Тим Хауард

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тим Хауард
Tim Howard
Tim Howard training for the U.S. team
Лични податоци
Роден на 6 март 1979 (1979-03-06) (35 г.)
Роден во Њу Џерси, САД
Висина &100000000000001910000001,91 м
Положба Голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Евертон Евертон
Број 24
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997–1998 Норт Џерси Империалс 16 (0)
1998-2003 МетроСтарс 88 (0)
2003–2007 Манчетер Јунајтед 45 (0)
2006-2007 Евертон (позајмен) 25 (0)
2007- Евертон 202 (1)
Репрезентација
2002- САД 81 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Тимоти Метју "Тим" Хауард (роден на 6 март 1979 година) е американски фудбалер кој игра на позицијата голман за англискиот клуб Евертон и за националниот тим на САД.

Хауард ја започнал својата кариера во Норт Џерси Империалс пред да се пресели во МетроСтарс во МЛС. Со неговите настапи во многу скоро време го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед, за кој потпиша во 2003 година. Тој уживаше во релативен успех со нив, откако успеа да ги освои трофеите во Комјунити Шилд во 2003, потоа ФА Купот во сезоната 2003-04 како и Лига купот една сезона подоцна. Меѓутоа, откако Јунајтед го доведе Едвин ван дер Сар во својте редови, Хауард замина на заем во Евертон каде ќе има можност многу повеќе да брани, и на крајот тој ќе потпише постојан договор со нив во февруари 2007 година. На 4 јануари 2012 година, Хауард го постигна неговиот прв гол во професионалната кариера против екипата на Болтон. Ова го направи четвртиот голман кој успеал да постигне гол во Премиер лигашки натпревар.

Хауард прв пат ја претставуваше својата репрезентација на САД во 2002 година и беше неискористена замена на Светското првенство 2006. Тој подоцна се стабилизира како прв избор и ги започна сите натпревари на САД на СП 2010 каде што тие стигнаа до осминафиналето.

Титули[уреди]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди]

со репрезентацијата на САД[уреди]

Надворешни врски[уреди]