Аструд Жилберто

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аструд Жилберто
Astrud Gilberto 1966.jpg
Основни информации
Родено име Аструд Вајнерт
Роден(а) 29 март 1940 (1940-03-29) (74 г.)
Потекло Flag of Brazil.svg Салвадор, Бразил
Жанр босанова, латино џез, бразилски џез
Занимање пејачка, глумица
Активност 1963-
Издавач Verve, Universal
Други
групи и точки
Жоао Жилберто, Антонио Карлос Жобим, Винисиус Де Мораес, Стен Гец, Френк Синатра
Мреж. место http://www.astrudgilberto.com/

Аструд Жилберто (порт. Astrud Gilberto; р. 29 март 1940) — бразилска пејачка на самба и босанова, најпозната по нејзината изведба на песната „Девојката од Ипанема“ (The Girl from Ipanema) наградена со Греми.

Биографија[уреди]

Аструд Жилберто е родена како Аструд Вајнерт (Astrud Weinert), со мајка Бразилка и татко Германец, во градот Салвадор во покраината Баија, Бразил, а одраснала во Рио де Жанеиро. Во 1959 се омажила за Жоао Жилберто, со кој подоцна се преселиле во САД во 1963. Подоцна, кон средината на ‘60-тите години тие се развеле.

Кариера[уреди]

Жилберто била вокал во влијателниот албум „Гец/Жилберто“, придружувајќи ги Жоао Жилберто, Стен Гец и Антонио Карлос Жобим. Таа никогаш не изведувала професионално, а во нумерите пеела по предлог на нејзиниот (тогашен) сопруг, Жоао Жилберто.

Со песната „Девојката од Ипанема“ Жилберто се прославила како џез и поп пејачка. Во 1964 се појавила во филмовите „Фати си студентка“ и „Обесениот човек“. Нејзиниот прв соло албум е The Astrud Gilberto Album (1964). Жилберто започнала како пејачка на босанова и американски џез класици, но во ‘70-тите снимила и низа сопствени композиции. Во нејзиниот репертоар се вбројуваат „Сенката на твојата насмевка“ (The Shadow of Your Smile), „Како да е пролет“ (It Might As Well Be Spring), „Љубовна приказна“ (Love Story), „Летни ме на месечината“ (Fly Me To The Moon), „Ден по ден“ (Day By Day), „Еве го тој дождлив ден“ (Here's That Rainy Day) и „Погледни во виножитото“ (Look To The Rainbow). Снимала песни на португалски, англиски, шпански, италијански, француски, германски и јапонски јазик.

Во 1982, нејзиниот син Марсело ѝ се придружил на групата, и ја придружувал на турнеи како басист. Покрај свирењето бас, соработувал како копродуцент за албумите Live in New York (1996) и Temperance (1997).

Жилберто ја добила наградата „Награда за животно дело на латинскиот џез во САД“ во 1992, а во 2002 добила место во т.н. “Меѓународна латинска музичка сала на славата“. Иако официјално не е повлечена, во 2002 Жилберто најавила дека „неограничен одмор“ од јавни настапи. Таа исто така е и ликовен уметник, како и голем поборник за животински права.[1]

Уште една позначајна нумера е „Летна самба“ (So Nice или Summer Samba).

Дискографија[уреди]

Албуми[уреди]

  • Getz Au-Go-Go со Стен Гец (Verve, 1964)
  • The Astrud Gilberto Album (Verve, 1965)
  • The Shadow of Your Smile (Verve, 1965)
  • Look to the Rainbow (Verve, 1966)
  • A Certain Smile, a Certain Sadness со Валтер Вандерли (Verve, 1967)
  • Beach Samba (Verve, 1967)
  • Windy (Verve, 1968)
  • I Haven't Got Anything Better to Do (Verve, 1969)
  • 17 септември, 1969 (Verve, 1969)
  • Gilberto Golden Japanese Album (Verve, 1969)
  • Astrud Gilberto with Stanley Turrentine (CTI Records, 1971)
  • Astrud Gilberto Now (Perception, 1972)
  • That Girl from Ipanema (Audio Fidelity, 1977)
  • The best of ASTRUD GILBERTO (Verve/Polydor Holland 1982) (компилација)
  • Astrud Gilberto Plus James Last Orchestra (Polygram, 1987)
  • Compact Jazz: Astrud Gilberto (Verve, 1987)
  • Live in New York (Pony Canyon, 1996)
  • Temperance (Pony Canyon, 1997)
  • Jungle (Magya, 2002)
  • Coffee & Bossa: The Chillout Sound of Astrud Gilberto (компилација) (Universal, 2006)

Филмска музика[уреди]

  • The Deadly Affair (Verve, 1965)
  • Get Yourself a College Girl (песна: "The Girl from Ipanema", 1964)
  • Heart Breakers (Song: "Agua De Beber," 2001)
  • Catch Me If You Can (песна: "Garota de Ipanema," 2002)
  • Down with Love (песна: "Fly Me To The Moon (In Other Words)," 2003)

Други албуми со Аструд Жилберто[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]