Централен нервен систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дијаграм на ЦНС:
1. Черепен мозок
2. Централен нервен систем
    (черепен и ‘рбетен мозок)
3. ‘Рбетен мозок

Централниот нервен систем (или често среќаван само како ЦНС) кај ‘рбетниците е составен од повеќе делови: ‘рбетен мозок (Medulla spinalis) и черепен мозок (Encephalon).

Централниот нервен систем е најсложен и најзначаен органски систем во организмот, бидејќи преку неговото функционирање се овозможува корелација (усогласување) на функцијата на органите и органските системи, со што се овозможува функционирање на организмот како единствена целина. Од друга страна, се обезбедува континуиран однос со надворешната средина, со што се овозможува и опстанокот на поодделните организми во истата. Во централниот нервен систем се сместени центрите од рефлексниот лак. До нив доаѓаат дразбите од различните делови на телото и на истите адекватно се одговара.