Солунските атентатори (филм)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Солунските атентатори“
Режирано од Живорад Митровиќ
Сценарист Јован Бошковски
Настапуваат Истреф Беголи
Мерлиес Беренс
Александар Гавриќ
Дарко Дамевски
Јоаким Мок
Петре Прличко
Музика Душан Радиќ
Дистрибутер Вардар филм
Премиера 1961
Времетраење 106 мин.
Држава СФРЈ СФР Југославија
Јазик македонски
француски

Солунските атентатори e македонски игран филм по сценарио на Јован Бошковски, а во режија на Живорад Митровиќ. Снимател бил Мишо Самоиловски, а музиката ја компонирал Душан Радиќ.

Премиерата била одржана во 1961 година.

Кратка содржина[уреди]

Во почетокот на 20 век Македонија и натаму се наоѓа во ропска положба под власта на Отоманската Империја. Како одговор на теророт на кој е изложен македонскиот народ, се пројавуваат низа различни начини на реакција, како што се организираните чети комити, подготовката за востание, а меѓу другото и акциите на гемиџиите во Солун.

Сакајќи да го привлечат вниманието на светската јавност врз Македонија, гемиџиите, група македонски анархосоцијалисти, синови на богати трговци кои се под влијание на руската нихилистичка литаратура и идеите на женевските анархисти, решаваат да извршат во април 1903 година низа напади на објекти во Солун, во кои е инвестиран странски капитал. Целта на овие напади се францускиот брод Гвадалкивир, Отоманската банка, Електричната централа, Поштата.

Оружјето со кое се подготвуваат да ги извршат своите акции Коста Кирков, Орце Поп-Јорданов, Илија Трчков, Павел Шатев, Димитар Мечев, Пингов и Иван Попов го снабдуваат, меѓу другото, и преку трговската фирма на Кирков. Подготовките се вршат во голема тајност, но власта сепак претпоставува одредени тероростички напади. Најголем проблем претставува рушењето на Отоманската банка, меѓу другото и поради можноста да настрадаат недолжни луѓе. За ден на нападите е одбрана ноќта на карневалските свечености кога во објектите одбрани за акција нема луѓе. Акциите се извршуваат синхронизирано и во нив, како што претходно беше решено, гинат повеќето од учесниците, свесно жртвувајќи го својот живот за иднината на слободна Македонија.