Македонска крвава свадба (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Македонска крвава свадба“
Македонска крвава свадба.jpg
плакат од филмот
Режирано од Трајче Попов
Сценарист Славко Јаневски
Настапуваат Коле Ангеловски
Вера Чукиќ
Драгомир Фелба
Зафир Хаџиманов
Драги Костовски
Петре Прличко
Ристо Шишков
Јанез Врховец
Павле Вуисиќ
Музика Кирил Македонски
Монтажа Вангел Чемчев
Дистрибутер Вардар Филм
Премиера 1 јануари 1967
Времетраење 102 мин
Држава Македонија Македонија
Јазик Македонски

Македонска крвава свадба е македонски филм од 1967 година, режиран од Трајче Попов, со Коле Ангеловски, Вера Чукиќ, Драгомир Фелба, Зафир Хаџиманов, Драги Костовски, Петре Прличко, Ристо Шишков, Јанез Врховец и Павле Вуисиќ во главните улоги.[1] Филмот е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година.

Кратка содржина[уреди]

Филмот ја раскажува приказната за девојката Цвета (Вера Чукиќ) која е грабната од страна на еден османски бег (Ристо Шишков) и потоа однесена на неговиот харем. Иако бегот се обидува да ја потурчи, нејзината упорност, како и нејзините соселани, предводени од саканикот Спасе (Зафир Хаџиманов) и локалниот поп (Павле Вуисиќ), потпомогнати од дипломатите на големите сили на крајот успеваат да ја ослободат. На денот на нејзината свадба, доаѓаат бегот и неговите војници во обид да ја повратат девојката. Цвета умира, но Спасе успева да го убие бегот и потоа „заминува со комитите“.[1]

Награди[уреди]

Белешки[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Македонска крвава свадба“. Македонски Информациски Филмски Центар. http://www.maccinema.com/filmovi_detali.asp?IDMAKFILM=66. конс. 15 септември 2008. 

Надворешни врски[уреди]