Споменикот на Јане Сандански се наоѓа во истоимена населба во скопската општина Аеродром, Скопје. Споменикот, висок пет метри, е поставен во централниот дел од истоимениот парк. Излеан е во бронза, во српската леарница „Јеремиќ“. Идејното решение е на авторот Гоце Давидов. Ова спомен-обележје чини вкупно 250 000 евра [1].