Вангелис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вангелис

Вангелис на премиерата на филмотЕл Греко
Биографски податоци
Родено име Евангелос Одисеас Папатанасиу
Роден(а) 29 март 1943 (1943-03-29) (71 г.)
Потекло Волос, Грција
Жанрови инструментална , електронска , Прогресивен рок, класична
Занимања Композитор, музичар, продуцент
Инструменти Пијано, синтисајзер, клавир, тапани, удиралки
Период на активност 1961–денес
Издавачи РКА Рекордс, Атлантик Рекордс, Сониу Мјузик, Варнер Брос Рекордс, Плидор, Чарли Рекордс[1]
Соработници Aphrodite's Child, Jon & Vangelis, Demis Roussos, Yes

Евангелос Одисеас Папатанасиу (грчки: Ευάγγελος Οδυσσέας Παπαθανασίου) (29 март 1943 година) е грчки композитор на електронска музика, познат под уметничкото име Вангелис.

Тој е најпознат по добивањето на филмска награда за филмот Chariots of Fire. Во својата кариера, која трае повеќе од 50-тина години, вангелис има издадено повеќе од 40 албуми. Според некои критичари, тој се смета за еден од најголемите живи композитори на електронска музика.[2][3][4]

Рани години[уреди]

Евангелос Одисеас Папатанасиу бил роден во Волос, Грција. Во голема мера, како самоук музичар, да компонира започнал најверојатно во својата четиригодишна возраст. Тој како мал одбивал да зема часови по пијано. Студирал сликарство на Академијата за ликовни уметности во Атина.

Во почетокот на 1960-тите години ја основал групата Forminx, која добила голема популарност во Грција[5]. Кога во 1968 година избувнале студентски немири, тој заминал во Париз, и заедно со Демис Русос и Лукас Сидерас ја формирал групата Aphrodite's Child. Најмногу оваа група се прославила со песната „Rain and Tears“. Групата во 1972 година престанала да постои, и покрај тоа што Русос продолжил да соработува со Евангелос.

Кариера[уреди]

Во следните години, Евангелос ја започнал својата соло кариера. Во 1973 година ја напишал музиката за дват филма на францускиот режисер Фредерик Росиф. Во 1974 година го издал својот прв албум под името „Earth“. Во меѓувреме, тој соработувал и со групата „Yes“, која свирела рок музика.

По неколку години тој заминал за Лондон, каде потпишал договор со RCA Records, создавајќи свое студио (Nemo Studios).

Филмска музика[уреди]

Вангелис направил неколку албуми со Јон Андерсон во текот на 80-тите и 90-тите под името Jon & Vangelis. Во 1982 година, Вангелис добил оскар за филмска музика за филмот Chariots of Fire. Во 1990 година го издал албумот Town. Во истата година започнал да соработува со филмскиот режисер Ридли Скот. Тој ја создал музиката за филмовите 1492: Conquest of Paradise и Blade Runner. Неговиот албум од 2001 година, „Mythodea“, бил користен од страна на НАСА за време на нивните мисии на Марс. Во 2004 година ја создал музиката за филмот Alexander.

Диакографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Вангелис.

Наводи[уреди]

  1. Discography site Retrieved 16 September 2008
  2. Шаблон:Cite newspaper
  3. Jason Ankeny. „Vangelis Biography“. All Music. http://www.allmusic.com/cg/amg.dll?p=amg&sql=11:d9ftxqqgldje. конс. 6 ноември 2008. 
  4. Tranglos review Retrieved 6 October 2008
  5. „The Forminx“. Vangelis Movements. http://www.vangelismovements.com/theforminx.htm. конс. 12 ноември 2008. 
  6. VangelisMovements.com