Википедија:На денешен ден/Архива/Март

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Ова е Архивата на рубриката „На денешен ден...“

Истата има започнато да функционира на 25 јуни 2007.


Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката


Денес е вторник, 29 мај 2012; часот е 00:35 (UTC)

Шаблон:Март 2012 Извор

[уреди] 1 март

Настани

1917  Лондонската метро-станица „Портланд Руд“ го добива името „Грејт Портланд Стрит“.
1992  Во Сараево е убиен Никола Гардовиќ, прва жртва на војната во Босна и Херцеговина.
1994  Владата на Словачка донесе одлука за признавање на Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади.
1997  Изгоре Планинарскиот дом „Дервен“‎‎, еден од најстарите во Македонија (изграден 1951 година).


Родени

1810  Фредерик Франсоа Шопен, полски композитор и пијанист, наречен поет на клавирот.
1921  Благоја Корубин, македонскиот научник на полето на македонскиот литературен јазик.
1929  Марија Мирчов - Скаловска, истакната македонска оперска и концертна пеачка.
1983  Станка Златева, бугарски борач.
1994  Џастин Бибер, канадски поп/Р&Б пејач-текстописец и актер.


Починале

1643  Џироламо Фрескобалди, Италијански оргулист и композитор, најголем мајстор на оргули во своето време.


Празници

Летник - македонски народен празник, поврзан со почетокот на пролетта и враќањето на преселните птици


[уреди] 2 март

Настани

1942  Близу до селото Плетвар, прилепско, загинаа Борка Талески - Црниот и Лазо Колевски - Лавски, народни херои на Македонија.
1943  Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија.
1946  Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам.
1956  Поранешната француска колонија, Мароко се здоби со независност.
1972  Во САД е лансиран вселенскиот брод „Пионер 10“ за испитување на планетата Јупитер.
1973  Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот документ за мир во Виетнам.
1993  Во Скопје, во Касарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана.
1995  Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти поради негова поврзаност со мафијата.


Родени

1459  Адријан Флорисзон, холандски свештеник, кој како папа Адријан Шести во јануари 1522 година стана единствен Холанѓанин, поглавар на Римокатоличката црква во нејзината историја.
1749  Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник.


Починале

1923  Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба.
1939  Хауард Картер, англиски египтолог.
1942  Борка Талески, народен херој на Македонија, непосреден организатор на востанието на 11 октомври.


Празници 2 март (празници)

[уреди] 3 март

Настани

1822  Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.
1878  По завршувањето на Руско-турската војна, склучен е Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија добила независност и големи територии. Поради несогласувањето на големите сили со договорот, само 3 месеци подоцна е одржан Берлинскиот конгрес на кој е извршена ревизија. Ден на независноста на Бугарија.
1996  Во Шпанија, конзервативната Народна партија на Хозе Марија Азнар победи на парламентарните избори.


Родени

1847  Александар Грахам - Бел, пронаоѓач - физичар, творец на телефонот.
1872  Борис Дрангов, офицер и воен теоретичар на бугарската армија.
1876  Марија Георгиевна, принцеза на Грција.
1898  Харалампие Манчев, македонски медицински научен истражувач.
1906  Артур Лундквист, шведски писател, критичар и преведувач.
1915  Страшо Пинџур, народен херој на Македонија.
1953  Јагода Михајловска - Георгиева, македонски раскажувач, романсиер и есеист.
1965  Мендух Тачи, македонски политичар.
1967  Зоран Коњановски, македонски политичар.
1975  Шеваљ Етхеми, поранешен член на ОНА.
1991  Виктор Елиас, шпански глумец и пејач.


Починале

1605  Папа Климент VIII, римски папа.
1703  Роберт Хук, англиски научник.
1878  Јанка Каневчева, македонска револуционерка.
2008  Џузепе Ди Стефано, италијански оперски пејач.


Празници

Национален празник на Република Бугарија
Ден на општина Тетово


[уреди] 4 март

Настани

1789  Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД.
1933  Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објави својата „нова политика“, чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата.
1945  Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажаа расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија.
1952  Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна.
1965  Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни.
1965  При доаѓањето на нови постојани артисти во Македонскиот театар во Скопје од драмата на Македонскиот народен театар, оваа уметничка куќа прерасна во драмски театар. Во новиот театар на овој ден беше изведена премиерната претстава „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова.


Родени

1188  Бланка Кастилјска, сопруга на кралот Луј VIII.
1678  Антонио Вивалди, венецијански свештеник и композитор.
1878  Пјотр Демјанович Успенски , руски философ.
1934  Александар Митевски, македонски поет.
1935  Бент Ларсен, дански шахист.
1954  Кетрин О'Хара, американска актерка.
1954  Франсоа Фијон, француски премиер.
1965  Халед Хосеини, авганистански писател и лекар.
1968  Киријакос Мицотакис, грчки политичар.
1983  Зоран Балдовалиев, македонски фудбалер.


Починале

254  Папа Луциј I, римски папа.
561  Папа Пелагиј I, римски папа.
1193  Саладин, курдски муслимански политичар и воен лидер.
1805  Жан-Батист Грез, фрацуски класицистички сликар.
1832  Жан-Франсоа Шамполион, француски научник.
1852  Николај Васиљевич Гогољ, руски писател, хуморист и сатиричар.
1974  Михаил Тихонравов, советски ракетен стручњак и научник, кој учествуваше во изградбата на првиот вештачки земјин сателит „Спутник 1“.
1996  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил, поглавар на Македонската православна црква.


Празници 4 март (празници)

[уреди] 5 март

Настани

1953  Во Македонија е организирана првата акција за доброволно дарување на крв.
1992  Домот на младите „25 Мај“ во Скопје го промени името во Младински културен центар.
1993  Авион од типот „Фокер 100“ на авиокомпанијата „Палер Македонија“, веднаш по полетувањето од аеродромот во Петровец кај Скопје, се урна. 83 лица го загубија животот.


Родени

1133  Хенри II, англиски крал.
1512  Герард Меркатор, првиот човек којшто го има претставено светот на географска карта.
1569  Џовани Батиста Тјеполо, фрескосликар од „Великиот маниризам“.
1658  Антуан Ломе де Ламот-Кадилак, основач на Детроит.
1862  Зигберт Тараш, германски шаховски велемајстор.
1871  Роза Луксембург, една од организаторите на полското и на германското работничко двиење.
1915  Венко Марковски, македонски и бугарски поет.
1926  Лазо Милошевски, југословенски и македонски атлетичар.
1944  Ристо Шанев, македонски поет и писател.
1949  Благоја Ристески - Платнар, македонски поет.
1968  Илирјан Бекири, македонски политичар.
1974  Ева Мендес, американска актерка.


Починале

1827  Александар Волта, италијански физичар.
1827  Пјер Симон Лаплас, француски астроном, физичар и математичар.
1893  Иполит Адолф Тен, француски критичар и историчар.
1925  Клеман Адер, француски инженер и пронаоѓач.
1953  Јосиф Сталин, советски државник и политичар.
1964  Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател.


Празници 5 март (празници)

[уреди] 6 март

Настани

1793  Франција ѝ објави војна на Шпанија.
1926  Воспоставен е првиот телефонски разговор преку Атлантикот, помеѓу Лондон и Њујорк.
1962  Во САД е лансирано првото автоматско меѓупланетарно летало „ОСО 1“ (орбитална сончева опсерваторија).
1989  Кина објави вонредна состојба во Тибет по тридневните антикинески немири во јужната планинска провинција.
1993  Силите лојални на ирачкиот претседател Садам Хусеин, според западни извори, во Басра и други градови во јужниот дел на Ирак убија најмалку 400-на учесници на бунтот против централната власт


Родени

1875  Морис Равел, француски композитор.


Починале

1543  Антонио Алегри Кореџо, италијански сликар, еден од творците на барокното сликарство.
1999  Стенли Кјубрик, американски филмски режисер.


Празници 6 март (празници)

[уреди] 7 март

Настани

1957  Двете некогашни британски колонии - Златниот Брег и Тоголанд се обединија и ја формираа независната држава Гана.
1978  Почна емитувањето на Втората програма на Телевизија Скопје.
1980  Француската писателка Маргарет Јурсенар е избрана за член на Француската академија на науките. Со тоа таа влезе во историјата како прва жена, член на француската институција.


Родени

1693  Папа Климент XIII, римски папа.
1475  Микеланџело, италијански скулптор, сликар, градител и поет.
1765  Жозеф Нисефор Ниепс, француски пронаоѓач.
1864  Александар Радев, македонски деец и бугарски политичар.
1872  Пит Мондријан, холандски сликар и теоретичар.
1875  Морис Равел, француски композитор.
1936  Ристо Миљановски, македонски поет и раскажувач.
1937  Валентина Владимировна Терешкова, советски космонаут.
1952  Тоде Илиевски, македонски писател.
1953  Благоја Стефановски, македонски политичар.
1959  Илија Велев, македонски поет, раскажувач.
1959  Владимир Талески, македонски поет, раскажувач.
1980  Лора Припон, американска актерка.
1984  Матје Фламини, француски фудбалер.


Починале

322 п.н.е.  Аристотел, велик македонско-старогрчки философ и научник.
161  Антонин Пиј, римски император.
1274  Тома Аквински, христијански теолог и свештеник.
1724  Папа Инокентие XIII, римски папа.
1891  Франц Миклошич, словенечки славист.
1945  Албрехт Пенк, германски геоморфолог.
1973  Перл Бак, прочуена американска писателка.
1975  Михаил Бахтин, руски филозоф.
1990  Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на „Нова Македонија“.


Празници 7 март (празници)

[уреди] 8 март

Настани

1658  Склучен Роскилдскиот мировен договор со кој Шведска добива неколку покраини од Данска и Норвешка.
1910  На II Mеѓународна конференција на жените социјалистки, организирана на иницијатива на Клара Цеткин во Копенхаген е одлучено датумот 8 март да се слави секоја година како „Меѓународен ден на жената“.
1945  Во Скопје првпат е прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг.
1946  Президиумот на Народното собрание донел закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија во „Народна Република Македонија“.


Родени

1566  Карло Џезуалдо, италијански композитор.
1879  Ото Хан, добитник на Нобелова награда.
1907  Константин Караманлис, грчки политичар.
1929  Ебе Камарго, бразилска актерка, водителка и пејачка.
1941  Христо Крстевски, македонски раскажувач, романсиер и есеист.
1977  Петар Ангелов, македонски ракометар.


Починале

1144  Папа Целестин II, римски папа.
1869  Хектор Берлиоз, француски композитор.
1917  Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушните бродови (балони), според него наречени Цепелин.
1923  Јоханес ван дер Валс, холандски физичар и математичар.
1942  Хозе Раул Капабланка, кубански шаховски велемајстор.


Празници

Меѓународен ден на жената


[уреди] 9 март

Настани

1776  Шкотскиот економист Адам Смит го објавува неговото капитално дело „Богатството на народите“.
1916  Прва Светска војна: Германија ѝ објавила војна на Португалија.
1956  Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република.
1966  Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија.
1987  Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во Иранско-ирачката војна.
1995  Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво.
1999  Претседателот на Иран, Мохамед Хатами, допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја.


Родени

1459  Америго Веспучи, италијански морепловец.
1776  Адам Смит го објавува неговото капитално дело Богатството на народите.
1814  Тарас Шевченко, украински писател.
1934  Јуриј Гагарин, советски космонаут.


Починале

1661  Жил Мазарен, истакнат француски политичар од италијанско потекло.
1782  Сава Петровиќ Његош, црногорски владика и митрополит.
1851  Ханс Кристијан Ерстед, дански физичар.
1994  Хенри Чарлс Буковски, поет и писател од САД.


Празници 9 март (празници)

[уреди] 10 март

Настани

241 п.н.е.  Римјаните ја поразуваат Картагинската флота, ставајќи крај на Првата Пунска војна
1912  Јуан Шикаи станува привремен претседател на Република Кина.
1945  Втора Светска војна: Токио е уништен во нападот на 300 американски бомбардери Б-29, при што загинаа околу 100.000 жители ја јапонскиот главен град.
1951  Фулгенцио Батиста извршува успешен државен удар во Куба.
1953  Во Скопје излезе првиот број на весникот „Просветен работник“, како орган на Здружението на просветните работници на НР Македонија. Од 11.11.1992 година излегува како гласило на Министерството за образование и физичка култура.
1990  Проспер Аврил е тргнат од власта во Хаити.
1992  Наместо терминот „милиција“, што се користеше во Република Македонија за припадниците на Министерството за внатрешни работи, почна да се употребува терминот „полиција“.
1993  Сухарто по шести пат е избран за претседател на Индонезија.
1997  Ватикан воспостави дипломатски односи со Либија.


Родени

1452  Фернандо II Арагонски, шпански владетел.
1503  Фердинанд I, монарх од Хабсбуршката династија.
1628  Марчело Малпиги, италијански доктор, анатом и биолог.
1845  Александар III, руски император.
1872  Христо Матов, македонски револуционер.
1936  Димитар Гогов, македонски поет.
1940  Чак Норис, американски глумец.
1942  Благоја Лактински, македонски поет.
1952  Морган Цвангираи, премиер на Зимбабве.
1957  Осама бин Ладен, саудиски терорист, основач на Ал-Каеда.
1958  Шерон Стоун, американска актерка.
1967  Фадил Руфати, поранешен член на ОНА.
1973  Џон Лекомп, американски музичар.
1975  Валентина Радуловиќ, македонска ракометарка.


Починале

483  Папа Симплициј, римски папа.
1830  Муцио Клементи, англиски композитор.
1861  Тарас Шевченко, украински писател.
1872  Џузепе Мацини, италијанскиот револуционер и демократ.
1940  Михаил Булгаков, руски новелист.
1965  Стале Попов, македонски писател.
1985  Константин Черненко, советски лидер.


Празници 10 март (празници)

[уреди] 11 март

Настани

1913  Велика Британија и Германија постигнаа Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун.
1917  Британските трупи го зазедоа Багдад во Првата светска војна.
1938  Трупите на фашистичкиот Трет Рајх влегоа во Австрија.
1945  Во Македонија почнаа првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеја до 25 март, за прв пат гласаа и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија.
1981  Започнуваат протести на Косово во кои се бара Косово да стане република и да излезе од прегратките на Србија.
1996  Република Македонија примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка.
1996  Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија е примена во Клубот на земјите членки на ФАРЕ.


Родени

1544  Торкуато Тасо, италиански поет.
1892  Артур Хонегер, француски композитор од швајцарско потекло, еден од најистакнатите полифоничари во современата француска музика.
1920  Благоја Ангеловски, филмски работник.
1931  Драган Ѓаконовски - Шпато, истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер.
1931  Драгутин Аврамовски - Гуте, истакнат македонски академски сликар и графичар.
1952  Даглас Адамс, англиски писател, драматург и музичар.


Починале

1908  Едмондо Амичис, италијански писател и патописец.
1955  Александар Флеминг, англиски микробиолог.
2006  Слободан Милошевиќ, некогашен претседател на Сојузна Република Југославија.


Празници 11 март (празници)

[уреди] 12 март

Настани

1365  Отворен е Универзитетот во Виена, една од најстарите установи од овој вид во светот. Првиот универзитет во Европа е основан во Болоња, во 1119 година, вториот во Париз, Франција, во 1150 година, третиот од Оксфорд, Англија, во 1214 година, четвртиот во Кембриџ, Англија, во 1229 година, петтиот во Прага, Чешка, во 1348 година, шестиот во Краков, Полска, во 1364 година итн.
1912  Американскиот капетан Алберт Бери го изведе првиот скок со падобран од авион.
1935  Персија го доби новото официјално име на земјата - Иран.
2003  Во Белград е извршен атентат врз српскиот премиер Зоран Џинџиќ.


Родени

1685  Џорџ Беркли, ирски философ.
1824  Густав Кирхоф, германски физичар.
1863  Габриеле Д'Анунцио, италијански поет.
1881  Мустафа Кемал Ататурк, прв турски претседател.
1913  Петар Богданов - Кочко, македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија.
1927  Гајо Петровиќ, хрватски марксистички философ.


Починале

1925  Сун Јат Сен, кинески револуционер и политичар.
1935  Михајло Пупин, физичар со светски углед.
1995  Мија Алексиќ, српски актер.
2003  Зоран Џинџиќ, српски премиер.


Празници 12 март (празници)

[уреди] 13 март

Настани

1781  Англискиот астроном од германско потекло Вилијам Хершел неочекувано ја откри седмата голема планета на Сончевиот систем која го доби името Уран. Ги откри двата од петте познати сателити на Уран и на Сатурн.
1969  Стапи во сила Меѓународната конвенција за ликвидирање на сите облици на расна дискриминација.
1992  Северозападна Турција ја зафати катастрофален земјотрес при што загинаа 653, а беа повредени околу 700 луѓе.
2005  Локални избори во Република Македонија, први по новата територијална поделба.


Родени

1615  Папа Инокентие XII, римски папа.
1733  Џозеф Пристли, англиски материјалистички философ, физичар и хемичар.
1781  Карл Фридрих Шинкел, германски архитект, урбанист и сликар.
1855  Персивал Лоуел, американски астроном.
1907  Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер.
1941  Махмуд Дарвиш, палестински поет.
1944  Атина Бојаџи, македонска пливачка.
1945  Анатолиј Фоменко, руски математичар.


Починале

1894  Александар II, руски император.
1879  Адолф Андерсен, германски шахист.
1933  Андон Димитров, македонски револуционер.
1965  Тeофан Стилиан Ноли, албанско-американски писател.
1987  Бошко Станковски, македонски политичар.
1975  Иво Андриќ, еден од најголемите писатели на поранешна Југославија.
1993  Петар Мазев, македонски академски сликар.
2006  Димитрие Османли, македонски режисер.


Празници 13 март (празници)

[уреди] 14 март

Настани

1844  Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај.
1891  Подморницата „Монарх“ постави телефонски кабел под Ламанш, што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа.
1944  Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.
1945  По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Пацификот, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија.
1965  Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија.
1995  Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во вселената со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур.
1996  Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
2001  Околу 11 часот со престрелки од тетовското кале започна конфликтот во Тетово.
2002  Судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешната ОНА, Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу.



Родени

1820  Виторио Емануел Втори, италијански крал, прв монарх на обединета Италија.
1862  Вилхелм Бјеркнес, основач на метеорологијата како наука.
1866  Алексеј Троицки, руски шаховски композитор.
1879  Алберт Ајнштајн, физичар, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката.
1927  Методија Симоновски, македонски етномузиколог и поет за деца.
1930  Бистрица Миркуловска, македонски поет, раскажувач, писател за деца и преведувач.


Починале

1883  Карл Маркс, германски политички философ.
1912  Петар Лебедев, истакнат руски научник, физичар.


Празници

Ден на бројот пи - Со одлука на Когресот на САД од 14 март 2009 година, овој ден е прогласен за празник на бројот π.


[уреди] 15 март

Настани

1776  Американскиот конгрес донесе одлука за укинување на зависноста од англиската круна. Независноста на САД е прогласена на 4 јули 1776 година.
1948  Воспоставен е редовен цивилен воздушен сообраќај меѓу Скопје и Белград и обратно.
1993  ПТТ „Македонија“, вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со мотив на знамето на Република Македонија.
1997  Во Заир бунтовниците го зазедоа Кисангани, трет по големина град во земјата и последно упориште на владините сили во источниот дел на државата.
2004  Формирана е Лугола, група на корисници на GNU/Линукс од Битола.


Родени

1767  Ендру Џексон, претседател на САД.
1915  Венко Марковски, македонски и бугарски поет.
1935  Ташко Георгиевски, македонски раскажувач.
1968  Милорад Улемек Легија, српски командант и атентатор на премиерот на Србија.
1975  Веселин Топалов, бугарски шаховски велемајстор.
1975  Ева Лонгорија, американска филмска и телевизиска актерка.
1981  Брис Гијар, француски мечувалец.


Починале

44 п.н.е.  Гај Јулиј Цезар, римски војсководец, политичар и писател, една од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја
493  Одоакар, италијански крал.
1903  Тома Давидов, бугарски офицер .
1937  Хауард Филипс Лавкрафт, американски писател.
1974  Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог.
2006  Јоргос Ралис, грчки политичар.


Празници 15 март (празници)

[уреди] 16 март

Настани

1987  Од Железничката станица во Скопје тргна првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје - Гевгелија.
2010  Во петтиот натпервар од Светската лига, ватерполо репрезентацијата на Македонија ја победи репрезентацијата на Грција со резултат 7:6. „Победата ѝ ја подарувам на македонскиот народ и Македонија бидејќи навистина заслужи, a Грците вечерва научија каде дојдоа и каде е Македонија. Ние им одржавме час по ватерполо.“ изјави тренерот на Македонија, Стеван Нонковиќ.


Родени

1480  Фернандо Магелан, португалски морепловец во служба на Шпанија.
1787  Георг Симеон Ом, германски физичар.
1953  Ричард Сталман, американски информатичар, основач на движењето за Слободен Софтвер


Починале

1925  Аугуст фон Васерман, познат германски лекар, научник - бактериолог.
1956  Ирена Жолио - Кири, ќерка на Пјер и Марија Кири, пронаоѓачи на радиумот
2010  Ксенија Пајчин - српска поп и фолк пејачка.


Празници 16 март (празници)

[уреди] 17 март

Настани

1891  Воспоставена е првата телефонска врска меѓу Лондон и Париз. Првата телефонска линија во Европа беше отворена во 1877 година во Берлин, во Германија. Пет години подоцна Берлин ја доби првата телефонска централа само со 48 претплатници. Тоа беа почетоците на телефонскиот сообраќај кој со голема брзина го освои светот.
1947  Во Скопје е формирана првата Хирушката клиника во Македонија.
1958  САД од космодромот Кејп Каневерал во орбитата околу Земјата го лансираа вториот американски сателит „ Вангард I“.
1963  При ерупција на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали загинаа најмалку 11.000 луѓе.
1969  Голда Меир, како прва жена во историјата на Израел ја презеде должноста премиер.
1992  Република Македонија и Република Словенија воспоставија дипломатски односи.
1998  Жу Ронгџи стана премиер на Кина.


Родени

1834  Готлиб Вилхелм Дајмлер, германски инженер.
1921  Иван Несторовски, македонски геолог.
1936  Никола Нака, македонски градежен инженер.
1943  Газанфер Бајрам, македонски академски сликар.
1955  Гери Синис, американски актер и режисер.
1986  Един Џеко, босански фудбалер.
1993  Кума Бабакар, сенегалски фудбалер.


Починале

180  Марко Аурелиј, римски цар и философ.
1782  Даниел Бернули, швајцарски лекар, физичар и математичар.
1956  Ирена Жолио - Кири, ќерка на Пјер и Марија Кири.
1973  Перл Бак, американска писателка.
1976  Лукино Висконти, италијански филмски режисер и сценарист, еден од зачетниците на наореалистичката филмска школа.
1988  Валтер Ниг, швајцарски теолог.


Празници 17 март (празници)

[уреди] 18 март

Настани

1871  Неофицијален почеток на Париската Комуна.
1962  Во швајцарското градче Евијан е потпишана Спогодба за прекин на огнот во Алжир, со што заврши осумгодишната војна за ослободување на таа земја од француската колонијална власт.
1996  Амбасадата на САД во Скопје започна со издавање визи.
1996  Претседателот на САД, Бил Клинтон го именува Кристофер Хил за амбасадор во Република Македонија.


Родени

1780  Милош Обреновиќ, српски кнез.
1844  Николај Римски Корсаков, руски композитор.
1858  Рудолф Дизел, германски инженер и научник.
1869  Артур Невил Чемберлен, британски политичар.
1877  Едгар Кејси, американски парапсихолог и јасновидец.
1926  Ташко Белчев, Ташко Белчев.
1932  Џон Апдајк, амеркинаски писател.
1938  Стојан Георгиев Томовичин, македонски национален деец.
1947  Стево Црвенковски, македонски политичар.
1960  Стив Кловс, американски сценарист.
1963  Ванеса Вилијамс, американска актерка и пејачка.
1970  Квин Латифа, американска пејачка и актерка.
1987  Дмитриј Тарасов, руски фудбалер.
1989  Сергеј Паршивљук, руски фудбалер.


Починале

235  Александар Север, римски император.
1227  Папа Хонориј III, римски папа.
1314  Жак де Моле, последниот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
1584  Иван IV, руски цар.
1909  Кузман Шапкарев еден од најзначајните собирачи, публикатори, афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари.
1913  Георги I, крал на Грција.
1936  Елефтериос Венизелос, грчки револуционор.
1947  Михаил Герџиков, бугарски револуционер.
1980  Ерих Фром, германски философ и психоаналитичар.


Празници 18 март (празници)

[уреди] 19 март

Настани

1628  Англичаните во Америка ја основаа колонијата Масачусетс.
1903  Идеологот на ТМОРО, Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Ангиста, серско во Егејска Македонија. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт.
1943  Основана е Комунистичката партија на Македонија, како македонска секција на Сојузот на комунистите на Југославија.


Родени

1590  Вилијам Брадфорд, англиски предводник на основачите на колонијата Плимут во Масачусетс.
1629  Алексеј I Романов, руски цар.
1813  Дејвид Ливингстон, шкотски истражувач на африканскиот континент.
1873  Макс Регер, германски композитор, пијанист и музички педагог, претставник на доцниот романтизам.
1900  Фредерик Жолио – Кири, француски физичар.
1910  Страхил Андреевски, македонски боксер.
1943  Митко Маџунков, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и есеист.
1949  Валери Леонтиев, советски и руски поп пејач.
1955  Брус Вилис, американски актер.
1956  Јегор Гајдар, руски економист.
1960  Тодор Петров, македонски политичар.
1971  Лазар Еленовски, Министер за одбрана на Република Македонија.
1976  Алесандро Неста, италијански фудбалер.
1977  Емил Калешковски, македонски поет.
1979  Хедо Туркоглу, турски кошаркар.
1979  Иван Љубичиќ, хрватски тенисер.
1981  Коло Туре, фудбалер од Брегот на Слоновата Коска.


Починале

1241  Александар III, шкотски крал.
1721  Папа Климент XI, римски папа.
1987  Луј де Броли, француски нобеловец.
1982  Адем Гајтани, македонски поет и преведувач.
2008  Артур Ч. Кларк, британскиот писател.


Празници 19 март (празници)

[уреди] 20 март

Настани

1602  Создадена е Холандиската источноиндиска компанија
1616  Волтер Роли бил ослободен од Лондон тауер по 13 години затвор
1760  Избувнал голем пожар во Бостон.
1792  Законодавното собрание на Франција официјално го одобрилo предлогот за користење на гилотината како средство за погубување
1815  Наполеон Бонапарта со 140.000 војска влегува во Париз
1848  Германска револуија (1848): баварскиот крал Лудвиг I абдицира од престолот
1861  Голем земјотрес го зафатил градот Мендоза, Аргентина
1933  Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор.
1956  Франција ја призна независноста на Тунис.
1991  Каледа Зија е избрана за премиер за Бангладеш.
1991  По одржаните повеќепартиски избори во Република Македонија, во Скопје е формирана првата Влада на Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев.
1992  Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет (MOK). За претседател е избран Васил Тупурковски.
1996  Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство.
1996  Излезе првиот број на весникот „Дневник“.


Родени

1497  Атахуалпа, последен владетел на Тавантинсују.
1725  Абдул Хамид I, отомански султан.
1811  Наполеон II, француски император.
1828  Хенрик Ибзен, норвешки писател.
1875  Сингман Ри, прв претседател на Јужна Кореја.
1952  Сами Шаќири, поранешен член на ОНА.
1955  Перихан Ејупи - Туна, македонска актерка.
1955  Васо Николовски, македонски поет.
1987  Емилија Атијас, аргентински модел.


Починале

1191  Папа Климент III, римски папа.
1413  Хенри IV, англиски крал.
1727  Исак Њутн, англиски физичар, математичар и астроном.
1894  Лајош Кошут, претедател на Кралството Унгарија.
1980  Волче Наумчески, македонски писател.
2001  Хајредин Арифи, поранешен член на ОНА.


Празници 20 март (празници)

[уреди] 21 март

Настани

1413  Хенри V станува крал на Англија.
1829  Во земјотресот што ја зафати Шпанија загинаа 6.000 луѓе.
1884  Во Франција се легализирани синдикатите.
1918  Прва Светска војна - Започнува втората битка на реката Сома.
1960  Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација.
1963  Затворен е најозогласениот затвор Алкатраз во Сан Франциско, Калифорнија.
1977  Индискиот премиер Индира Ганди поднесе оставка на функцијата.
1990  Намибија (поранешна Југозападна Африка) по 75 години стекна независност од Јужноафриканската Република.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
1998  Основана е Демократската алтернатива.
1999  Бертранд Пикард и Брајан Џонс стануваат првите кои го обиколиле светот во летечки балон.
2000  Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори допатува во прва официјална посета на Израел.
2006  Градскиот совет на општина Битола донесе одлука за промена на грбот на градот.


Родени

1685  Јохан Себастијан Бах, германски композитор, еден од најголемите композитори во историјата на музиката.
1713  Франсис Левис, американски пејач.
1768  Жозеф Фурие, француски математичар и физичар .
1801  Марија Тереза од Токсана, кралица на Сардинија.
1806  Бенито Хуарез, претседател на Мексико.
1817  Жозеф Пуларт, белгиски архитект.
1839  Модест Мусоргски, руски композитор.
1913  Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет.
1931  Блаже Ристовски, македонски академик.
1935  Томас Шапкот, австралијански поет, романсиер, драматург.
1942  Киро Донев, македонски писател за деца.
1949  Славој Жижек, словенечки марксистички философ.
1954  Ирфан Беќур, македонски поет.
1960  Ајртон Сена, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на „Формула 1“.
1961  Лотар Матеус, германски фудбалер.
1962  Метју Бродерик, американски актер.
1963  Роналд Куман, фудбалер и тренер.
1980  Роналдињо, бразилски фудбалер.
1991  Ника Пилиев, руски фудбалер.


Починале

1556  Томас Кранмер, лидер на Англиската реформација.
1656  Џејмс Ушер, англиски надискуп.
1752  Никола Луј де Лакај, француски астроном.
1910  Надар, француски фотограф.
1915  Фредерик Тејлор, машински инженер.
1936  Александар Глазунов, руски композитор и диригент.
1987  Роберт Престон, американски актер.
1991  Ведат Далокај, турски архитект.
1994  Лили Дамите, француска актерка.
1994  Дак Рамбо, американски артист.
1998  Галина Уланова, руска балерина.


Празници

Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација


[уреди] 22 март

Настани

238  Гордијан I и неговиот син Гордијан II се прогласени за римски императори.
1312  Папа Климент V го укинува темпларскиот ред, основан во 1118 година во Палестина.
1822  САД ја забранува полигамијата.
1879  Софија станува престолнина на новосоздаденото Кнежество Бугарија.
1919  Унгарија станува советска република
1919  Воспоставена е првата меѓународна авионска линија меѓу Париз и Брисел.
1922  Персија официјално го променува своето име во Иран.
1933  Отворен е концентрациониот логор Дахау.
1943  Сите Евреи од Македонија кои беа собрани од страна на Бугарскиот окупатор во Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските фашисти.
1945  Египет, Ирак, Јордан, Либан и Сирија во Каиро ја формираа Арапската лига.
1983  Хаим Херцог е избран за претседател на Израел.
1995  Космонаутот Валери Полаков се вратил од космосот, поставувајќи нов рекорд- 436 денови.
1996  Македонската академија на науките и уметностите е примена за член на Асоцијацијата на европските академиии.
2004  Духовниот лидер на палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас), шеикот Ахмед Јасин загина при израелски воздушен напад во Газа.
2004  Македонскиот премиер Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската Унија.
2009  Одржан првиот круг од Претседателските избори во Република Македонија.


Родени

1459  Максимилијан I, германски крал и цар на Светата Римска империја.
1876  Бора Станковиќ, српски писател.
1912  Карл Малден, американски глумец.
1923  Марсел Марсо, француски актер.
1938  Тришо Стојановски, македонски писател и новинар.
1940  Лилјана Белева, македонски писател.
1947  Џејмс Патерсон, американски писател.
1948  Андру Лојд Вебер, британски композитор.
1950  Горан Бреговиќ, музичар, лидер на групата Бело Дугме.
1957  Борис Домагој Билетиќ, хрватски писател.
1958  Жан Виденов, премиер на Бугарија.
1976  Рис Витерспун, американска артистка.
1978  Нинослав Константиновиќ, еден од учесниците во атентатот врз Зоран Џинџиќ.
1980  Вели Мумин, македонски боксер .
1985  Мухамед Ал Анбар, фудбалер од Саудиска Арабија.


Починале

752  Папа Захариј, римски папа од 10 декември 741.
1687  Жан Батист Лили, француски композитор.
1832  Јохан Волфганг Гете, германски писател и учесник на многу книжевни струења и правци.
1852  Огист Мармон, француски маршал.
1916  Фердинанд Фелнер, австриски архитект.
1955  Иван Шубашиќ, хрватски политичар и правник.
2004  Ахмед Јасин, лидер во Хамас.
2005  Кензо Танге, јапонски архитрект.
2006  Пјер Клостерман, пилот од Втората светска војна.


Празници

1970  Ден на планетата Земја


[уреди] 23 март

Настани

1309  Папата Клемент Петти ја преместил папската престолнина во Авињон, Франција.
1801  Александар I станал цар на Русија.
1806  Англија ја забранила трговијата со робови.
1821  Грчка војна за независност: Паднал градот Каламата.
1879  Започнала јужноамериканската Пацифичка војна .
1918  Литванија се здобила со независност.
1919  Во Милано, Италија Бенито Мусолини го основал Фашистичкото политичко движење.
1933  Рајхстагот на Германија го донел Овластувачкиот закон со кој на канцеларот Адолф Хитлер му доверил диктаторски овластувања.
1956  Пакистан станал исламска република
1961  Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата и на водите.
1994  Министерството за односи со странство на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Турција примило нота од Министерството за надворешни работи на Република Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава.
1996  Во Скопје, САД официјално го промовирале првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил.
2003  Словенија на референдум изгласала декларација за приклучување на земјата кон ЕУ.


Родени

1868  Дитрих Екарт, германски политичар.
1900  Ерих Фром, германски философ и психоаналитичар.
1908  Џоана Крафорд, американска актерка, една од најславните актерки на Холивуд.
1912  Вернер фон Браун, германски физичар.
1940  Ристо Шишков, македонски театарски, филмски и телевизиски артист.
1956  Жозе Мануел Баросо, претседател на Европската комисија.
1962  Стив Редгрејв, британски веслач.
1968  Фернандо Јеро, шпански фудбалер.
1968  Дамон Албарн, англиски пејач.
1973  Јержи Дудек, полски фудбалски голман.
1977  Трајче Стојанов, македонски философ.
1985  Џонатан Ивер, француски велосипедист.


Починале

1103  Одо I, војвода од Бургундија.
1361  Хенри Гросмонт, војвода од Ланкастер.
1369  Петер од Кастилја, крал на Кастилја од 1350.
1555  Папа Јулиј III, римски папа од 1550.
1801  Павле I , руски император.
1842  Шари Анри Бејл, (Стендал), француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам.
1907  Константин Победоносцев, руски државник и правник.
1948  Николај Александрович Берѓаев, руски философ.
1937  Џон Дејвисон Рокфелер, бил американски индустријалец и филантроп.
1993  Џулиета Масина, италијанска артистка.
2008  Борис Дворник, хрватски актер.
2011  Елизабет Тејлор, британско-американска актерка.


Празници

1961  Светски ден на метеорологијата и на водите
  Св. маченик Кодрат Коринтски, православен верски празник.
  Св. Турбиј Монгровејски, католички верски празник.


[уреди] 24 март

Настани

1783  Шпанија ја призна независноста на САД.
1882  Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата.
1923  Грција станува република.
1949  Во Скопје е формиран Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, кој од 2.06.1953 година го носи денешното име - Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“.
1972  Велика Британија воспостави директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите.
1976  Во Аргентина е извршен воен удар против претседателката Изабела Перон.
1980  Салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро е убиен од страна на десничарски терористи.
1990  Шри Ланка ја напуштија 2.000 индиски војници, последни од контигентот од 50.000, кои две ипол години безуспешно се обидуваа да помогнат во напорите за ставање крај на вооруженото востание на тамилските герилци против централните власти во Коломбо.
1993  Езер Вајцман е избран за седми претседател на Израел.
1997  Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17.05.1997 година - „Спасител '97“.
1997  Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
1999  Започна бомбардирањето на СР Југославија во воената операција „Сојузничка сила“ со која силите на НАТО алијансата ја протераа југословенската војска и полиција од територијата на српската покраина Косово.
1999  39 луѓе загинаа кога белгиски транспортен камион кој превезувал брашно и маргарин се запалил во тунелот Мон Блан.


Родени

1494  Георг Агрикола, германски научник.
1782  Орест Кипренски, руски уметник.
1820  Александар Бекерел, француски физичар.
1834  Вилијам Морис, англиски писател.
1848  Јован Атанацковиќ, српски генерал.
1870  Петар Кушев, македонски лекар.
1874  Хари Худини, американски илузионист.
1897  Вилхелм Рајх, австриски психоаналитичар.
1919  Ристо Ѓорѓевски, македонски психолог.
1921  Василиј Смислов, советски шахист.
1926  Дарио Фо, италијански писател.
1930  Стив Меквин, американски актер.
1937  Фејзи Бојку, македонски писател за деца.
1944  Воислав Коштуница, српски премиер.
1956  Стив Балмер, американски бизнисмен.
1981  Адам Вилер, американски борач.
1984  Крис Бош, американски кошаркар.
1986  Наталија Дил, бразилска актерка.


Починале

1603  Елизабета I, англиска кралица
1905  Жил Верн, француски писател.
1946  Александар Александрович Алехин, руски шаховски велемајстор, еден од најголемите мајстори во историјата на шахот.
1971  Арне Јакобсен, дански архитект.
1980  Оскар Ромеро, салвадорски надбискуп.


Празници 24 март (празници)

[уреди] 25 март

Настани

1821  Грците на Пелопонез започнаа востание против Турција, кое заврши по 12 години со признавање на независност на Грција.
1860  На традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби ловоров венец за поемата „Сердарот“.
1957  Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија ги потпишаа Римските договори за создавање Заеднички пазар. Организацијата го доби името Европска економска заедница, потоа Европска Заедница, а денес Европска унија.
1997  Австралискиот сенат го укина законот за евтаназија, единствен закон во светот според кој беше дозволено самоубиство на пациентите кои боледуваат од неизлечливи болести со помош на медицинскиот персонал.
2000  Основан е Демократскиот сојуз.
2009  Клаус Чичер е избран за премиер на Лихтенштајн.


Родени

1479  Василиј III Московски, нез на Московското кнежество.
1867  Артуро Тосканини, италијански оперски и симфониски диригент, еден од најпознатите диригенти на сите времиња.
1873  Нестор Алексиев Мирчевски, последен од големата тајфа македонски резбари.
1884  Арсениј Јовков, македонски револуционер и публицист.
1886  Атинагора Константинополски, патријарх на Константинопол.
1911  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј, поглавар на Македонската православна црква.
1921  Александра, кралица на Југославија.
1928  Џим Ловел, американски астронаут.
1930  Цветко Мартиновски, македонски раскажувач и преведувач.
1962  Марша Крос, американска актерка.
1965  Сара Џесика Паркер, американска актерка.


Починале

1902  Методија Патче, македонски револуционер.
1903  Геле Трсијански, македонски револуционер.
1918  Клод Дебиси, прочуен француски композитор.
1980  Роланд Бартс, француски литературен теорист.
1993  Борка Аврамова, македонска скулпторка.
2001  Фадил Руфати, поранешен член на ОНА.
2001  Сервет Хајредини, поранешен член на ОНА.


Празници 25 март (празници)

[уреди] 26 март

Настани

1953  Доктор Џонас Едвард Салк, американски микробиолог го објави откривањето на новата вакцина против детска парализа.
1979  По разговорите во Кемп Дејвид, Израел и Египет склучија мировен договор во Вашингтон. Со тоа е завршена воената состојба меѓу двете земји, што траеше од 1948 година.
2000  Претседателски избори во Русија: Владимир Путин е избран за претседател.


Родени

1832  Мишел Бреал, француски лингвист.
1901  Лазар Личеноски, македонски сликар.
1914  Тенеси Вилијамс, американски драмски писател.
1949  Патрик Зискинд, германски писател и сценарист.
1964  Илија Најдоски, македонски фудбалер.


Починале

1827  Лудвиг Ван Бетовен, германски композитор, еден од најголемите композитори на сите времиња.


Празници 26 март (празници)

[уреди] 27 март

Настани

1968  При еден пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, првиот човек кој полета со космички брод во вселената, херој на Советскиот Сојуз. На 12.04.1961 година, со космичкиот брод „Восток“ ја обиколи Земјата за 108 минути, летајќи на височина помеѓу 181 и 327 километри. По поминатите 41.000 километри, успешно се спушти на Земјата.
1977  Во Санта Круз, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници.
1992  Последниот војник на некогашната ЈНА ја напушта територијата на Република Македонија.
1999  Над територијата на СР Југославија е соборен американски стелт бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар.


Родени

972  Робер II Побожниот, крал на Франција.
1785  Луј XVII, крал на Франција.
1845  Вилхелм Конрад Рентген, германски физичар, професор на неколку универзитети во Германија.
1886  Лудвиг Мис ван ден Рое, американски архитект.
1918  Борис Чипан, македонски архитект.
1963  Квентин Тарантино, американски режисер.
1990  Наталија Санчез, шпанска глумица и пејачка.


Починале

1378  Папа Григур XI, римски папа.
1462  Василиј II Московски, московски кнез.
1625  Џејмс I, крал на Англија.
1770  Џовани Батиста Тјеполо, венецијански уметник.
1918  Мартин Шеридан, американски атлетичар.
1972  Мауриц Корнелис Ешер, холандски графички уметник.
2006  Станислав Лем, полски писател на научна фантастика.


Празници 27 март (празници)

[уреди] 28 март

Настани

1953  Доктор Џонас Едвард Салк, американски микробиолог го објави откривањето на новата вакцина против детска парализа.
1979  По разговорите во Кемп Дејвид, Израел и Египет склучија мировен договор во Вашингтон. Со тоа е завршена воената состојба меѓу двете земји, што траеше од 1948 година.
2000  Претседателски избори во Русија: Владимир Путин е избран за претседател.


Родени

1483  Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството.
1749  Пјер Симон Лаплас, француски астроном, физичар и математичар.
1868  Алексеј Максимович Пешков, алијас Максим Горки, руски, односно советски писател, еден од основачите на советската книжевност.
1986  Лејди Гага, американска пејачка.


Починале

1941  Вирџинија Вулф, англиска писателка и есеист
1943  Сергеј Василевич Рахманинов, руски композитор, пијанист и диригент.
1969  Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар.
1985  Марк Шагал, еден од најоргиналните европски сликари; создаде фантастични композиции од животот на Евреите и на руските селани.


Празници 28 март (празници)

[уреди] 29 март

Настани

1867  Британската Влада во северниот дел на Америка го формира доминионот Канада со три покраини: Канада, Нова Шкотска и Њу Бранзвик. Со Вестминстерскиот статут од 1913 година Канада и формално стана независна држава на британскиот Комонвелт.
1945  Со истоварувањето на специјални диверзантски трупи на американската морнарица почна борбата за Окинава, крстосница на Исток, бидејќи е еднакво оддалечена од Јапонија, Кина и Формоза. Во крвавите борби американските десантни единици загубија околу 50.000 луѓе, а јапонските околу110.000 луѓе.
1967  Франција ја пушти в море првата нуклеарна подморница.
1973  Последниот контигент американски трупи го напушти Виетнам и со тоа заврши директното воено учество на САД во долгогодишната Виетнамска војна.


Родени

1790  Џон Тајлер - претседател на САД.
1885  Деже Костолањи - унгарски поет и раскажувач.
1870  Павлос Мелас - грчки офицер.
1899  Лаврентиј Берија - советски политичар.
1940  Аструд Жилберто, бразилска пејачка на боса нова.
1943  Вангелис, грчки композитор на електронска музика.
1944  Разме Кумбароски, македонски поет, романсиер и преведувач.
1954  Ахмед Демир Доган, бугарски политичар.
1965  Красимир Каракачанов, бугарски политичар.


Починале

1058  Папа Стефан IX, римски папа.
1772  Емануел Сведенборг, шведски научник.


Празници 29 март (празници)

[уреди] 30 март

Настани

1867  Потпишан е Договор меѓу САД и Царска Русија со кој, САД од Царска Русија ја купија Алјаска за 7,2 милиони американски долари.
1940  Јапонија воспостави маронетска влада во окупираната Кина.
1960  Во САД, во вселенската база Кејп Кенеди е лансиран првиот метеоролошки вештачки сателит „Тајрос - 1“.
1967  НАТО официјално го напушти своето седиште во Париз.
1973  Последниот контигент американски војници го напушти јужниот дел на Виетнам.
1979  Кинескиот премиер и реформатор Денг Сјаопинг ги прогласува неговите „Четири основни начела“ за социо-политичката иднина на НР Кина.
1992  Република Македонија и Република Хрватска со размена на ноти склучија спогодба за воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на амбасади.
1994  Во Стразбур, Република Македонија пристапи на 15 конвенции на Советот на Европа.


Родени

1746  Франциско Хосе де Гоја, шпански сликар и гравер.
1853  Винсент ван Гог, голем холандски сликар, зачетник на пост-импресионизмот.
1894  Сергеј Владимирович Иљушин, водечки советски конструктор на авиони.


Починале 30 март (починале)

Празници 30 март (празници)

[уреди] 31 март

Настани

1492  Кралицата Изабела I од Кастилја го издала Декретот од Алхамбра со кој им наредила на своите 150.000 Еврејски поданици да го примат христијанството или ќе бидат прогонети.
1889  Во Париз свечено е отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри, што ја проектирал Густав Ајфел.
1918  Летното сметање на времето за првпат се применува во САД.
1931  Земјотрес ја разурнал Манагва, главниот град на Никарагва, при што загинале 2.000 луѓе.
1951  Првиот комерцијален компјутер УНИВАК-I е испорачан во Бирото за попис на САД.
1979  Малта станала независна држава откако и последниот британски војник заминал од Малтешките острови. Овој ден на Малта се прославува како Ден на слободата.


Родени

1499  Папа Пиј IV, римски папа.
1519  Анри II, крал на Франција.
1596  Рене Декарт, француски философ, математичар и физичар.
1675  Папа Бенедикт XIV, римски папа.
1732  Франц Јозеф Хајдн, австриски композитор.
1809  Николај Васиљевич Гогољ, руски писател, хуморист и сатиричар.
1850  Чарлс Волкот, американскиот палентолог.
1981  Никола Карчев, македонски фудбалер.


Починале 31 март (починале)

Празници 31 март (празници)


Јануари - Февруари - Март - Април - Мај - Јуни - Јули - Август - Септември - Октомври - Ноември - Декември

Начин на користење на шаблоните во рубриката
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици