Петре Прличко
| Петре Прличко | |
![]() |
|
| Роден(а) | 13 март 1907 Велес, Отоманска империја |
|---|---|
| Починал(а) | 16 ноември 1995 Скопје, Македонија |
Петре Прличко (Велес, 13 март 1907 - Скопје, 16 ноември 1995) е актер во повеќе филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. Сам по себе претставува вистинска легенда и завзема голем удел во македонското глумиште во 20-от век.
И покрај тоа што бил запишан во гимназија, Петре Прличко не останал долго време таму. Во 1923 година ја напушта гимназијата и се приклучува кон патувачката група на Михајло Лазиќ. Откако прошетал низ неколку театарски дружини, во 1931 година, охрабрен од начинот на кој го примила публиката, тој основа свој сопствен театар "Боем".
Од 1939 членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 во партизанскиот театар „Кочо Рацин“ кој подоцна прераснува во Македонскиот народен театар. Токму тука неговиот талент блеснува во полн сјај и тој станува најзначајната личност на македонската сцена во тоа време. Во меѓувреме го испробува својот талент и како театарски режисер.
Со филмот „Фросина“ (1952) тој го доживува своето филмско деби. Со своите импресивни комични трансформации и изведби на улоги на „човек од народот“ го истакнува својот посебен уметнички сензибилитет, на ниво на кое може да му завидат многу други наши актери.
Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга (доделен од Георги Димитров) и други.
Во една прилика Петре Прличко изјави дека сепак ако мора да избере една улога како најдрага тоа секако ќе биде "Манданата" т.е. неговиот лик во филмот "Мис Стон", за која ја доби и наградата „Златна арена“.
Од неодамна востановена е награда за животно дело „Петре Прличко“ која се доделува на актер од средната генерација и таа се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и соодветна парична награда.
Во 2004 година Јелена Лужина објави монографија за Петре Прличко, во издание на „Магор“.
Награди [уреди]
- 1959 Пула, „Златна арена“ за главна машка улога во филмот „Мис Стон“
- 1991 Ниш, награда „Славица“ за животно дело.
Филмографија [уреди]
| Година | Филм | Улога | Белешка |
|---|---|---|---|
| 1949 | Мајка Катина | Ловет | |
| 1952 | Фросина | Кузман (главна улога) | |
| 1955 | Волчја ноќ | Паун(главна улога) | |
| 1958 | Мис Стон | Мандана | |
| 1959 | Виза на злото | Кузман (главна улога) | |
| 1960 | Капетанот Леши | Сок (споредна улога) | |
| 1961 | Мирно лето | Стрико Тале(главна улога) | |
| 1961 | Парче плаво небо | Дедо Филип | |
| 1961 | Солунските атентатори | Никола Попов(главна улога) | |
| 1961 | Твојот роденден | Домарот(главна улога) | |
| 1962 | Пресметка | ||
| 1964 | Народен пратеник | Јеврем Прокиќ | |
| 1965 | Не се враќај по истиот пат | Кирил | |
| 1965 | Денови на искушение | Фезлиев (главна улога) | |
| 1966 | До победата и по неа | ||
| 1967 | Каде по дождот | ?(споредна улога) | |
| 1967 | Македонска крвава свадба | Мојсо(главна улога) | |
| 1967 | Мементо | Коле(главна улога) | |
| 1968 | Планината на гневот | Моне(главна улога) | |
| 1968 | Братот на доктор Хомер | Лекарот | |
| 1969 | Републиката во пламен | Дојчин(главна улога) | |
| 1971 | Жед | Дедото(споредна улога) | |
| 1971 | Македонски дел од пеколот | Лоце(главна улога) | |
| 1974 | Капетанот Микула Мали | Дида | |
| 1974 | Ужичка Република | Пекарот | |
| 1978 | Златни години | Берберот | |
| 1978 | Курирот на Гоце | ||
| 1980 | Време, води | Ламбе Футак(главна улога) | |
| 1982 | Илинден | ||
| 1987 | Ѕвездите на 42-та | Дедото | |
| 1988 | Тврдокорни | ||
| 1990 | До, ре, ми | ||
| 1993 | Бог да ги убие шпионите | ||
| 1999 | Време, живот |
