Главоболка
| Главоболка | |
| Класификација и надворешни извори | |
Лице со главоболка |
|
| МКБ-10 | G43-G44, R51 |
|---|---|
| МКБ-9 | 339, 784.0 |
| DiseasesDB | 19825 |
| MedlinePlus | 003024 |
| eMedicine | neuro/517 neuro/70 |
| MeSH | D006261 |
Главоболката (англиски: Headache или Cephalgia) е еден од најчестите симптоми кај луѓето, што подразбира болка во пределот на главата, лицето и горниот дел на вратот. Таа настанува како последица на различни нарушувања: од безопасни состојби што не бараат никакво лекување до опасни болести за животот.
Главоболката се јавува кај приближно 10% од населението на западната хемисфера и поради овој симптом околу 30% од нив се јавуваат на лекар. Во текот на животот главоболката се јавува најмалку еднаш кај 70-95% од луѓето и тоа најчесто на возраст од 20 - 40 години.[1]
Содржина |
[уреди] Класификација
Низ историјата имало неколку класификации на главоболката, а денес најмногу се користи онаа што ја објавило Меѓународното здружение за главоболка (англиски: International Headache Society), а се нарекува Меѓународна класификација на главоболката (англиски: The International Classification of Headache Disorders (ICHD))[2]. Првата верзија на таа класификација (ICHD-1) била објавена во 1988 година, додека сегашната ревизија ICHD-2 е објавена во 2004 година.[1]
Според новата класификација главоболките се делат во 14 класи. Првите четири класи ги опфаќаат примарните, следните осум ги опфаќаат секундарните главоболки, во класата 13 спаѓаат кранијалните невралгии, примарните и централните причина за болка на лицето, додека во класата 14 се некласифицираните и недоволно специфичните главоболки.
[уреди] ICHD-2:
[уреди] Примарни главоболки
-
- 1. Васкуларна главоболка (мигрена),
- 2. Главоболка предизвикана од вкочување на мускулите (тензиона главоболка),
- 3. Кластер главоболка и останати тригеминоавтономни главоболки,
- 4. Останати примарни главоболки:
- Hemicrania continua
- Коитална цефалгија
- (анг.) New daily persistent headache (NDPH)
[уреди] Секундарни или симптоматски главоболки
-
- 5. Главоболка поврзана со повреди на главата и/или вратот,
- 6. Главоболка поврзана со васкуларни нарушувања на главата или вратот,
- 7. Главоболка предизвикана од неваскуларни интракранијални нарушувања,
- 8. Главоболка предизвикана од разни супстанци или по прекин на нивно земање,
- 9. Главоболка предизвикана од општи инфекции,
- 10. Главоболка поврзана со нарушувања на хомеостазата,
- 11. Главоболка или болка на лицето предизвикана од нарушувања на черепот, вратот, увото, носот, синусите или останатите структури на лицето и черепот,
- 12. Главоболка поврзана со психијатриски нарушувања.
[уреди] Невралгии и останати главоболки
-
- 13. Кранијални невралгии, централна и примарна болка на лицето,
- 14. Останати главоболки.[1]
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Републичка стручна комисија за израду и имплементацију водича у клиничкој пракси, Министарство здравља Републике Србије, Српско лекарско друштво: Главобоља - национални водич за лекаре у примарној здравственој заштити, Београд, новембар 2005. ISBN 86-85313-31-7
- ↑ Headache Classification Subcommittee of the International Headache Society (2004). „The International Classification of Headache Disorders, 2nd Edition“. „Cephalagia“ (Oxford, England, UK: Blackwell Publishing) 24 (Supplement 1): 1–160. ISSN 0333-1024. http://www.i-h-s.org/upload/ct_clas/ihc_II_main_no_print.pdf.
| Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |