Македонски дел од пеколот

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Македонски дел од пеколот“
РежисерВатрослав Мимица
СценаристСлавко Јаневски
Ватрослав Мимица
Главни улогиДарко Дамевски
Павле Вуисиќ
Фабијан Шоваговиќ
Милена Дравиќ
Илија Милчин
Петре Прличко
Нада Гешоска
Коле Ангеловски
Ацо Јовановски
Шишман Ангеловски
Вукан Диневски
Столе Аранѓеловиќ
Мара Исаја
Јосиф Јосифовски
КинематографијаКиро Билбиловски
Премиера21 октомври 1971
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

Македонски дел од пеколот — македонски филм од 1971 година режиран од Ватрослав Мимица по сценариото на Славко Јаневски, Панде Ташковски и Ватрослав Мимица. Филмот е заснован врз воениет записи на Панде Ташковски.[1] Во главните улоги настапуваат Дарко Дамески, Коле Ангеловски, Нада Гешоска, Павле Вуисиќ, Ацо Јовановски, Петре Прличко, Илија Милчин и Милена Дравиќ.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

При крајот на 1942 и почетокот на 1943 година, за да го спречат ширењето на револуцијата во Битолско, бугарските окупатори ги засилиле прогоните и насилствата врз цивилното население. Еден соработник ѝ јавува на бугарската полиција дека во неговото село се наоѓа водачот на партизанското движење, познат како Учителот (го игра Дамевски). Тогаш, бугарската војска и полиција со здружени сили го напаѓаат селото при што малубројните партизани се совладани, а Учителот се крие во куќата на повратникот од САД познат како Џо (го игра Вуисиќ). Бугарскиот окупатор ги собира жителите на селото како заложници, заканувајќи се дека ќе ги стрелаат ако не го предадат Учителот...[1]

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Дарко Дамевски Тодор Ангеловски-Даскалот
Павле Вуисиќ Јосиф Џо
Фабијан Шоваговиќ Бугарски полковник
Милена Дравиќ Велика
Неда Спасојевиќ Неда
Илија Милчин Полициски началник
Петре Прличко Лоце
Едо Перочевиќ Диме Павтар
Нада Гешоска Пача
Коле Ангеловски Цане
Ацо Јовановски Коста
Звонимир Чрнко Шишманов
Столе Аранѓеловиќ Бугарски војник
Шишман Ангеловски Полицаец
Вукан Диневски Бугарски офицер
Љубиша Трајковски
Петре Арсовски Панде Кајзеро
Виолета Шапковска
Предраг Дишљенковиќ
Вукосава Донева
Мара Исаја
Лиле Георгиева
Ацо Стефановски
Петар Стојковски
Игор Џамбазов Трајче
Владимир Гравчевски

Останати улоги  ▼

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Македонски дел од пеколот“. Македонска кинотека. Посетено на 22 јануари 2021.
  2. Makedonski dio pakla, makedonski film (Vatroslav Mimica, 1971.) - 70 godina Pula Film Festivala (пристапено на 7.7.2023)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]