1983 | Александар Доброхотов, руски педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје. |
| 1997 | Стево Теодосиевски, македонски естраден уметник. |
[уреди] 10 април
Настани
| 1915 | Патувајќи од Мелник за Неврокоп, во близина на Рожденскиот манастир, Јане Сандански бил убиен од врховистичките наемници. |
| 1948 | Започна изградбата на Хидроцентралите Маврово. |
| 1953 | Шведскиот дипломат Даг Хамаршелд, е избран за втор по ред генерален секретар на Организација на обединетите нации. Роден е во 1905 година, а загина во авионска несреќа во Катанга, во 1961 година. |
Родени
| 1847 | Џозеф Пулицер, значајно име во американското новинарство. |
| 1886 | Џони Хајес, американски атлетичар. |
| 1869 | Георги Баласчев, бугарски историчар. |
| 1916 | Борис Лозановски, македонски поет и романсиер. |
| 1934 | Михо Атанасовски, македонски поет. |
| 1946 | Шефкет Муслиу, поранешен член на ОНА. |
| 1948 | Јован Јосифовски, македонски правник. |
| 1952 | Стивен Сигал, американски актер и филмски продуцент |
| 1960 | Силјан Аврамовски, министер за внатрешни работи на Македонија. |
| 1973 | Роберто Карлос де Силва, бразилски фудбалер |
| 1974 | Гоце Седловски, македонски фудбалер. |
| 1984 | Менди Мур, американска пејачка и актерка |
Починале
| 1585 | Папа Григур XIII, римски папа. |
| 1813 | Жозеф Луј Лагранж, италијански математичар. |
| 1904 | Изабела II, кралица на Шпанија. |
| 1915 | Јане Сандански, истакнат македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО и доследен следбеник на Гоцевите идеи. |
| 1964 | Лазар Личеноски, македонски сликар. |
| 2010 | Лех Качињски, полски претседател. |
[уреди] 11 април
Настани
| 1713 | Потпишан е Утрешкиот мировен договор како финале на тринаесетгодишната Војна за шпанското наследство помеѓу речиси сите поголеми Европски сили од XVIII век. |
| 1919 | На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународната организација на трудот. |
| 1921 | Првиот спортски радиопренос. Се пренесувал боксерски меч помеѓу Џони Реј и Џони Данди во САД. |
| 1945 | Втора Светска војна: Американските војници го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд. |
| 1964 | Фриц Фрелинг и Дејвид Депати ја лансирале серијата цртани филмови со Пинк Пантер и истата година освоиле Оскар за кус анимиран филм. |
| 1991 | Советот за безбедност на ОН го објави формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и ќе го уништат оружјето за масовно уништување. |
| 1992 | Регистриран е Македонскиот олимписки комитет (МОК), формиран на 20 март истата година. За прв претседател е избран д-р Васил Тупурковски. |
| 1995 | Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација. |
Родени
| 147 | Септимиј Север, римски император. |
| 1755 | Џејмс Паркинсон, англиски лекар, ја открил болеста на нервниот систем наречена по него († 1824). |
| 1905 | Атила Јожеф, унгарски поет. |
| 1911 | Кирил Николов, македонски новинар. |
| 1933 | Ѓоре Напески, македонски поет и раскажувач. |
| 1942 | Иванчо Митревски - Мајсторот, македонски писател за деца. |
| 1981 | Алесандра Амбросио, бразилски модел. |
| 1982 | Ангел Дарк, словачка порно ѕвезда. |
| 1987 | Џос Стоун, англиска пејачка. |
Починале
| 678 | Папа Дониј, римски папа. |
| 1514 | Донато Браманте, италијанскиот архитект. |
| 1854 | Карл Фон Базедов, познат германски лекар и научник. |
| 1943 | Лазо Трповски, македонски комунист. |
| 1977 | Жак Превер, вранцуски поет. |
| 1985 | Енвер Хоџа, албански политичар и државник. |
| 2007 | Курт Вонегат, американски писател (р. 1922). |
[уреди] 12 април
Настани
| 467 | Антемиј станал римски император. |
| 1204 | Крстоносците го освоиле и опустошиле Константинопол. |
| 1557 | Бил основан градот Куенка во денешен Еквадор. |
| 1606 | Создадено официјално знамето на Обединетото Кралство. |
| 1633 | Започнува процесот на инквизиција против Галилео Галилеј. |
| 1861 | Започнала Американската граѓанска војна со нападот на силите на Конфедерацијата на Форт Сумтер во Јужна Каролина. |
| 1877 | Обединетото Кралство ја анексирала Јужната Африканска република. |
| 1903 | Меѓу железничката станица во Истборн и градчето Мидс, во англиската грофовија Сасекс, воведена е првата редовна автобуска линија во светот. |
| 1917 | Прва светска војна: Канада победила во битката кај Вими против Германија. |
| 1935 | Прв лет на Бристолската авиокомпанија. |
| 1945 | Дотогашниот потпретседател Хари Труман станал претседател на САД, откако претседателот Франклин Рузвелт починал додека бил на функција. |
| 1961 | СССР го лансирале во орбита околу Земјата вселенскиот брод „Восток -1“ во кој се наоѓал првиот човек во вселената: 27-годишниот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин. |
| 1966 | Американските авиони првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна ескалацијата на војната во Индокина. |
| 1981 | Првиот лет на првото повеќекратно употребливо и пилотирано вселенско летало „Колумбија“ на НАСА. |
| 1992 | Отворен е Паркот Дизниленд во Париз, прв во Европа. |
Родени
| 570 | Во околината на Мека (денешна Саудиска Арабија) роден е врховниот пророк во Исламот и политички лидер Мухамед. |
| 1484 | Антонио да Сангало Помладиот, важен италијански архитект од времето на Ренесансата. |
| 1577 | Кристијан IV , дански крал. |
| 1823 | Александар Островски, руски драматург. |
| 1839 | Николај Пржевалски, руски истражувач. |
| 1851 | Едвард Волтер Маундер, англиски астроном . |
| 1852 | Фердинанд фон Линдеман, германски математичар. |
| 1866 | Принцеза Викторија од Прусија. |
| 1851 | Едвард Волтер Маундер, англиски астроном . |
| 1871 | Јоанис Метаксас, грчки фашист и диктатор. |
| 1921 | Сократ Маркилов, македонски борец. |
| 1961 | Лиза Џерард, австралиска пејачка. |
| 1971 | Шенон Доерти, американска актерка. |
| 1986 | Блерим Џемаили, швајцарски фудбалер со македонско потекло. |
Починале
| 1555 | Хуана I Кастилјска, кралица на Кастилја и Леон. |
| 1817 | Шарл Месије, славен француски астроном, автор на Месијеовиот каталог. |
| 1945 | Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста беше избран четири пати. |
| 1977 | Михо Чакеља, македонски архитект. |
[уреди] 13 април
Настани
| 1898 | Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска - Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум. |
| 1913 | Во Општинскиот театар во Битола е одржана првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“. |
| 1943 | Германците објавиле дека во окупираниот дел на Русија, во Катинската шума, нашле масовни гробници со повеќе од 4.000 поранешни полски воени заробеници кои силите на СССР претходно ги заробиле по нападот на Полска во 1939-1940. Откритието ги нарушило односите меѓу СССР и другите сојузници во Втората светска војна. Русија го признала масакрот дури во 1990. |
| 1913 | Во Општинскиот театар во Битола е одржана првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“. |
| 1970 | Експлодирал еден од двата резервоари со кислород во вселенското летало Аполо 13 и екипажот бил во смртна опасност сѐ до враќањето на Земјата четири дена подоцна. |
Родени
| 1519 | Катерина де Медичи регент на Франција и сопруга на францускиот крал Анри II († 1589). |
| 1743 | Томас Џеферсон, претседател на САД. |
| 1883 | Александар Василевич Александров, руски и советски композитор. |
| 1885 | Ѓерѓ Лукач, унгарски филозоф, естетичар, политичар, еден од најзначајните марксистички философи на 20 век († 1971.). |
| 1901 | Жак Лакан, француски психоаналитичар и психијатар († 1981). |
| 1906 | Антон Панов, македонски драмски писател († 1968). |
| 1906 | Семјуел Бекет, ирски писател и нобеловец († 1989). |
| 1942 | Киро Поповски, македонски правник и политичар. |
| 1949 | Кристофер Хиченс, англиски новинар и општественик. |
| 1963 | Гари Каспаров, руски шахист-велемајстор, светски шаховски шампион (1985. - 2000). |
| 1967 | Валентина Божиновска, македонска глумица и политичарка. |
| 1978 | Силви ван дер Варт, холандска телевизиска личност и модел. |
Починале
| 1695 | Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец. |
| 1992 | Благоја Попов, македонски политичар и државник. |
| 2012 | Ташко Георгиевски, македонски раскажувач, романсиер и филмски сценарист |
[уреди] 14 април
Настани
| 1865 | Во театарот Форд во Вашингтон Џон Вилкс Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн. |
| 1894 | Во Њу Јорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики, предвесник на филмот. |
| 1912 | Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њу Јорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе. |
| 1915 | Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес. |
| 1941 | Усташите, хрватска екстремно десничарска нацистичка и фашистичка организација, се задолжени за управувањето со Независната држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6. април истата година. |
| 1992 | Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија. |
| 1994 | Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник - Ден на Царинската служба на Република Македонија. |
| 1995 | Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи. |
Родени
| 1906 | Семјуел Бекет, ирски писател, драматург и поет. |
| 1907 | Франсоа Дувалие, хаитски диктатор |
| 1924 | Душко Малевски, македонски новинар. |
| 1945 | Ричи Блекмор, англиски гитарист. |
| 1954 | Брус Стерлинг, американски автор на научна фантастика. |
| 1957 | Михаил Плетњов, руски пијанист, диригент и композитор. |
| 1958 | Бранислав Саркањац, македонски социо-политички аналитичар. |
Починале
| 1759 | Георг Фридрих Хендл, германскиот композитор. |
| 1930 | Владимир Мајаковски, руски писател |
| 1964 | Рејчел Карсон, американска екологистка |
| 1986 | Симон де Бовоар, француска писателка и философ. |
| 1997 | Видое Подгорец, македонски писател |
[уреди] 15 април
Настани
| 1912 | По сударот во санта мраз нешто пред полноќ предходниот ден, потона прекуатланскиот брод Титаник. 1517 лица го загубија животот. |
| 1923 | Инсулинот станува општо достапен за болните од шеќерна болест. |
| 1955 | Во државата Илиноис во САД е отворен првиот ресторан „Мекдоналдс“. |
| 1992 | Во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија. |
| 1994 | Потпишан е општиот договор за трговија и царински тарифи ГАТТ. |
Родени
| 1452 | Леонардо да Винчи, Италијански ренесансен уметник, градител и научник († 1519.). |
| 1489 | Синан, Отомански царски архитект (п. 1588.). |
| 1707 | Леонард Ојлер, швајцарски математичар и физичар († 1783.). |
| 1987 | Гатис Смукулис, латвиски велосипедист. |
Починале
| 1446 | Филипо Брунелески, прочуен италијански архитект, основоположник на ренесансната архитектура. |
| 1764 | Мадам де Помпадур, љубовница на Луј XV. |
| 1765 | Михаил Василевич Ломоносов, руски научник, писател, академик и енциклопедист со светски глас. |
| 1865 | Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД. |
| 1980 | Ванчо Николески, истакнат македонски писател. |
| 1980 | Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател. |
| 1992 | Александар Матковски, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист. |
| 1997 | Д-р Иван Пухан, еден од основачите на Правниот факултет во Скопје. |
[уреди] 16 април
Настани
| 1945 | Формирана е првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски |
| 1991 | Собранието на Социјалистичка Република Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот „Социјалистичка“ пред името на Социјалистичка Република Македонија. |
| 2007 | Во Хаг започна судскиот процес против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за наводни воени злостроства во конфликтот во 2001. Покрај Бошкоски обвинет е и Јохан Тарчуловски. |
| 2007 | Во Блексбург, Вирџинија, вооружен студент убил 32 колеги и професори од факултетот и ранил уште 20, пред да се самоубие. Еден од најсмртоносните инциденти од овој вид. |
Родени
| 778 | Луј I Побожниот, француски крал. |
| 1319 | Жан II Добриот, француски крал. |
| 1646 | Жил Ардуен Мансар, француски архитект |
| 1844 | Анатол Франс, француски писател |
| 1889 | Чарли Чаплин, најголем артист на немиот филм. |
| 1924 | Хенри Мансини, познат американски композитор на музика за многу филмови. |
| 1924 | Стево Теодосиевски, македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист. |
| 1927 | Бенедикт XVI, римски папа |
| 1934 | Борис Сандански, македонски и бугарски писател. |
| 1950 | Раде Силјан, македонски поет. |
| 1977 | Џејда Дувенџи, турска филмска и театарска актерка. |
| 1982 | Роберт Попов, македонски фудбалер. |
| 1987 | Џенк Акјол, турски кошаркар. |
Починале
| 1292 | Теобалд Годен, 22. Голем мајстор на витешкиот ред Темплари |
| 1828 | Франциско Хосе де Гоја, шпански сликар и гравер. |
| 1859 | Алексис Токвил, француски историчар. |
| 1903 | Димитар Мечев, македонски револуционер. |
| 1903 | Илија Трчков, македонски револуционер. |
| 1903 | Цветко Трајков, македонски револуционер. |
| 1925 | Григор Ќуркчиев, генерал во бугарската армија. |
| 1925 | Крсте Златарев, генерал во бугарската армија. |
| 1996 | Ристо Ѓорѓевски, македонски психолог. |
[уреди] 17 април
Настани
| 1492 | Изабела I од Кастилја и Кристофер Колумбо склучиле договор за неговото патување до Азија преку Атлантикот. |
| 1941 | Кралството Југославија капитулира пред нападот на Силите на Оската во Втората светска војна. |
| 1961 | Инвазија во Заливот на Свињите: 1511 кубански бегалци во САД, обучени и финансирани од ЦИА, се истоваруваат во Заливот на Свињите на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро. |
| 1970 | Тешко оштетениот модул на ракетата „Аполо 13“ безбедно се вратил на Земјата со тричлениот екипаж. |
| 1971 | Излегува во продажба првиот соло албум на Пол Мекартни „McCartney“. |
Родени
| 1877 | Коце Ципушев, македонски револуционер. |
| 1894 | Никита Сергеевич Хрушчов, советски политичар и државник. |
| 1912 | Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил, поглавар на Македонската православна црква. |
| 1952 | Жељко Ражнатовиќ, лидер на Српската доброволна гарда. |
| 1974 | Викторија Бекам, британска пеачка. |
Починале
| 167 | Папа Анцетиј, римски папа. |
| 326 | Александар Александриски, Патријарх на Александрија. |
| 858 | Папа Бенедикт III, римски папа. |
| 1790 | Бенџамин Франклин, американски државник, филозоф, физичар, економист и писател. |
| 1898 | Дедо Иљо Малешевски, македонски револуционер. |
| 1903 | Јордан Поп Јорданов - Орцето, македонски револуционер. |
| 1913 | Ахмед Нијази-бег, отомански војник и политичар. |
| 1984 | Радка Кушлева, бугарска народна пејачка. |
| 1993 | Тургут Озал, осми по ред турски претседател. |
[уреди] 18 април
Настани
| 1506 | Осветени се темелите на денешната Базилика Свети Петар во Рим. |
| 1941 | Втора Светска војна: Со одбрение на Нацистичка Германија, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија. |
| 1942 | Втора Светска војна: Американската авијација првпат го бомбардира Токио. |
| 1951 | Во Париз, Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Франција потпишаа Договор за создавање Европска заедница за јаглен и челик. |
| 1954 | Гамал Абдел Насер стана премиер и воен гувернер на Египет. |
| 1955 | Во индонезискиот град Бандунг започна афроазиска конференција на 29 земји, на која се потврдени принципите на деколонизација и создавање на „третиот свет“. |
| 1980 | Јужна Родезија под името Зимбабве стана 50-та независна држава во Африка. За прв претседател е избран Канан Банана. |
| 1994 | Странските хуманитарни организации соопштија дека етничките масакри на припадниците на племињата Хуту и Тутси, за време на кои се убиени околу милион лица, ја зафатиле целата територија на Руанда. |
| 1996 | Република Македонија и Република Руанда воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. |
Родени
| 1590 | Ахмед I, отомански султан. |
| 1917 | Фредерика, кралица на Грција. |
| 1920 | Томо Софрониевски, македонски првоборец и политичар. |
| 1939 | Али Хаменеи, ирански политичар. |
| 1960 | Гао Лундонг, кинески кајакар . |
| 1969 | Румјана Желева, бугарски политичар. |
| 1977 | Леополд Стоковски, американски диригент. |
| 1981 | Филип Јуричиќ, хрватски глумец. |
Починале
| 1903 | Константин Кирков, македонски револуционер. |
| 1949 | Леонард Блумфилд, американски лингвист. |
| 1955 | Алберт Ајнштајн, физичар, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката. |
[уреди] 19 април
Настани
| 1587 | Англискиот адмирал Френсис Дрејк ја потопува шпанската флота кај Кадиз. |
| 1775 | Во Масачусетс, започнува американската војна за независност од Велика Британија. |
| 1839 | Со Лондонскиот договор, се формира кралството Белгија, а потврдена е и независноста на големото војводство Луксембург. |
| 1909 | Јованка Орлеанка е прогласена за светица. |
| 1943 | Втора Светска војна: Започнува неуспешно востание против нацистичката окупација во варшавското гето. |
| 1945 | Втора Светска војна: Американските војници го зазедоа германскиот град Лајпциг. |
| 1956 | Склучен е бракот помеѓу американската актерка Грејс Кели и моначкиот кнез Рение III. |
| 1961 | Американската инвазија на Заливот на Свињите, во Куба, завршува со неуспех. |
| 1971 | СССР ја лансира вселенската станица „Саљут“ во орбитата околу Земјата. |
| 1993 | Кралството Холандија ја призна независноста на Република Македонија. |
| 1995 | Бомбардирана е федералната зграда на Оклахома Сити (Оклахома, САД). 168 мртви. |
| 1997 | Демократската и Либералната партија се обединија формирајќи ја Либерално-демократската партија. |
| 1999 | Германското собрание се враќа во Берлин. |
| 2000 | Боинг 737 на Air Phillipines се урива на аеродромот во Давао, убивајќи 131 лице. |
| 2005 | Јозеф Рацингер е избран за папа Бенедикт XVI. |
Родени
| 1772 | Давид Рикардо, англиски економист, еден од највлијателните во историјата. |
| 1940 | Сиднеј Посеуло, бразилски истражувач. |
| 1946 | Фарук Нафиз Озак, турски политичар. |
| 1956 | Волен Сидеров, бугарски политичар. |
| 1964 | Ванчо Ѓорѓиев, македонски историчар . |
| 1979 | Кејт Хадсон, американска актерка |
| 1986 | Кендис Паркер, американска кошаркарка. |
| 1987 | Марија Шарапова, руска тенисерка. |
| 1989 | Ху Мингаи, кинески кајакар. |
Починале
| 1588 | Паоло Веронезе, венецијански маниристички сликар |
| 1768 | Џовани Антонио Канал (попознат како Каналето), венецијански сликар |
| 1824 | Џорџ Гордон Бајрон, славен англиски поет од времето на романтизмот. |
| 1882 | Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. |
| 1906 | Пјер Кири, француски физичар и хемичар, нобелов лауерат. |
| 1936 | Антон Костадинов, македонски револуционер. |
| 1989 | Дафне ди Марие, англиска писателка |
[уреди] 20 април
Настани
| 1972 | Американското вселенско летало „Аполо 16“ се спушти на површината на Месечината. |
| 1991 | На 11-от Конгрес на СКМ - Партија за демократска преобразба е формиран Социјалдемократскиот сојуз на Македонија |
| 1999 | Во Џеферсон Каунти, Колорадо е извршен масакр во средното училиште Колумбина |
Родени
| 570 | Мухамед, пророк и основач на исламот. |
| 1808 | Наполеон III, француски император. |
| 1873 | Гомбоџаб Цибиков, руски истражувач . |
| 1889 | Адолф Хитлер, германски канцелар. |
| 1923 | Тито Пуенте, американски музичар. |
| 1929 | Гро Харлем Брунтланд, норвешки премиер. |
| 1944 | Ирена Савицка, полски лингвист. |
| 1949 | Масимо Далема, италијански премиер. |
| 1958 | Драган Ѓокановиќ, српски политичар. |
| 1966 | Дејвид Фило, американски бизнисмен. |
| 1967 | Мајк Портној, американски музичар. |
| 1972 | Кармен Електра, американска актерка. |
| 1972 | Жељко Јоксимовиќ, српски пејач. |
| 1983 | Миранда Кер, австралиска манекенка. |
Починале
| 1314 | Папа Климент V, римски папа. |
| 1472 | Леон Батиста Алберти, италијански архитект. |
| ? | Вилхелм Шелинг германски филозоф и последен претставник на германската класична философија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спинозовиот пантеизам. |
| 1872 | Људевит Гај, голем хрватски идеолог и водач на Илирското движење. |
| 1982 | Ацо Шопов, истакнат македонски писател и академик. |
| 1995 | Милован Ѓилас, југословенски политичар. |
| 2008 | Ксенте Богоев, македонски економист. |
[уреди] 21 април
Настани
| 753 п.н.е. | Според преданието, Ромул и Рем го основале градот Рим. |
| 1836 | Војската на Тексас под водство на Сем Хјустон ги победила Мексиканските сили на генералот Антонио Лопез де Санта Ана во решавачката битка на Тексашката револуција. |
| 1944 | Жените во Франција добиле право на глас. |
| 1918 | Прва светска војна Германскиот воен пилот Манфред фон Рихтхофен познат како Црвениот барон е погоден и убиен во небесна битка над Во сур Сом во Франција. |
| 1946 | Во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар. Тоа беше претставата „Силјан Штркот“, според истоимената народна приказна. |
| 1956 | Елвис Присли за прв пат е на прво место на топ-листите. |
| 1967 | Неколку дена пред општите избори во Грција, полковникот Јоргос Пападопулос спровел државен преврат со кој воспоставил воен режим во земјата кој траел следните 7 години. |
| 1994 | Во населбата Драчево, кај Скопје е предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и САД. |
Родени
| 1729 | Катерина II Велика, руска императорка (по новиот календар 2.мај) († 1796). |
| 1816 | Шарлота Бронте, англиска писателка († 1855). |
| 1828 | Иполит Адолф Тен, француски историчар. |
| 1923 | Цвета Котевска, македонски преведувач. |
| 1926 | Елизабета II, кралица на Обединетото Кралство. |
| 1947 | Иги Поп, американски рок-пејач. |
| 1954 | Маја Оџаклиевска, македонска пејачка. |
| 1963 | Шефшет Адеми, македонски судија. |
| 1972 | Северина Вучковиќ, хрватска пејачка. |
| 1980 | Гао Ји, кинеска кану-спринтерка. |
Починале
| 1073 | Папа Александар II, римски папа. |
| 1509 | Хенри VII, англиски крал. |
| 1825 | Јохан Фридрих Пфаф, германски математичар, професор на Карл Фридрих Гаус. |
| 1910 | Марк Твен, американски писател, еден од најголемите хумористи на своето време. |
| 1915 | Спиридон Михајлов, полковник во бугарската армија. |
| 1980 | Александар Опарин, руски биохемичар. |
| 1991 | Дургут Едиповски, македонски висок функционер. |
| 2010 | Хуан Антонио Самаранч, поранешен претседател на Меѓународниот олимписки комитет. |
[уреди] 22 април
Настани
| 1500 | Португалскиот морепловец Педро Кабрал стигнал до Бразил и го прогласил за Португалски посед. Ден на откривањето на Бразил. |
| 1920 | Стапија во штрајк поштарите во Македонија. - Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија. |
| 1964 | Тангањика и Занзибар се обединиле во заедничка држава - Танзанија. |
| 1970 | Почнал да се празнува Денот на планетата земја. |
| 2007 | Ѓорѓи Трендафилов е избран за претседател на ВМРО-Народна партија |
Родени
| 1451 | Кралицата Изабела I од Кастилја и Леон (п. 1504). |
| 1610 | Папа Александар VIII, римски папа. |
| 1707 | Хенри Филдинг, англиски писател |
| 1724 | Имануел Кант, основоположник на германската класична философија. |
| 1766 | Мадам де Стал, француска писателка. |
| 1866 | Ханс фон Сект, висок офицер во германската армија. |
| 1870 | Владимир Илич Ленин - организатор на Октомвриската револуција во Русија и основач на СССР. |
| 1881 | Александар Керенски, руски политичар |
| 1884 | Ото Ранк, австриски психолог (п. 1939). |
| 1891 | Никола Сако, американски анархист (п. 1927). |
| 1899 | Владимир Набоков, руски писател (п. 1977). |
| 1904 | Роберт Опенхајмер, американски физичар (п. 1967). |
| 1916 | Јехуди Мењухин, еврејско-американско-британско-швајцарски виолинист (п. 1999). |
| 1927 | Вукан Диневски, македонски актер. |
| 1930 | Георги Сталев Поповски, македонски поет. |
| 1930 | Драги Костовски, македонски артист. |
| 1937 | Џек Николсон, американски актер |
| 1942 | Џорџо Агамбен, италијански политички философ |
| 1977 | Марк ван Бомел, холандски фудбалер. |
| 1981 | Горан Мазнов, македонски фудбалер. |
| 1982 | Кака, бразилски фудбалер. |
| 1988 | Маја Никшиќ, македонска убавица |
Починале
| 536 | Папа Агапит I, римски папа. |
| 1994 | Ричард Никсон, претседател на САД. |
| 2007 | Томе Арсовски, македонски писател. |
[уреди] 23 април
Настани
| 1972 | Во Скопје е поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, кој е осветен на 12 август 1990 година. |
| 1982 | Пуштен е во продажба Зет-Икс Спектрум. |
| 1996 | УНЕСКО го промовира Светскиот ден на книгата, по повод годишнината од смртта на Сервантес, Шекспир и Де Ла Вега |
Родени
| 1307 | Јована, ќерка на англискиот крал Едвард I. |
| 1823 | Абдул Меџит I, отомански султан. |
| 1858 | Макс Планк, германски физичар. |
| 1952 | Мирка Велиновска, македонски новинар и политички аналитичар. |
| 1970 | Егемен Багиш, турски политичар. |
| 1972 | Патриција Мантерола, мексикански модел. |
| 1986 | Антон Понкрашов, руски кошаркар. |
Починале
| 1616 | Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот. |
| 1616 | Мигуел де Сервантес, прочуен шпански писател, автор на првиот реалистички роман во шпанската литература, ненадминливиот „Дон Кихот“. |
| 1850 | Вилијам Вордсворт, aнглиски поет. |
| 1990 | Полет Годар, американска филмска и театарска актерка. |
| 1998 | Константин Караманлис, грчки политичар. |
| 2007 | Борис Елцин, руски претседател. |
[уреди] 24 април
Настани
| 1184 п.н.е. | Според преданието, Данајците навлегле во опсадената Троја преку групата скриена во подарениот Тројанскиот коњ. Оттука поговорката: „Не им верувај на Данајците ни дарови кога носат“. |
| 1854 | Врховниот суд на САД донесе пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструира машината за шиење и во потрага за покровител отиде во Англија, каде директорот на патувачкиот театар „Сингер“ и други луѓе го измамија и почнаа да ја произведуваат познатата „сингерка“. Своето право на патентот, Хау го доби по судски пат и секојдневно примаше по 4.000 долари за лиценцата. |
| 1898 | Шпанија објави војна на САД по американскиот ултиматум за повлекување на Мадрид од Куба. |
| 1945 | Втора Светска војна: Американската армија го ослободи германскиот нацистички концентрационен логор Дахау. |
| 1949 | Во Скопје се одржа првото Универзитетско собрание во Македонија. Притоа е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го доби името „Кирил и Методиј“, а од 12 ноември 1992 година се вика „Св. Кирил и Методиј“. |
| 1970 | Лансиран е првиот кинески вештачки сателит. |
| 1995 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво. |
Родени
| 1941 | Ричард Холбрук Чарлс Алберт, американски дипломат. |
| 1942 | Барбара Стрејсенд, американска актерка и пејачка. |
| 1969 | Рене Зелвегер, американска актерка и пејачка. |
| 1981 | Величе Шумуликоски, македонски фудбалер. |
Починале
| 1731 | Даниел Дефо, англиски автор. |
| 1905 | Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување. |
| 1986 | Волис Симпсон, сопруга на Едвард VIII. |
| 1993 | Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по философија на Филозофскиот факултет во Скопје. |
[уреди] 25 април
Настани
| 1191 | Започнало зографирањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско. |
| 1719 | За прв пат е објавен романот на Даниел Дефо Робинзон Крусо. |
| 1859 | Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинанд де Лесепс, започна изградбата на Суецкиот канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратегиско и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Блискиот и Далечниот Исток. |
| 1959 | Пловниот пат Сент Лоренс, кој ги поврзува Големите Езера преку реката Сент Лоренс и систем од канали со Атлантскиот океан е отворен за пловидба. |
| 1945 | Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН). |
| 1960 | Во Битола е основано Друштво за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината. |
| 1979 | Во Битола е основан вториот универзитет во СР Македонија, „Свети Климент Охридски“. |
| 1996 | Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. |
Родени
| 32 | Отон, римски император. |
| 1214 | Луј IX Светиот, француски крал. |
| 1284 | Едвард II, англиски крал. |
| 1599 | Оливер Кромвел, англиски државник. |
| 1874 | Гиљермо Маркони, Италијански инженер и пронаоѓач. |
| 1903 | Андреј Колмогоров, руски мтатематичар. |
| 1940 | Ал Пачино, американски филмски и сценски актер и режисер. |
| 1948 | Лазар Китановски, Министер за одбрана на Македонија. |
| 1969 | Дејан Дуковски, македонски драмски автор. |
| 1969 | Рене Зелвегер, американска глумица. |
| 1981 | Јована Јанковиќ, српска телевизиска водителка. |
| 1981 | Фелипе Маса, бразилски пилот на Формула 1. |
Починале
| 68 | Апостол Марко, папа на Александрија и еден од апостолите на Исус. | |
| 1342 | Папа Бенедикт XII, римски папа. | |
| 1744 | Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном. | |
| 1923 | Јово Камберски, македонски раскажувач и романсиер. | |
| 1999 | Лорд Киланин, ирски новинар. |
[уреди] 26 април
Настани
| 1962 | Во Кејп Канаверал, во САД, лансиран е првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат. |
| 1964 | Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија. |
| 1986 | Катастрофа во нуклеарната централа Чернобил, СССР. 57 луѓе загинале во несреќата, уште околу 9.000 илјади од директни последици на радијацијата, а 336.000 лица биле евакуирани и раселени од околината на Чернобил. |
| 1992 | Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина. |
| 1992 | Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име „денар“. |
| 1993 | Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија. |
Родени
| 121 | Марко Аврелиј, римски цар и филозоф. |
| 1564 | Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот. |
| 1711 | Дејвид Хјум, шкотски философ и историчар. |
| 1894 | Рудолф Хес, заменик фирер во Нацистичка Германија. |
| 1900 | Чарлс Рихтер, еден од пионерите на сеизмологијата и творец на скалата според која се мери јачината на земјотресот. |
| 1910 | Меша Мехмед Селимовиќ, босански писател. |
| 1945 | Васил Икономов, македонски поет и преведувач. |
| 1977 | Том Велинг, американски глумец. |
| 1986 | Филип, принц на Грција. |
Починале
| 757 | Папа Стефан II, римски папа. |
| 1731 | Даниел Дефо, англиски автор, новинар, и памфлетист. |
[уреди] 27 април
Настани
| 1521 | На својот пат околу светот, кај Мактан на Филипините, убиен е Фернандо Магелан во борба со домородците предводени од главатарот Лапу-Лапу. Дел од експедицијата го продолжува и успешно го завршува патувањето во 1522. година. |
| 1810 | Бетовен ја искомпонирал „За Елиза“. |
| 1905 | Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев, македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година. |
| 1960 | Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија. |
| 1961 | Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка. |
| 1992 | По распадот на СФРЈ, Србија и Црна Гора ја формирале Сојузна Република Југославија. |
| 1993 | Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност. |
| 1993 | Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур. |
Родени
| 1791 | Семјуел Морзе, американски физичар и сликар. |
| 1986 | Динара Сафина, руска тенисерка. |
| 1986 | Елена Ристеска, македонска поп-пеачка. |
| 1992 | Емин Махмудов, руски фудбалер. |
Починале
| 1521 | Фернандо Магелан, португалски морепловец. |
| 1882 | Ралф Валдо Емерсон, американски предавач, есеист и поет. |
| 1905 | Никола Карев, истакнат македонски социјалист и револуционер. |
| 1983 | Димо Тодоровски, академик познат македонски вајар. |
| 1983 | Кирил Миљовски, македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје. |
[уреди] 28 април
Настани
| 1962 | Во Кејп Канаверал, во САД, лансиран е првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат. |
| 1964 | Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија. |
| 1986 | Катастрофа во нуклеарната централа Чернобил, СССР. 57 луѓе загинале во несреќата, уште околу 9.000 илјади од директни последици на радијацијата, а 336.000 лица биле евакуирани и раселени од околината на Чернобил. |
| 1992 | Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина. |
| 1992 | Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име „денар“. |
| 1993 | Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија. |
Родени
| 1924 | Кенет Каунда, замбиски државник, прв претседател на Замбија. |
| 1937 | Садам Хусеин, ирачки диктатор. |
| 1984 | Дмитриј Торбински, руски фудбалер. |
Починале
| 1918 | Гаврило Принцип, атентаторот на Франц Фердинанд. |
| 1945 | Бенито Мусолини, италијански диктатор и фашист. |
| 1992 | Френсис Бејкон, најпознатиот англиски сликар на 20. век. |
[уреди] 29 април
Настани
| 1429 | Јованка Орлеанка на чело на неколку стотици Французи ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. |
| 1672 | Луј XIV извршил инвазија на Холандија. |
| 1945 | Втора светска војна: Германските окупациски сили во Италија безусловно капитулирале пред Сојузниците.
Втора светска војна: Адолф Хитлер се венчал со својата долгогодишна партнерка Ева Браун во бункерот во Берлин. Следниот ден двајцата се самоубиле. Втора светска војна: Војската на САД го ослободила концентрациониот логор Дахау. |
| 1968 | Мјузиклот „Коса“ - репрезентативно дело на хипи-движењето и пацифизмот премиерно е прикажан на Бродвеј во Њујорк, САД. |
| 1997 | Во Луксембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишаа спогодбата за соработка. |
| 1999 | При бомбардирањето на НАТО на СР Југославија, урната е највисоката зграда во земјата - телевизиската кула (203м) на планината Авала, близу до Белград. |
| 2005 | Сирија целосно се повлекла од Либан, окончувајќи ја 29-годишната окупација. |
| 2011 | Венчавка на принцот Вилијам и неговата долгогодишна партнерка Кејт Мидлтон. |
Родени
| 1769 | Артур Велсли Велингтон, британски генералисимус од Наполеонските војни. |
| 1899 | Алдо Нади - Италијански мечувалец. Веројатно најголемиот мечувалец на сите времиња. |
| 1989 | Александар Маренич - руски фудбалери. |
Починале
| 1898 | Дедо Иљо Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода, во втората половина на 19-тиот век. |
| 1980 | Алфред Хичкок, британски филмски режисер. |
[уреди] 30 април
Настани
| 1916 | Летното сметање на времето за првпат во светот се применува во Обединетото Кралство. |
| 1944 | Во селото Стаевци, кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание. |
| 1975 | Американците го напуштија Сајгон, со што заврши 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам. |
| 1992 | Во Скопје, редакцијата на весникот „Нова Македонија“ и новинската агенцијата Франс-Прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на општите услуги на агенцијата. |
Родени
| 1245 | Филип III Храбриот - крал на Франција. |
| 1504 | Франческо Приматичо - италијански маниристички сликар, активен на дворот на Франсоа I. |
| 1662 | Марија II - кралица на Англија. |
| 1956 | Ларс фон Трир - дански режисер и сценарист. |
| 1978 | Бобан Јанчевски - македонски фудбалер. |
Починале
| 1555 | Папа Марцелиј II, римски папа. |
| 1883 | Едуар Мане, француски сликар, непосреден претходник на импресионистите. |
| 1903 | Јордан Поп Јорданов - Орцето, еден од организаторите на Солунските атентати. |
| 1945 | Адолф Хитлер, водач на Третиот Рајх. |
| 1945 | Ева Браун, сопруга на Адолф Хитлер. |
| 1989 | Серџо Леоне, италијански режисер. |
| 2011 | Ернесто Сабато, аргентински писател. |