Сердарот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сердарот 
Serdarot.jpg
Автор Григор Прличев
Наслов на
оригиналот
'Ο Αρμάτωλος'
Преведувач Георги Сталев
Земја Грција
Јазик грчки
Жанр(ови) поема
Издадена прво издание: 1860 година во Грција

„Сердарот“ (грчки: Ο Αρμάτωλος) — најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Делото е напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во натпреварот за најдобра поема на грчки јазик (што секоја година се одржувал во Атина), и ја добива наградата Ловоров венец, како и парична награда. Поради силниот впечаток што ја оставила оваа поема, Прличев бил наречен „Втор Хомер[1]. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк, и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд [1]. За успехот што го направил со „Сердарот“, Прличев во својата „Автобиографија“, ќе каже:

Поемата е оригинално напишана на грчки јазик, под насловот „О Арматалос“ (Ο Αρματωλος), но при крајот на животот Прличев ќе направи обид да ја преведе на македонски јазик [1]. Единствениот зачуван дел од авторовиот превод се следниве стихови (се гледаат јасни отстатоци од старословенскиот јазик):

Плачам тътнет Галешник народным.
Кто зло вас, братие, постигло?
Иль плоды вам град побил немирный,
иль стада вам звере потребили?
Ни плоды нам град побил немирный,
ни стаса нам звере потребили,
нь сгубили люты арнауты
наша слава Кузмана Сердара,
десна ръка Джеладимбегова,
и нам тъпчят скверными ногами
гъсты горы, прежде непристъпны.
Така с рыданъем инвари вещали
и жены их драпали си лица
с писком....


Карактеристики на делото[уреди]

Во основа, во „Сердарот“ се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век, век во западна Македонија, односот регионот помеѓу Галичник, Река (област), и селото Стан. Пистелот Борис Вишински во својот предговор кон второто издание на „Арматолос“ истакнува:

Поемата е составена од стихови во јамбови петнаесетерци што се заменуваат со осмерци. Поради тоа заменување по ред на бројот на слоговите (15 и 8) и на местото на метричкиот акцент, кој во непарните стихови паѓа на претпоследниот слог, додека пак на парните паѓа на последниот слог и со тоа Прличев успеал да ја избегне монотонијата во ритмот. Други два елемента што внесуваат варијаци се трохејските стопи со кои започнуваат многу стихови како и пречекорувањата што ја менуваат строгата звучна шема на стиховите. Последен важен елемент за одбележување на стихотворната способност на поетот е квалитетот на римата. Зборовите со еднаков звук на крајот, ретко спаѓаат во истиот граматички вид на зборови. По правило тие се од разни зборови и во различни падаежи, што е мошне тешко да се постигне [2].

Примери:

  • συμφορά (симфорá) — е именка од женски род, во номинатив еднина
  • γοερά (гоерá) — е прилог што не се менува
  • ακρίς (акри́с) — е именка од женски род, номинатив еднина
  • βερείε (вари́с) — придавка од машки род, акузатив во множина
  • Γέγης (Гéгис) — е именка од машки род, номинатив еднина
  • στέγης (стéгис) — е именка од женски род во гемитив еднина

Структура[уреди]

Структурата на оваа поема е навистина структура на угледно уметничко дело [2]. Прличев успеал на еден драматичен начин да ги кондезира сите детали од поемата во еден чуствителен момент, потчинувајќи го вистинското време, на барањето на уметничката инспирација. Сета поема се движи во рамките на едно попладне, но Прличев успева во тие рамки да вклучи се што му претходело, достигнувајќи до претците на херојот, и уште се што претстои да се случи, благодарение на заклетвата што мајката на херојот им ја наложува на албанските напаѓачи, а исто така и благодарение на овековечувањето на неговиот спомен што го прикажува како личен план (со секојдневната посета на свршеницата на гробот на херојот), така и на општествен план (со годишната процесија на девојките од Река, кои се собираат околу гробот за да ги воспеваат и прославуваат неговите подвизи, и уште на духовен план, со народниот пеач, кој е слеп и ја пее епиката, одејќи низ разни краишта [2].

Естетски елемент[уреди]

Од естетска гледна точка е значајна распределбата на делото на спротивни полови, кои заемно се урамнотежуваат и преставуваат зрачење од неговото централно јадро. Значајни мотиви на спротивност се:

  • Тиранија - борба за слобода
  • Неправда - борба за справедливост

соотвествуваат нивните персонификации:

  • многубројни напаѓачи, непријатели - малубројната група на Кузман
  • потчинети орачи - непокорната и бестрашна мајка на Кузман
  • веста во почетокот на делото - епилог на неговиот крај
  • бессолзната Цвета - големиот плач на мајката
  • молчењето на свршеницата пред таткото - нејзиното огорчено плачење кога останува сама, итн.

Во врска со естетиката на поемата Костас Кулуфакос истакнува:

Содржина[уреди]

Базирана врз мотивот на народната песна за Кузман Капидан, темата на поемата се развива во девет делови. Првиот дел, од девет четиристишија, со рима по двоики (по два стиха) е веста. Известува за смртта на херојот и битката. Во вториот дел се јавува мајката на Кузман Капидан и таа очекува да се врати нејзиниот син. Таа е вознемирена, зашто сонувала како и се руши куќата. Во третиот дел, непријателите ги носат посмртните на херојот и започнува плачот и се слушаат пискотници од Галичник во Река (алузија на жалоста на народот):

Пискотници се слушаат од Галичник во Река.
Што тешка несреќа ги збра,
и мажите и жените та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?

а тоа ги потресува и непријателите. Во четвртиот дел е прикажана борбата на Кузман кој ги растерал напаѓачите и неговата смрт. Во петиот дел напаѓачите му одаваат почит на Кузман со тоа што се заколнале дека нема да го напаѓаат неговиот дом. Мајката на Кузман ја отфрла заклетвата и бара од напаѓачите да не го напаѓаат повеќе народот на Река. Непријателите се согласиле на барањето. Во шестиот дел е оплкувањето на мајката на Кузман и преку неа се дознава родословното дрво на херојот. Во овој дел се забележуве лицето на калуѓерката Цвета, која без солзи го мие и кити херојот, како спротивен елемент на ликот на мајката.

Годините не ја намалиле онаа убост;
на лице свежест се гледа,
младешката сочност
не ја беше сменила грубост.
Таа е кутрата Неда,

Во седмиот дел е мајката на Кузман нредува да се донесат и другарите на херојот и тие да се закопаат со сите почести. Во осмиот дел сцената се одвива во домот на свршеницата на Кузман. Обичаите и налагале да се воздржи од лелеци поради загинувањето на херојот пред нејзиниот татко. Но штом таа останала сама и плачот одекнува горчлив и девојката се откажува од се овоземно за да стане калуѓерка. Деветиот дел е крајот на делото, во која се истакнува овековенчената слава на Кузман во иднината, преку посетите на неговиот гроб од страна на неговата свршеница и преку пеењето на слепиот пеач.

На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал,
го пее ова просјак сед;
а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднаш
го запишав од ред до ред.

Контрадикторности[уреди]

Трите белешки (симиоси)[уреди]

Во македонските изданија на „Сердарот“ низ годините што минувале не се објавени трите кратки белешки (симиоси) што се наоѓаале во првото оргинално издание на „Сердарот“ (Атина, 1860 година). Треба да се истакне дека првпат и единствен пат овие белешки се објавени во Сердарот од 1983 година, печатено од „Македонска книга“, под наслов „Мартолозот“ и овие белешки се наоѓаат на страна 116, меѓутоа се дадени само во грчкиот оргинал (факсимилно) и недостасува македонски превод. Најверојатно овие белешки не се објавени поради нивната содржина [3] Гане Тодоровски во однос на необјавените белешки истакнува:

Во следните редови ќе бидаат дадени трите оргинални белешки, кои се наоѓале во првото издание, првпат преведени на македонски јазик и објавени од страна на Гане Тодоровски во текот на научниот симпозиум на темата „Животот и делото на Григор Прличев“ одржан на 10 и 11 мај 1985 година во Скопје.

Сим. Алфа[уреди]

Сим. Вита[уреди]

Сим. Гама[уреди]

Две поеми: Ο Αρμάτωλος и Сердарот[уреди]

Германската научничка Доротеја Кадах во серија на статии објавени првенствено на германски јазик во Минхен, истакнала дека врз основа на двете постоечки верзии на поемата „Сердарот“ (грчката и македонската), треба да дојде до нова интерпретација на целата поема [4]. Доротеја при своите истражувања открила суштински разлики како во метриката и обемот, така и во основната народносна насоченост на двете варијанти [4]. Таа укажува на фактот дека во грчката верзија (оргиналот) на поемата се опишани борбите на две албански групации - христијани и мухамеданци, додека пак во преводот (преработката) на Прличев во новата македоска верзија на поемата (од 1870 година) која требало да му биде испратена на Јосип Јурај Штросмајер во стихот 397 главните херои се означени како Бугари, т.е македонски Словени [3].

Врз основа на оваа околност како и врз фактот дека грчката и македонската варијанта немаат ист број на стихови, односно преработената верзија има 145 стиха помалку во однос на првата верзија која има 912 стиха вкупно, Доротеја Кадах заклучува дека е потребна нова интерпретација на целата поема [4] и дека постојаат две поеми: Ο Αρμάτωλος и Сердарот [3] [5]. За разликите меѓу грчката и македонската верзија Тодор Димитровски истакнува:

Критики[уреди]

Григор Прличев кога ја создал првата верзија на поемата Сердарот, себе си се сметал за припадник на хеленското племе и бил фанатизиран вљубеник на грчкиот јазик и литература и затоа бил критикуван од своите современици како што биле: Кузман Шапкарев, Димитар Миладинов, архимандритот Антонин и други. Конкретни податоци за овие критики можаат да се најдаат во Автобиографијата на Прличев [3].

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Григор Прличев, Автобиографија, Библиотека атлас, Македонска книга, Скопје, 1967
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Костас Кулуфакос, Прличев му припаѓа на човештвото, Животот и делото на Григор С. Прличев, Зборник на трудови, Гоце Делчев, Скопје, 1986
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Гане Тодоровски, За потребата од едно ново читење на Прличевата поема Сердарот, Животот и делото на Григор С. Прличев, Зборник на трудови, Гоце Делчев, Скопје, 1986
  4. 4,0 4,1 4,2 Dorothea Kadach, Armatolos und Serdarot zur grichischen und slavischen Fassung von Grigor S. Prlicevs epischen Gedicht. In: Beitrage zur Sudosteuropa - Forschung. Analablich des II Internacionalen Balkanologen Kongresses in Athen, 7.V.1970, Munchen, 1970.
  5. 5,0 5,1 Тодор Димитровски, Разлики меѓу македонската и грчката верзија на поемата Сердарот, Од Пејчиновиќ до Рацин, Култура, Скопје, 1982