Рута Мејлутите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рута Мејлутите
220px}}
Рута Мејлутите на Летните олимписки игри 2012 во Лондон
Лични информации
Целосно име Рута Мејлутите
Националност Литванија Литванско
Роден на 19 март 1997 (1997-03-19) (17 г.)
Роден во Каунас, Литванија
Висина 1.72 м
Тежина 64 кг
Спорт
Спорт Пливање
Дисциплини Градно
Клуб Плимут Лендер

Рута Мејлутите (литв. Rūta Meilutytė; р. 19 март 1997) е литванска пливачка.[1] На 15 годишна возраст, таа веќе срушила девет женски литвански пливачки рекорди.[2] На Европскиот младински летен олимписки фестивал 2011 (Трабзон - Турција) Мејлутите го освоила златниот медал на 100 м градно, сребрениот медал на 50м краул и бронзениот медал на 100 м краул. На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Мејлутите го освоила златниот медал во дисциплината 100 м градно со време од 1:05.47, станувајќи првата Литванска пливачка од независноста на Литванија од 1990 година која освоила олимписки медал во пливање.[3][4] На 15 годишна возраст, таа е исто така најмладата литванска спортистка која успеала да освои олимписки медал. Во полуфиналето претходниот ден, таа го срушила Европскиот рекорд на 100 м градно со време од 1:05:21.

Личен живот[уреди]

Рута Мејлутите е родена во Каунас, Литванија во 1997 година, како ќерка на Саулиус Мејлутис и Ингрида Мејлутине. За време на своето детство Рута останала без својата мајка. Во март 2001, кога Рута Мејлутите имала 4 години, нејзината мајка починала во автомобилска несреќа.[5] Мејлутите има два постари браќа, Маргирис (20 години), кој е студент на право, и Миндаугас (24 години).[5] Таа започнала да плива на 7 годишна возраст.[6] На 13 годишна возраст таа се преселила од Каунас во Плимут, каде што живееле нејзиниот татко и нејзините браќа. Мејлутите е студентка на колеџот во Плимут во Англија.

Кариера[уреди]

Почетоци[уреди]

Во 2010 година, таа го срушила својот прв литвански пливачки рекорд на 50м и 100 м градно.

Летни олимписки игри 2012[уреди]

Поврзано: Пливање на Летните олимписки игри 2012

Откако обезбедила настап на Летните олимписки игри 2012, Мејлутите станала најмладата литванска пливачка која ке се натпреварува на Олимписките игри. Во својата прва дисциплина, во преелиминациите на 100 м градно, Мејлутите се пласирала прва, со време од 1:05.56, и го срушила литванскиот рекорд на 100 м градно. Во полуфиналето на 100 м градно, Мејлутите повторно се пласирала прва, повторно рушејќи го литванскиот рекорд како и европскиот рекорд, со време од 1:05.21. Во финалето на 100 м градно, таа го освоила златниот медал, со време од 1:05.47.[7][8][9]

Лични рекорди[уреди]

Од 3 август 2012 година.

Дисциплина Време Место Датум Белешка(и)
50 м градно (долг курс) 30.99 Маре Нострум 10 јуни 2012 НР
100 м градно (долг курс) 1:05.21 Лондон 29 јули 2012 НР/ЕР
50 м градно (краток курс) 30.58 Светски куп 23 октомври 2011 НР
100 м градно (краток курс) 1:08.30 Светски куп 22 октомври 2011 НР
50 м краул (долг курс) 25.55 Лондон 3 август 2012 НР
100 м краул (долг курс) 55.57 Британско пливачко првенство 7 март 2012 НР
200 м краул (долг курс) 2:02.68 7 мај 2012 НР
50 м грбно (долг курс) 30.99 НР
100 м грбно (долг курс) 1:07.30 НР
100 м мешано (краток курс) 1:02.19 Светски куп 23 октомври 2011 НР
200 м мешано (краток курс) 2:17.65 4 декември 2011 НР
  • НР = Национален рекорд; ЕР = Европски рекорд

Рекорди[уреди]

Тип Должина Дисциплина Време Натпреварување Локација Датум Години
ЕР 100 м Градно 1:05.21 Летни олимписки игри 2012 Лондон, Велика Британија 02012-07-2929 July 2012 15

Наводи[уреди]

  1. „Rūta Meilutytė“. www.london2012.com. архивирано од оригиналот на 5 декември 2012. https://archive.is/XRMU. конс. 29 јули 2012. 
  2. „Plaukikė Meilutytė toliau gerina Lietuvos rekordus“. Delfi.lt. http://sportas.delfi.lt/national/plaukike-rmeilutyte-toliau-gerina-lietuvos-rekordus.d?id=51011641. 
  3. „Lithuanian 15-year-old Ruta Meilutyte wins shock gold“. http://www.bbc.co.uk/sport/0/olympics/18906960. конс. 31 јули 2012. 
  4. „Ruta Meilutyte grabs a gold for Lithuania“. „Guardian UK“. 31 јули 2012. http://www.guardian.co.uk/sport/2012/jul/30/ruta-meilutyte-gold-lithuania-breaststroke?newsfeed=true. конс. 31 јули 2012. 
  5. 5,0 5,1 Be motinos užaugusią plaukikę pergalių keliu lydi tėvas“, lrytas.lt, 30 јули 2012 (конс. 2 август 2012).
  6. R.Meilutytės pirmasis treneris: ji verkė, kai tėtis neleido plaukti“, Kauno diena, 31 јули 2012 (конс. 2 август 2012).
  7. „Ruta Meilutyte grabs a gold for Lithuania“. „Guardian UK“. 31 јули 2012. http://www.guardian.co.uk/sport/2012/jul/30/ruta-meilutyte-gold-lithuania-breaststroke?newsfeed=true. конс. 31 јули 2012. 
  8. „15-year-old Plymouth schoolgirl Ruta Meilutyte takes shock 100m breaststroke gold“. „Daily Telegraph“. 31 јули 2012. http://www.telegraph.co.uk/sport/olympics/swimming/9439686/London-2012-Olympics-15-year-old-Plymouth-schoolgirl-Ruta-Meilutyte-takes-shock-100m-breaststroke-gold.html. конс. 31 јули 2012. 
  9. Тинејџерката Рута Мејлутите ја позлати Литванија

Надворешни врски[уреди]

Рекорди
Претходник
Русија Јулија Ефимова
100 м градно
Европски рекордер

29 јули 2012 - сè уште
Наследник
Наследник