Мис Стон (филм)
| „Мис Стон“ | |
![]() плакат |
|
| Режирано од | Жика Митровиќ |
|---|---|
| Сценарист | Ѓорѓи Абаџиев Трајче Попов |
| Настапуваат | Олга Спиридоновиќ Илија Милчин Марија Точиноски Илија Џувалековски Петар Прличко Виктор Старчиќ |
| Музика | Иван Рупник |
| Кинематографија | Миленко Стојановиќ |
| Монтажа | Воислав Бјењас |
| Дистрибутер | Вардар филм |
| Премиера | 1958 |
| Времетраење | 96 минути |
| Држава | |
| Јазик | македонски |
Мис Стон е македонски историски филм од 1958 година, режиран од Жика Митровиќ, со Олга Спиридоновиќ, Илија Милчин, Марија Точиноски, Илија Џувалековски, Петар Прличко и Виктор Старчиќ во главните улоги.
Содржина |
Содржина [уреди]
Дејствието на филмот е сместено во 1901 година и истото се базира на вистински настан - грабнувањето на американската протестантска мисионерка Мис Стон (во филмот ја игра Олга Спиридоновиќ) од страна на Јане Сандански (Илија Милчин) и неговата чета.
За откуп на Мис Стон се побарани 25.000 златни лири кои на четата на Јане Сандански ѝ се неопходни за набавка на оружје. Меѓутоа, ова барање треба да се потпише и од Мис Стон. Таа категорично одбива да го направи ова, но откако минува низ неколку борби водени со турскиот аскер, застанува на страната на комитите и го потпишува писмото, чии барања, на крајот и се исполнети.
Награди [уреди]
На Филмскиот фестивал во Пула во 1959 година, Олга Спиридоновиќ ја добива наградата „Златна арена“ за главна женска улога, а Петре Прличко се закитува со истото признание кај мажите. „Златна арена“ добива и Василие Поповиќ - Цицо за неговата работа со сценографијата. Филмот, исто така, добива почесни дипломи на фестивалите во Единбург, 1960 година и Њу Делхи во 1961 година. [1]
Белешки [уреди]
- ↑ „Мис Стон“. Македонски Информациски Филмски Центар. http://www.maccinema.com/filmovi_detali.asp?IDMAKFILM=73. проверено на 2008-09-15.
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||
