Детска парализа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Детска парализа
Класификација и надворешни извори

Маж со atrophied десна нога од полиомиелитет
МКБ-10 A80, B91
МКБ-9 045, 138
DiseasesDB 10209
MedlinePlus 001402
eMedicine ped/1843 pmr/6
MeSH C02.182.600.700

Детска парализа (полиомиелитет) — болест предизвикана од инфекција со полиовирусот. Вирусот се шири преку директен лице-в-лице контакт , преку контакт со заразена слуз или секрет од нос или уста, или преку контакт со заразен измет. Вирусот навлегува низ устата и носот, се размножува во грлото и цревниот тракт, а потоа се апсорбира и се шири преку крвниот и лимфниот систем. Времето од заразување со вирусот до развивање на симптоми на болеста ( инкубација) се движи од 5-35 дена ( во просек 7-14 дена ) .

Ризик фактори[уреди]

Недостаток на имунизација против детска парализа, а потоа изложеност на детската парализа. Патување во области каде е развиен вирусот, со најголема веројатност да се појави полиомиелитет кај деца, бремени жени и стари лица. Полиомиелитетот е почест во лето и есен. Го напаѓа нервниот систем кај децата до 5 годишна возраст и предизвикува целосна парализираност. Полио-вакцината може да го заштити детето за цел живот. Во Република Македонија имунизацијата против полиомиелитет е задолжителна и континуирана во текот на целата календарска година согласно со годишен Календар за задолжителна имунизација. Помеѓу 1840 и 1950 год., детската парализа била светска епидемија. Со развојот на полио-вакцините, инциденцата на полиомиелитетот значително се намалила. Вирусот е истребен во голем број земји. Имало мал број случаи на детска парализа во западната хемисфера од крајот на 1970-тите. Епидемии уште се случуваат во развињениот свет, обично во групи луѓе кои не биле вакцинирани. Благодарение на една голема, глобална кампања за вакцинација во текот на изминатите 20 години, детската парализа постои само во неколку земји во Африка и Азија.

Симптоми и знаци[уреди]

Постојат три основни видови на полио-инфекција: субклинички инфекции, непаралитични и паралитични. Околу 95% од инфекциите се субклинички инфекции, кои не можат да имаат симптоми. Субклиничка инфекција: генерална непријатност или немир ( малаксаност), главоболка, зацрвенето грло, мала треска, воспалено грло, повраќање. Луѓето со субклиничка полио-инфекција може да немаат симптоми, или симптомите може да траат 72 часа или помалку.

Клиничкиот полиомиелитет[уреди]

Клиничкиот полиомиелитет влијае врз централниот нервен систем ( мозокот и рбетниот мозок) и е поделен во непаралитична и паралитична форма. Може да се случи по закрепнувањето од субклиничка инфекција. Симптоми при непаралитичен полиомиелитет : болки во грбот, дијареа, прекумерен умор, замор, главоболка, раздразливост, болки во нозете, умерена треска, вкочанетост на мускулите, мускулна осетливост и грчеви во било кој дел од телото, болка во вратот и вкочанетост, болка во предниот дел од вратот, болка или вкочанетост во грбот, рацете, нозете, стомакот, осип на кожата, повраќање. Симптомите обично траат 1-2 недели.

Паралитичен полиомиелитет[уреди]

Симптоми при паралитичен полиомиелитет: треска 5-7 дена пред другите симптоми, абнормални сензации ( но не и губење на чувство), чувство на подуеност во стомакот, тешкотии при дишење, запек, главоболка, раздразливост, мускулни контракции или мускулни грчеви во листовитем вратот, мускулна слабост, локацијатњ зависо од тоа кој дел од рбетниот мозок е зафатен, се влошува во парализа, осетливост на допир, благ допир може да биде болен, вкочанет врат, тешкотии при голтање. Знаци на иритацијха на менингите ( сличен на менингитис), како што е вкочанет врат со тешкотии во виткање на вратот. Може да се јават и тешкотии при дигање на главата или кревање на нозете при лежење рамно на грбот, а рефлексите моше да се абнормални.

Тестови[уреди]

  1. Рутинско CSF (цереброспинална течност) испитување.
  2. Тест за нивото на антитела кон вирусот полио
  3. Вирусни култури на грлото, столици или цереброспинална течност(CSF)

Третман[уреди]

Целта на лекувањето е да се контролираат симптомите на инфекцијата, додека таа се одвива по својот тек. Лицата кои се тешки случаи може да имаат потреба од мерки за спасување на животот, особено за давање на вештачко дишење. Симптомите се третираат врз основа на тоа колку се тие тешки. Каков треман се препорачува:

  1. Антибиотици за инфекции на уринарниот тракт
  2. Лекови (како Bethanechol) за уринарна ретенција
  3. Влажна пареа (топли крпи) за намалување на болката и грчевите во мускулите
  4. Лекови за намалување на главоболката , болки во мускулите, грчеви ( наркотични средства обично не се дадени, бидејќи тие го зголемуваат ризикот од потешкотии во дишењето)

Физикална терапија, протези иликорективни чевли или ортопедска хирургија за да им помогне да се опорави мускулната сила и функција .

Очекувања (прогноза)[уреди]

Што треба да се очекува зависи од формата на болеста ( субклиничка, непаралитична или паралитична) и страната која е погодена. Ако рбетниот мозој и мозокот не се вклучени, што е случај и повеќе од 90% од времето, комплетно излекување е веројатно. Кога се зафатени мозокот и ртбетниот мозок , земаат учество во медицински итни случаи што може да резултира со парализа или смрт (најчесто од респираторни тешкотии).

Превенција[уреди]

Полио имунизација (вакцина) ефективно спречува полиомиелитет кај повеќето луѓе (имунизацијата е над 90% ефективна).

Неактивна вакцина против детска парализа ( InactivatedPolioVaccine- IPV)[уреди]

IPV вакцината се дава со инјекција. Содржи три вида на неактивни вируси на детска парализа. Со низа на 4 инјекции на растојание од 2 месеци меѓу секоја доза се создава долготрајна отпорност кон оваа болест. IPV вакцината може да се замени со вакцина против детска парализа што се зема преку уста (oralpoliovaccine- OPV) ако претходните дози на вакцината биле примени преку уста. Вообичаени несакани ефекти на IPV се : болки во мускулите, благо зголемена температура, болка, црвенило и оток на местото каде што е примена инјекцијата, привремена мала грутка на местото каде што е примена инјекцијата