Мементо (филм од 1967 година)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Мементо“
РежисерДимитрие Османли
СценаристДимитрие Османли
Јован Бошковски
Ташко Георгиевски
Главни улогиСтево Жигон
Рената Фрискорн
Драги Костовски
Нада Гешоска
Петре Прличко
Предраг Ќерамилац
Тодор Николовски
Коле Ангеловски
Кирил Ќортошев
Вукосава Донева
Димитар Гешоски
Божо Софрониевски
Жанрпсихолошки
МузикаБојан Адамич
ДистрибутерВардар филм
Премиера1967
Времетраење97 мин.
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

Мементо e македонски игран филм од 1967 година, режија на Димитрие Османли, кој е и еден од авторите на сценариото, заедно со Јован Бошковски и Ташко Георгиевски. Главните улоги ги играат: Драги Костовски, Нада Гешоска, Петре Прличко, Предраг Ќерамилац, Рената Фреинскорн, Стево Жигон и Тодор Николовски. Монтажер е Маја Лазаров, а музиката ја компонирал Бојан Адамич. Фимот трае 97 минути, а снимен е во црно-бела техника, со 35 милиметарска камера.[1]

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер (Стево Жигон), германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана (Рената Фреискорн), млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е после неколку години кога Вили Милер диригира концерт на Средбата на солидарноста во Скопје. Тие неколку дена минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на земјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето Гого (Предраг Ќерамилац) за кое ја врзува вистинска љубов.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]