Емил Калешковски
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Емил Калешковски | |
| Роден | Емил Калешковски 19 март 1977 Скопје, |
|---|---|
| Занимање | македонски поет, раскажувач, и преведувач. |
Емил Калешковски (Скопје, 19 март 1977) е македонски поет, раскажувач, и преведувач[1][2].
[уреди] Биографија
Калешковски е роден на 19 март 1977 година во Скопје. Објавува поезија, раскази и препеви во повеќе македонски литературни списанија. Досега ги има објавено поетските книги: Сновиденија на разорениот ум (1997), Ру (2001) и Сонцето понекогаш...(2006). Добитник е на наградата Студентски збор за најдобра дебитантска стихозбирка за 1997 година. Дел од неговата поезија е преведена и објавена на англиски, романски, словенечки, хрватски и други јазици. Живее и работи во Скопје.