Раул Меирелеш
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Полно име | Раул Хосе Триндаде Меирелеш | ||
| Роден на | 17 март 1983 | ||
| Роден во | Порто, Португалија | ||
| Висина | 1.80м | ||
| Положба | средишен играч | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб | Фенербахче | ||
| Број | 16 | ||
| Младинска кариера | |||
| 1999–2001 | Боависта | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 2001–2004 | Боависта | 29 | (0) |
| 2001–2003 | → Авес (позајмица) | 42 | (1) |
| 2004–2010 | Порто | 138 | (15) |
| 2010–2011 | Ливерпул | 35 | (5) |
| 2011–2012 | Челзи | 34 | (2) |
| 2012- | Фенербахче | 19 | (2) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 2003–2005 | Португалија У21 | 26 | (2) |
| 2004– | Португалија | 62 | (8) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 17 мај 2012. † Appearances (Goals). |
|||
Раул Хосе Триндаде Меирелеш (роден 17 март 1983 г.) е португалски фудбалер кој моментално игра за Фенербахче како средишен играч во Супер лигата.
Раул Меирелеш својата кариера ја започнал во Боависта, но бил позајмен на Депортиво Авес во втората португалска лига, каде што го направил своето професионално деби. По две години поминати на позајмица, Меирелеш се вратил во Боависта каде што го направил своето деби во Португалската Примеира.
Поради добрите игри во дресот на Боависта, тој потпишал договор со португалскиот гигант Порто со кој ја освоил Португалската Примеира три пати по ред, а на тоа додал и два Португалски Купа, и три Португалски Суперкупови.
Во 2010 тој се преселил во Ливерпул каде бил избран од навивачите за играч на годината. Во август 2011, Меирелеш потпишал за Челзи. Од кога потпишал со Челзи, тој славел по повод освојувањето на Лигата на Шампионите и ФА Купот.
На меѓународно ниво, Меирелеш за прв пат бил повикан за репрезентацијата на Португалија во 2006 година. Потоа со репрезентацијата тој играл на Европското првенство 2008, Светското првенство 2010 и на Европското првенство 2012.