Википедија:На денешен ден/Архива/Декември
Ова е Архивата на рубриката „На денешен ден...“
Истата има започнато да функционира на 25 јуни 2007.
[уреди] 1 декември
Настани
| 1918 | Формирано е Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. |
| 1991 | Украинските гласачи со огромно мнозинство гласаат позитивно за независност од Советскиот Сојуз. |
| 1995 | Хавиер Солана е избран за генерален секретар на НАТО. |
Родени
| 1083 | Ана Комнена, византиска принцеза и научник. Најстара ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен и на императорката Ирина. (†1153) |
| 1792 | Николај Иванович Лобачевски, руски научник, математичар, физичар и астроном. |
| 1935 | Вуди Ален, американски режисер, сценарист и актер |
| 1945 | Бет Мидлер, американска пејачка и актерка |
| 1949 | Пабло Ескобар, колумбиски криминалец (†1993) |
Починале
| 1707 | Џеремаја Кларк, англиски барокен композитор |
[уреди] 2 декември
Настани
| 1772 | Основано Кралското физиографско друштво во Лунд, Шведска. |
| 1804 | Наполеон Бонапарт е крунисан за император на Франција. |
| 1805 | Наполеон Бонапарта ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа. |
| 1942 | Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на нуклеарна фисија. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба. |
| 1944 | Со отворањето на првата автобуска линија на релацијата Скопје - Битола и Прилеп - Битола и со мобилизацијата на четирите расположиви автобуси, започната е новата историја на сообраќајната гранка во Македонија. Собранието на Деловната заедница „Македонија сообраќај“ на 04.12.1984 година, донесе одлука 2 декември да биде прогласен за Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија. |
| 1946 | По борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин - Псодери, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци. |
| 1956 | Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и започнале борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста. |
| 1993 | Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија. |
| 1997 | Во Новокузнецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен Зирјановскаја, загинале 61 рудар. |
Родени
| 1728 | Фердинандо Галијани, италијански економист и значаен општественик од времето на просветителството. |
| 1962 | Владо Бучковски, поранешен премиер на Република Македонија. |
Починале
| 1918 | Едмонд Ростан, француски неороматичарски поет и драмски писател. |
| 1974 | Лајош Зилахи, унгарски писател. |
[уреди] 3 декември
Настани
| 1942 | Во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација „Востаник“. Излегуваше до февруари 1943 година. |
| 1967 | Лекарите во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, објавија дека во болницата „Гроте Шур“, за првпат во историјата , е извршена успешна трансплатација на човечко срце. Екипата на чело со д-р Кристијан Барнар изврши операција врз заболениот Луис Вашкански, меѓутоа тој умре по десетина дена. |
| 1993 | САД отворија Канцеларија за врски во Скопје, а на чело на ова дипломатско претставништво е поставен Роберт Норман. |
| 1997 | Германското Министерство за одбрана поведе дисциплинска постапка против шестмина војници, кои просториите во нивните касарни ги украсувале со слики на Адолф Хитлер и со нацистички знамиња. |
Родени
| 1368 | Шарл VI Лудиот, француски крал. |
| 1447 | Бајазит II, отомански султан. |
| 1800 | Франце Прешерн словенечки поет. |
| 1830 | Фредерик Лејтон, англиски академски сликар. |
| 1857 | Џозеф Конрад, англиски писател. |
| 1922 | Свен Никвист, шведски кинематограф. |
| 1945 | Божидар Димитров бугарски историчар и политичар. |
| 1948 | Ози Озборн, англиски пејач. |
| 1960 | Дарил Хана, американска глумица. |
| 1960 | Џулијан Мур, американска глумица. |
| 1965 | Ендрју Стентон, американски режисер. |
| 1968 | Брендан Фрејзер, канадско-американски глумец. |
| 1977 | Ксенија Пајчин, српска пејачка, . |
| 1977 | Адам Малиш, полски ски-скокач. |
| 1981 | Давид Виља, шпански фудбалер. |
| 1984 | Аврам Пападопулос, грчки фудбалер. |
Починале
| 1154 | Анастасиј IV, римски папа. |
| 1533 | Василиј III Московски, кнез на Московското кнежество. |
| 1888 | Карл Цајс, германски оптичар. |
| 1919 | Пјер Огист Реноар, француски сликар. |
| 1937 | Атила Јожеф, унгарски поет |
| 1949 | Елин Пелин, бугарски писател. |
| 1965 | Благоја Стефановски - Гојчо, македонски револуционер. |
| 1980 | Драги Костовски, македонски артист. |
| 1991 | Стојан Гогов, доајен на народниот театар „Антон Панов“ од Струмица. |
| 1993 | Саво Костовски, македонски првоборец. |
| 1994 | Франтишек Вацлав Мареш, професор по славистика. |
[уреди] 4 декември
Настани
| 1993 | На изборниот Архиепископско-црковен народен собир на МПЦ, што се одржа во катедралниот храм на охридските архиепископи „Св. Софија“, во Охрид, Господин Михаил, Митрополитот Повардарски е избран за поглавар на Македонската православна црква. |
Родени
| 1567 | Клаудио Монтеверди, италијански композитор. |
| 1795 | Томас Карлајл, шкотски сатиричар, есеист и историчар. |
| 1875 | Рајнер Марија Рилке, германски писател, еден од најголемите германски лиричари. |
| 1893 | Аугуст Цесарец, истакнат хрватски револуционер и писател. |
| 1962 | Александар Литвиненко, служител во КГБ и ФСБ. |
Починале
| 1334 | Папа Јован XXII, римски папа. |
| 1547 | Хернан Кортес, шпански конквистадор. |
| 1642 | Арман Жан ди Плеси Ришелје, француски државник, кардинал, Прв министер на кралот Луј XIII. |
| 1679 | Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. |
| 1798 | Луjџи Галвани, италијански физичар. |
| 1945 | Томас Хант Морган, американски биолог, основач на генетиката, наука за наследните особини. |
| 1995 | Петар Глигоровски, македонски сликар. |
[уреди] 5 декември
Настани
| 1492 | Кристофер Колумбо во Карипското Море го откри островот Санто Доминго. |
| 1848 | Во цела Америка почна „златната треска“ откако американскиот претседател, Џемс Полк објави дека во Калифорнија е пронајдено злато. |
| 1997 | Вулканот Безимјани на полуостровот Камчатка, на Рускиот Далечен исток, повторно е активиран, при што се формираше вулкански прав од осум до девет километри над земјината површина. |
Родени
| 1443 | Папа Јулиј II, римски папа. |
| 1870 | Вичеслав Новак, чешки композитор. |
| 1901 | Волт Дизни, творец на современиот цртан филм. |
| 1940 | Фадиљ Сулејмани, македонски политичар. |
| 1982 | Рони О'Саливан, англиски снукерист, светски првак. |
| 1982 | Кери Хилсон, американска пејачка. |
Починале
| 1560 | Франсоа II, крал на Франција. |
| 1771 | Џовани Батиста Моргањи, италјански и светски медицински научник. |
| 1784 | Филис Витли, афро-американска поетеса. |
| 1791 | Волфганг Амадеус Моцарт, голем австриски композитор. |
[уреди] 6 декември
Настани
| 1768 | Објавено е првото издание на Енциклопедија Британика. |
| 1897 | Лондон станал првиот град во кој таксистите добивале лиценци за работа. |
| 1917 | Објавена е независноста на Финска. |
| 1917 | Во Експлозијата во Халифакс, во Канада, предизвикана од судир на бродови со муниција, загинале над 1900 луѓе и бил уништен поголем дел од градот. |
| 1929 | Во Република Турција, жените беа изедначени со мажите во поглед на правото на глас. |
| 1941 | Почна контраофанзивата на силите на Црвената армија против германските сили на фронтот пред Москва. На фронтот, широк 300 километри, беа пробиени германските линии. Нацистичките девизии беа прегазени или опколени, а подоцна разбиени. |
| 1991 | Распаѓање на СФРЈ: Во Хрватска, единиците на ЈНА го бомбардирале Дубровник по шестмесечна опсада. |
Родени
| 1421 | Хенри VI, англиски крал. |
| 1833 | Јован Јовановиќ - Змај, српски поет. |
Починале
| 1926 | Клод Моне, француски сликар, еден од основачите на импресионизмот. |
| 1983 | Роберт Олдрич, американски филмски режисер. |
[уреди] 7 декември
Настани
| 43 п.н.е. | Марко Тулиј Цицерон, еден од најголемите оратори, државници и философи на Стариот Рим е убиен од приврзаниците на Марко Антониј при обидот да пребега во Македонија. |
| 1900 | Макс Планк ги открил законите за зрачење на црното тело. |
| 1917 | Прва светска војна: САД ѝ објавиле војна на Австро-Унгарија. |
| 1941 | Втора светска војна: Јапонската царска морнарица извршила напад на Перл Харбор со цел да ја неутрализира воената моќ на САД во Пацификот. |
| 1988 | Во Ерменија, тогашен СССР, силен земјотрес го разурнал регионот Спитак при што загинале над 25.000 луѓе. |
| 1995 | Во Атина, дипломатот Александар Маљас, беше наименуван за шеф на канцеларијата за врски, во главниот град на Република Македонија, Скопје. |
| 2005 | Уапсен е Анте Готовина, хрватски генерал, баран од хашкиот трибунал, на Канарските острови. |
Родени
| 1598 | Џовани Лоренцо Бернини, италијански архитект, вајар, сликар, писател, режисер и организатор на јавни свечености. |
| 1906 | Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. |
| 1909 | Никола Јонков Вапцаров, македонски пролетерски поет и револуционер. |
| 1928 | Ноам Чомски, американски лингвист и политички активист. |
| 1976 | Маја Апостолоска, македонска поетеса, книжевна критичарка и есеистка. |
Починале
| 1894 | Фердинанд де Лесепс, француски дипломат и инженер |
| 1993 | Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет, научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската литература во областа на културната историја на македонскиот народ. |
[уреди] 8 декември
Настани
| 1914 | Германските воени бродови по враќањето од Тихиот Океан требаше, според планот на адмирал Шпе, да ја уништи англиската база на Фокландските Острови. Кога Англичаните отворија оган Шпе свати дека наишол на многу голем отпор од очекуваниот. Во оваа поморска битка Германците претрпеа големи загуби во бродови и во луѓе. |
| 1925 | По неуспешниот пуч на нацистите во Минхен во 1923 година, нивниот водач Адолф Хитлер ја објави книгата „Мојата борба“, во која ја разработува националистичката фашистичко - расистичка идеологија на агресивниот германски национализам. |
| 1948 | Во Лерин три жени Македонки од селото Екши - Су, леринско беа обвинети за соработка со НОФ и со партизаните, за што беа осудени на смрт и стрелани. |
| 1994 | Белгискиот министер за одбрана Лео Делкроа поднесе оставка поради обвинувањето околу финансирањето на една куќа што ја купил во јужниот дел на Франција. |
| 1997 | Двете најголеми швајцарски банки соопштија дека се интегрираат, со што се формира најголема банкарска актива во светот со фонд во вредност од еден трилион долари. |
| 883 | Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ на Балканот. |
Родени
| 1542 | Марија Стјуарт, кралица на Шкотска и Франција. |
| 1626 | Кристина, кралица на Шведска. |
| 1886 | Диего Ривера, мексикански уметник. |
| 1933 | Лев Борисов, руски актер. |
| 1943 | Џим Морисон, американски пејач и текстописец на рок групата The Doors. |
| 1948 | Виктор Габер, македонски дипломат. |
| 1958 | Виталиј Мутко, руски политичар. |
| 1961 | Ермис Лафазановски, македонски раскажувач. |
| 1962 | Џеват Адеми, македонски политичар. |
| 1964 | Тери Хачер, американска глумица. |
| 1965 | Ибрахим Муртезани, поранешен член на ОНА. |
| 1981 | Азра Акин, турско-холандска актерка и модел. |
| 1983 | Елена Дембо, руска шахистка. |
| 1983 | Павел Погребњак, руски фудбалер. |
| 1984 | Златко Даскаловски, македонски ракометар. |
| 1984 | Ники Минаж, рап пејачка. |
| 1991 | Лиан Пеиксинг, кинеска кануистка-спринтер. |
Починале
| 1638 | Иван Гундулиќ, хрватски поет и драмски писател. |
| 1980 | Џон Ленон, еден од основачите и „идолот“ на британската музичка група „Битлси“. |
[уреди] 9 декември
Настани
| 1824 | Легендарниот латинско - американски водач Симон Боливар во историската битка кај Ајакучо, во Перу ја порази шпанската војска. |
| 1905 | Во Франција со декрет е извршено одвојувањето на државата и црквата. |
| 1940 | Втора Светска војна: Во Северна Африка почна офанзивата на Осмата британска армија против германските окупациони трупи. |
| 1961 | Тангањика, поранешната британска колонија, стана независна држава во рамките на Комонвелтот, а од 09.12.1962 година стана Република. Две години подоцна, на 26.04.1964 година со обединувањето на Тангањика и на Занзибар настана Обединета Република Танзанија. |
| 1997 | Во Брисел, генералните директори на царинските служби на Белгија и Македонија, Илија Илоски и Ван Валегем, парафираа Спогодба за царинска соработка. |
Родени
| 1594 | Густав II Адолф, крал на Шведска. |
| 1608 | Џон Милтон, англиски поет, еден од најзначајните во светската литература, а според некои, најголем по Шекспир. |
| 1881 | Војин Поповиќ-Вук, војвода на Српскиот комитет на четничката акција. |
| 1842 | Петар Кропоткин, руски теоретичар. |
| 1895 | Долорес Ибарури - Ла Пасионарија, едно од најславните имиња на шпанската граѓанска војна и на шпанското револуционерно движење. |
| 1962 | Фелисити Хафман, американска актерка. |
Починале
| 1565 | Пиј IV, римски папа. |
| 1669 | Климент IX, римски папа. |
| 1910 | Лаза Костиќ, српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика. |
| 1943 | Никола Парапунов, македонски револуционер. |
| 1944 | Андреј, принц на Грција. |
[уреди] 10 декември
Настани
| 1868 | Првите семафори биле поставени во Лондон. Ноќе биле осветлувани со зелена и црвена гасна ламба. |
| 1901 | Доделени се првите Нобелови награди. |
| 1913 | Познатата слика на Леонардо да Винчи „Мона Лиза“ е вратена во парискиот музеј Лувр, од каде што две години порано беше украдена. |
| 1936 | По само 325 дена на британскиот трон, Едвард VIII абдицирал за да може да се ожени со својата избраничка Волис Симпсон. Го наследил неговиот брат принцот Алберт, кој владеел како Џорџ VI, татко на кралицата Елизабета II. |
| 1948 | Генералното собрание на ОН ја усвоило Универзалната декларација за правата на човекот. По тој повод, овој ден се смета за Ден на човековите права. |
| 1964 | Познатиот црнечки политичар и борец за црнечките права во САД Мартин Лутер Кинг ја доби Нобеловата награда за мир. |
| 1991 | Одржан е референдум за независност на Нагорно-Карабах. |
| 1992 | Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и неговата сопруга, принцезата Дајана се разведоа. Нивното венчавање во катедралата Сент Пол на 29 јули 1981 година беше светски медиумски настан. |
Родени
| 1822 | Сесар Франк, француски композитор од белгиско потекло, оргулист, еден од најголемите творци во француската музика во 19 век. |
| 1843 | Роберт Кох, германски лекар и бактериолог (†1910) |
| 1912 | Карло Понти, италијански кинематографски продуцент |
| 1954 | Љубомир Михајловски, македонски политичар и правник. |
| 1955 | Ким Мехмети, македонски писател. |
Починале
| 1041 | Михаил IV , византиски император |
| 1618 | Авероес, арапски философ. |
| 1618 | Џулио Качини, италијански композитор. |
| 1865 | Леополд I, крал на Белгија. |
| 1896 | Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец. |
| 1926 | Никола Пашиќ, српки политичар и државник. |
| 1928 | Чарлс Рени Мекинтош, шкотски архитект. |
| 1936 | Луиџи Пирандело, Италијански писател. |
| 1962 | Василие Поповиќ - Цицо, македонски сликар, карикатурист и сценограф. |
| 1999 | Фрањо Туѓман, претседател на Хрватска. |
[уреди] 11 декември
Настани
| 1816 | Индијана станува 19-та американска држава. |
| 1937 | Италија го напушта Друштвото на народите. |
| 1941 | Втора Светска војна: САД им објавија војна на Германија и на Италија. |
| 1941 | Втора Светска војна: Германија и Италија објавуваат војна на САД. |
| 1946 | Со одлука на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации основан е Меѓународниот фонд на ОН за помош на децата (УНИЦЕФ). Како најблагородна организација на ОН во 1965 година, ја доби Нобеловата награда за мир. Седиштето на УНИЦЕФ е во Њујорк. |
| 1958 | Горна Волта (Буркина Фасо) ја објавува својата независност од Франција |
| 1972 | Американските астронаути и членови на екипажот на вселенскиот брод „Аполо 17“ стапнаа на Месечината. Тоа беше последната мисија во рамките на американската програма „Аполо“. |
| 1993 | Во Скопје повеќе од 60 делегати младинци одржаа Основачко Собрание и ја конституираа организацијата „Млади социјалисти“, како подмладок на Социјалистичката партија на Македонија. |
| 2008 | Во Њу Јорк е уапсен Бернард Мејдоф, човекот кој преку пирамидални инвестициски измами успеал да проневери скоро 65 милијарди долари од инвеститорите. Осуден е на 29. јуни 2009. на 150 години затвор без право на помилување. |
Родени
| 1475 | Лав X, римски папа. |
| 1803 | Хектор Берлиоз, француски композитор. |
| 1843 | Роберт Кох, германски лекар. |
| 1856 | Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф. |
| 1882 | Макс Борн, германски математичар. |
| 1910 | Димо Тодоровски, македонски вајар. |
| 1913 | Жан Маре, француски актер. |
| 1918 | Александар Солженицин, руски писател. |
| 1934 | Томислав Чокревски, македонски политичар. |
| 1951 | Катица Ќулавкова, македонски писател |
| 1952 | Андреа Де Карло, италијански писател. |
| 1968 | Фабрицио Раванели, италијански фудбалер. |
Починале
| 384 | Дамасиј I, римски папа. |
| 711 | Јустинијан II Ринотмет, византиски император. |
| 861 | Ал Мутавакил, арапски калиф. |
| 905 | Леонтиј, византиски император. |
| 969 | Никифор II Фока, византиски император. |
| 1282 | Михаил VIII Палеолог, византиски император. |
| 1686 | Луј II од Конде, француски офицер. |
| 1918 | Иван Цанкар, словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист. |
| 1948 | Стерос Влахвеис, андарстки капетан. |
| 1987 | Јаша Хајфец, еден од најголемите виртуози на виолина на 20 век. |
| 1991 | Артур Лундквист, шведски писател, критичар и преведувач. |
[уреди] 12 декември
Настани
| 1642 | Холандскиот морепловец Абел Тасман го откри островот Нов Зеланд, кој се наоѓа во југозападниот дел на Тихиот Океан, југоисточно од Австралија. Британска колонија е од 1841 година, а британски доминион е од 1907 година, кога влезе во составот на Британската заедница на народите на независна држава. |
| 1963 | Кенија стана независна држава и беше прогласена за Република во рамките на британскиот Комонвелт. |
| 1979 | НАТО дозволи инсталирање на евроракети во Европа. |
| 1997 | Пијаното на познатиот композитор и диригент, Леонард Бернштајн на една аукција во Сотби е продадено за 387.500 американски долари. |
| 1997 | Во Париз почна судењето на Карлос Шакалот, „професионален револуционер“ од Венецуела, чие вистинско име е Илич Рамирез Санчез. Тој е обвинет за некои од најспектакуларните герилски операции во 70-те и 80-те години. |
Родени
| 1866 | Андреј Љапчев, премиер на Бугарија. |
| 1821 | Гистав Флобер, француски писател. |
| 1922 | Франтишек Вацлав Мареш, професор по славистика. |
| 1923 | Ог Мандино, американски писател . |
| 1929 | Џон Озборн, англиски драмски писател. |
| 1939 | Мајкл Газанига, професор по психологија. |
| 1948 | Срѓан Керим, македонски политичар и дипломат. |
| 1973 | Jане Николоски, македонски фудбалер. |
| 1984 | Даниел Агер, дански фудбалер. |
Починале
| 1574 | Селим II, отомански султан. |
| 1958 | Слободан Јовановиќ, српски политичар. |
| 1983 | Дарко Дамески, македонски актер. |
| 1993 | Јожеф Антал, премиер на Унгарија. |
| 2008 | Лилјана Минова - Ѓуркова, истакнат македонист. |
[уреди] 13 декември
Настани
| 1294 | По пет месеци по изборот, Папата Целестин V абдицирал за да се посвети на испосништвото. Тоа е единствен случај на абдикација на папа. |
| 1545 | Започнал Соборот од Тренто, деветнаесетти вселенски собор на католичката црква, кој со прекини траел 18 години. |
| 1642 | Холандскиот морепловец Абел Тасман бил првиот европеец кој стигнал до Нов Зеланд. |
| 1992 | На границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини. |
| 1995 | Генералното собрание на ООН во Њујорк, со мнозинство гласови гласаше во полза за итно запирање на нуклеарните проби кои се изведуваат во Франција и Кина, единствени земји што изведуваат контроверзни проби. |
Родени
| 1521 | Сикст V, римски папа. |
| 1553 | Анри IV, крал на Франција. |
| 1816 | Ворнер фон Сименс, германски пронаоѓач и индустријалец. |
| 1869 | Анри Матис, француски сликар и скулптор. |
| 1943 | Мануел Вилар Јр., филипински бизнисмен и политичар. |
| 1981 | Ејми Ли, американска пејачка/текстописец (Evanescence) |
Починале
| 558 | Хилдеберт I, франкски крал. |
| 1124 | Каликст II, римски папа. |
| 1754 | Махмуд I, отомански султан. |
| 1881 | Аугуст Шеноа, хрватски писател, автор на реалистички раскази и фељтони. |
| 1931 | Гистав Ле Бон, француски социопсихолог и социолог. |
| 1983 | Никита Станеску, великан на романската литература. |
| 1993 | Јон Исаја, македонски актер. |
[уреди] 14 декември
Настани
| 1782 | За прв пат полетал балонот на браќата Монголфје. |
| 1911 | Експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот. |
| 1955 | Австралија, Албанија, Бугарија, Јордан, Камбоџа, Либија, Унгарија и Цејлон беа примени за членки на Обединетите нации. |
| 1964 | Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје. |
| 1994 | Во Скопје е одбележана 50 годишнината на АФЖ. |
| 1995 | Потпишан е Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на воениот конфликт во Босна и Херцеговина. Потписници на договорот се Алија Изетбеговиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Фрањо Туѓман, претседател на Република Хрватска и Слободан Милошевиќ, претседател на СР Југославија. |
Родени
| 1503 | Нострадамус, француски јасновидец. |
| 1546 | Тихо Брахе, дански астроном. |
| 1564 | Вилем Класон Хеда, холандски сликар на мртва природа |
| 1870 | Карл Ренер, австриски претседател |
| 1895 | Џорџ VI, крал на Велика Британија. |
| 1897 | Курт Шушниг, австриски политичар. |
| 1901 | Павле, крал на Грција. |
| 1938 | Игнатие Богдановски, македонски политичар. |
| 1947 | Дилма Русеф, претседател на Бразил. |
| 1970 | Ана-Марија Јопек, полска џез и поп-пејачка. |
| 1979 | Мајкл Овен, англиски фудбалер. |
| 1979 | Софи Монк, австралиска пејачка и актерка. |
Починале
| 872 | Адријан II, римски папа. |
| 1788 | Карлос III , крал на Шпанија. |
| 1799 | Џорџ Вашингтон, американски национален јунак и прв претседател на САД (1789 - 1797). |
| 1861 | Алберт Саксокобургготски, сопруг на британската кралица Викторија. |
| 1940 | Марија Георгиевна, принцеза на Грција. |
| 1974 | Волтер Липман, американски новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања. |
| 1983 | Иван Антонов, доајен на македонското радио и телевизиско спикерство. |
| 1989 | Андреј Сахаров, советски физичар, дисидент и Нобеловец. |
| 1997 | Џовани Ањели, „некрунисан крал“ на концернот FIAT, наследник на целокупното царство на FIAT. |
[уреди] 15 декември
Настани
| 1891 | Џејмс Нејсмит им ја претставил на своите ученици првата верзија на кошарката, со по девет играчи и корпи на земја. |
| 1941 | Греманските војници егзекутирале над 15.000 евреи во Дробицки Јар, близу до Харков, денешна Украина. |
| 1945 | Симфонискиот оркестар на денешната Македонска филхармонија го оддржа својот прв симфониски концерт. |
| 1946 | Во Скопје започнаа првите предавања на Филозофскиот факултет, прв факултет при Универзитетот во Скопје, денес Св. Кирил и Методиј. |
| 1961 | Судот во Ерусалим го осуди на смрт нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, одговорен за смртта на повеќе стотици илјади невини цивили во Втората светска војна. |
| 1994 | По едномесечна политичка криза, Џон Брутон стана нов премиер на Република Ирска. |
| 1999 | Борис Трајковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија. |
Родени
| 37 | Нерон, римски император (п. 68). |
| 130 | Луциј Вер, римски император. |
| 1657 | Мишел-Ришар Делаланд, француски барокен композитор. |
| 1802 | Јанош Бојаи, прочуен унгарски математичар. |
| 1832 | Александар Густаф Ајфел, француски инженер и градител на познатата Ајфелова Кула. |
| 1852 | Анри Бекерел, француски физичар. |
| 1886 | Александар Станишев, бугарски лекар, научник и политичар. |
| 1907 | Оскар Нимаер, бразилски архитект. |
| 1912 | Реј Имс, американска дизајнерка и архитект. |
| 1916 | Морис Вилкинс, англиски биолог. |
| 1981 | Роман Павличенко, руски фудбалер. |
Починале
| 1025 | Василиј II Македонецот, византиски император. |
| 1966 | Волт Дизни, творец на модерниот цртан филм. |
| 2004 | Гого Ивановски, македонски поет и раскажувач. |
| 2004 | Кристофер Хиченс, англиски новинар и општественик. |
[уреди] 16 декември
Настани
| 1946 | Започнува со работа Филозофскиот факултет - прва високошколска институција на идниот македонски универзитет. |
| 1993 | Со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји членки на ЕУ - Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска - воспоставија целосни дипломатски односи со Република Македонија. |
| 1945 | Во Костур, Егејска Македонија, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што повеќето од нив беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни. |
Родени
| 1485 | Катерина Арагонска, кралица на Англија. |
| 1790 | Леополд I, крал на Белгија. |
| 1912 | Коле Неделковски, истакнат македонски поет и револуционер. |
| 1869 | Д-р Христо Татарчев, основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација во Солун. |
| 1888 | Александар I Караѓорѓевиќ, крал на Србија. |
| 1902 | Рафаел Алберти, шпански поет, драматург, сликар, графичар. |
| 1908 | Ремедиос Варо, шпанска надреалистка. |
| 1928 | Филип Дик, американски писател. |
Починале
| 882 | Јован VIII, римски папа. |
| 1072 | Алп Арслан, султан на Селџуците. |
| 1933 | Јанаки Паскалев, македонски револуционер. |
| 1949 | Трајчо Костов, бугарски комунист. |
| 1965 | Вилијам Сомерсет Мом, англиски писател. |
| 1969 | Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог. |
| 1965 | Вилијам Сомерсет Мом, англиски писател. |
| 1974 | Костас Варналис, грчки писател. |
| 2009 | Јегор Гајдар, руски економист. |
[уреди] 17 декември
Настани
| 1538 | Папата Павле III го екскомуницирал Хенри VIII од католичката црква. За возврат, Хенри ја укинал неговата јурисдикција и го иницирал осамостојувањето на Црквата на Англија. |
| 1577 | По налог на кралицата Елизабета I, Франсис Дрејк отпловил од Плимут, Англија, на тајна мисија да го истражи пацифичкиот брег на Америка. |
| 1903 | Во Северна Каролина, во САД, браќата Рајт го извршиле првиот лет со машина потешка од воздухот. |
| 1970 | Работничките протести во Полска против покачувањето на цените на храната биле крваво задушени со пукање во протестантите од војската и полицијата, при што загинале околу 40 луѓе, а стотици биле ранети. |
| 1991 | Турција, ги призна сите советски републики, кои прогласија независност. |
| 1993 | Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија. |
| 1989 | Емитувана е првата епизода на „Симпсонови“. |
| 2005 | Република Македонија доби статус на кандидат за членка на Европската Унија. |
| 2004 | Избрана владата на Република Македонија, предводена од Владо Бучковски. |
Родени
| 1749 | Доменико Чимароза, италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа. |
| 1770 | Лудвиг ван Бетовен, германски композитор. |
| 1903 | Џон фон Нојман, унгарско-американски математичар. |
| 1952 | Блаже Китанов, македонски поет. |
| 1973 | Пола Ретклиф, британска атлетичарка. |
| 1975 | Мила Јовович, американска актерка и модел. |
Починале
| 1187 | Папа Григур VIII, римски папа. |
| 1897 | Алфонс Доде, француски писател. |
| 1273 | Џалалудин Руми, персиски исламски поет, правник и теолог. |
| 1830 | Симон Боливар, јужно-американски борец за независност. |
| 1933 | Тубтен Гјатсо, 13-от Далај Лама |
| 1987 | Маргарет Јурсенар, француска писателка, романсиер, есеист, драматург. |
| 1881 | Луис Хенри Морган, американски етнолог и социолог. |
| 1987 | Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски, прв примариус и прв специјалист по општа медицина во Македонија. |
| 1907 | Вилијам Томсон Келвин, англиски физичар. |
| 1919 | Пјер Огист Реноар, француски сликар, еден од најголемите сликари на своето време. |
[уреди] 18 декември
Настани
| 1828 | Силен земјотрес го разурна јапонскиот град Нагаока, при што загинаа 30.000 луѓе. |
| 1958 | Лансиран SCORE, првиот комуникациски сателит во орбита околу Земјата |
| 1965 | Девет африкански држави ги прекинаа дипломатските односи со Велика Британија, откако Лондон му даде поддршка на расистичкиот режим во Родезија. |
| 1970 | Во Италија е усвоен Законот за развод на бракот и покрај големото противење на Католичката црква. |
| 1994 | Поранешниот американски претседател, Џими Картер пристигна на сараевскиот аеродром, со што ја започна втората етапа од својата посредничка мисија во БиХ. |
| 1865 | Укинато е ропството во Соединетите Американски Држави. |
| 1956 | Јапонија е примена за член на Организацијата на Обединетите нации. |
| 1941 | Во Вашингтон почна конференцијата на претставниците на 26 држави - сојузнички во Втората светска војна. Беше решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници се до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот. |
Родени
| 1392 | Јован VIII Палеолог - претпоследен византиски цар. |
| 1963 | Бред Пит, еден од најпознатите американски актери во 20 век. |
| 1954 | Улрих Рот, гитарист, еден од пионерите на жанрот на нео-класичниот метал. |
| 1786 | Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент. |
| 1913 | Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија. |
Починале
| 1829 | Жан Батист Ламарк, француски природнонаучник и филозоф. |
| 1995 | Конард Цусе, германски научник пронаоѓач на компјутерот. |
| 1932 | Едуард Бернштајн, германски социјалдемократски теоретичар. |
| 1945 | Климе Стојоски, македонски партизан. |
| 1975 | Теодосиј Добжански, руско-американски научник. |
[уреди] 19 декември
Настани
| 1940 | Како врховен командант на Вермахтот, Адолф Хитлер ја потпиша „Директивата број 1“, за напад на Советскиот Сојуз, позната во историјата на Втората светска војна како „План Барбароса“. |
| 1942 | Во манастирот Св. Никола во с. Прилепец, прилепско, во борба против бугарската окупаторска војска и полиција, откако беа предадени, загинаа деветмина борци на партизанскиот одред „Ѓорче Петров“. Борбата на Прилепец, претставува легенда за херојството на македонските партизани во борбата за слобода. |
| 1991 | На патот Скопје - Белград загина Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи во независна Македонија. |
| 1997 | Во Индонезија се урна авион „Боинг 737“ на сингапурската авиокомпанија „Силк ер“, кој летал од Сингапур за Џакарта. Во несреќата загинаа 104 лица. |
Родени
| 1849 | Филип V, шпански крал. |
| 1915 | Едит Пјаф, француска пејачка. |
| 1920 | Лазар Мојсов, македонски и југословенски политичар . |
| 1921 | Блаже Конески, македонски културен деец. |
| 1963 | Тил Швајгер, германски актер. |
| 1973 | Врбица Стефанов, македонски кошаркар. |
Починале
| 1370 | Папа Урбан V, римски папа. |
| 1848 | Емили Бронте, англиска писателка. |
| 1907 | Димитар Поп-Георгиев Беровски, македонски револуционер. |
| 1951 | Андре Жид, француски романописец, есеист и критичар. |
| 1991 | Јордан Мијалков, прв министер за внатрешни работи на независна Република Македонија. |
| 2002 | Александар Сариевски, македонски пејач и композитор . |
| 2006 | Гоце Николовски, македонски пејач на народна музика. |
[уреди] 20 декември
Настани
| 1582 | По неколку други европски земји, и во Франција е воведен Грегоријанскиот календар, со прескокнување на 10 дена, и сметајќи го денот по 9. декември како 20. декември. |
| 1830 | Учесниците на Лондонската конференција, на која беа застапени Британија, Франција, Австрија, Прусија и Русија, се согласија за одделување на Белгија и Холандија, по востанието што го кренаа Белгијците, за да формираат независна држава. |
| 1994 | Непопусливоста во разговорите меѓу руското и чеченското раководство доведе до жестоки борби во главниот град на Чеченија, Грозни и до стотици загинати невини граѓани. |
| 1902 | Француските научници Марија и Пјер Кири лабараториски издвоија нов елемент - радиум што го открија уште во 1898 година. Тие тогаш, само утврдија дека радиумот постои, но беа потребни низа години голема работа, трпеливост и самооткажување додека, Марија Кири успеа лабараториски да ги издвои чистите честички на радиумот. Во 1903 година Марија и Пјер Кири ја добија Нобелова награда за физика. |
Родени
| 1699 | Христоф Томас Шефлер, германски фрескописец. |
| 1902 | Васил Иљоски, македонски писател. |
| 1908 | Петар Шапкарев, бугарски економист. |
| 1915 | Илија Џувалековски, истакнат македонски актер. |
| 1917 | Дејвид Бом, американски квантен физичар. |
| 1923 | Ацо Шопов, истакнат македонски писател и академик. |
| 1928 | Сервет Салиу, македонски политичар. |
| 1957 | Ана Виси, грчка и кипарска пејачка. |
| 1969 | Абдилаќим Адеми, македонски политичар. |
Починале
| 217 | Папа Зефириниј, римски папа. |
| 1355 | Стефан Душан, српски цар. |
| 1937 | Ерих Лудендорф, офицер во германската армија. |
| 1982 | Артур Рубинштајн, пијанист. |
| 1996 | Карл Саган, американски астроном. |
[уреди] 21 декември
Настани
| 1991 | Во Минск, БССР формирана е Заедницата на независни држави. |
| 1994 | Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југо-источниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека, откриените мумии се стари 800 години. |
| 1994 | Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесец, во северниот регион Архангел. Ракетата „Топол-М“, претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина. |
| 1968 | Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината космичкиот брод „Аполо 8“ со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година, успешно се спушти на Земјата. |
| 1945 | Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкади, костурско. Идниот ден во селото Калевишта, костурско на ѕверски начин беа убиени. |
Родени
| 1879 | Јосиф Сталин, советски државник и политичар. |
| 1880 | Донка Ушлинова, македонска револуционерка. |
| 1906 | Игњат Крстевски, македонски градежен инженер. |
| 1917 | Хајнрих Бел, германски писател. |
| 1922 | Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски револуционер. |
| 1924 | Крум Томовски, македонски академик. |
| 1967 | Михаил Саакашвили, претседател на Грузија. |
Починале
| 1375 | Џовани Бокачо, славен Италијански писател и хуманист. |
| 1401 | Мазачо, италијански уметник. |
| 1940 | Френсис Скот Фицџералд, американски писател . |
| 1987 | Виктор Аќимовиќ, југословенски и македонски публицист. |
| 2006 | Сапармурат Нијазов, туркменистански автократ. |
[уреди] 22 декември
Настани
| 1514 | Диего Веласкез де Куељар го основа градот Тринидад, Куба. |
| 1808 | Лудвиг ван Бетовен ја одржал премиерата на својата Петта симфонија во Виена. |
| 1849 | Во последен миг е откажана егзекуцијата на Фјодор Достоевски. |
| 1943 | Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културното-просветното поле и друго. |
| 1999 | Основана е Либералната партија на Македонија. |
| 2008 | Фрчковски е осуден за клевета, навреда и омаловажување на Груевски, изнесени во колумна во весникот Дневник. |
Родени
| 1756 | Јохан Фридрих Пфаф, германски математичар, професор на Карл Фридрих Гаус. |
| 1858 | Џакомо Пучини, италијански оперски композитор. |
| 1908 | Кочо Рацин, македонски поет и револуционер. |
| 1940 | Георги Ајановски, македонски прозаист. |
| 1956 | Соломон Паси, бугарски политичар. |
| 1960 | Жан-Мишел Баскија, уметник. |
Починале
| 69 | Вителиј, римски император. |
| 1603 | Мехмед III, отомански султан. |
| 1880 | Мари ан Еванс, позната под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка. |
| 1936 | Николај Островски, советски писател. |
| 1989 | Семјуел Бекет, ирски писател, драматург и поет. |
| 2002 | Џо Страмер, англиски музичар. |
| 2006 | Ефтим Таковски, македонски новинар, писател и првиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. |
[уреди] 23 декември
Настани
| 1888 | Винсент ван Гог си отсекол делче од левото уво. |
| 1944 | Во Скопје излезе првиот број на весникот „Бирлик“ на турски јазик, како орган на НОФ на Македонија. |
| 1947 | Откриен е транзисторот, кој физичарите Џон Бардин, Волтер Братин и Вилијам Шокли го развиле во лабораториите Бел во САД. |
| 1991 | Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија, со седиште во Скопје. За претседател е избран Нано Ружин. |
| 1993 | Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон. |
Родени
| 1777 | Александар I, руски император. |
| 1790 | Жан Франсоа Шамполион, француски египтолог. |
| 1869 | Иван Гарванов, бугарски револуционер. |
| 1925 | Јаника Балаж, прочуен тамбураш од Војводина. |
| 1968 | Мануел Ривера-Ортис, порторикански фотографер. |
Починале
| 910 | Свети Наум Охридски, просветител и свештеник. |
| 1906 | Даме Груев, еден од основачите на ВМРО. |
| 1953 | Лаврентиј Берија, советски политичар. |
| 2003 | Драгољуб Ставрев, македонски општественик и државник. |
[уреди] 24 декември
Настани
| 563 | Базиликата Света Софија во Константинопол, по два пожари и три земјотреси во кои била два пати целосно и уште два пати делумно уништена, била повторно изградена и осветена од патријархот Евтихиј. |
| 1294 | Избран е папата Бонифациј VIII, по абдикацијата на Св. Целестин V. |
| 1943 | Претседателот на САД, Франклин Рузвелт соопшти дека, Двајт Ајзенхауер ќе командува со силите за време на инвазијата на Европа, окупирана од германските сили. |
| 1951 | Либија стана независна држава и се организира како уставно кралство со собрание и сенат. Идриз I се прогласува за крал на Либија. |
| 1974 | Во Велес е основан Аматерскиот драмски театар „Јордан Хаџи Констатинов - Џинот“. |
| 1993 | Илијадници луѓе станаа бездомници, откако од Франција, па се до делови на Украина, се забележани најголемите поплави во ова столетие. |
| 1999 | Малиот Принц од Антоан де Сент-Егзипери е прогласена за книга на XX век во Франција. |
Родени
| 3 | Галба, римски император. |
| 1166 | Јован Безземниот, англиски крал. |
| 1761 | Селим III, отомански султан. |
| 1784 | Елена Павловна, руска принцеза. |
| 1824 | Петар Корнелиус, германски композитор. |
| 1845 | Георги I, грчки крал. |
| 1861 | Иван Хаџи Николов, македонски општественик и револуционер. |
| 1868 | Емануел Ласкер, германски шахист. |
| 1973 | Стефани Мајер, американска писателка. |
| 1933 | Марија Поп-Ацева - Христова, македонски специјалист по микробиологија. |
| 1971 | Рики Мартин, порторикански пејач. |
| 1981 | Дима Билан, руски пејач. |
Починале
| 427 | Сисиниј Константинополски, Патријарх на Константинопол. |
| 1524 | Васко де Гама, португалски морепловец и истажувач. |
| 1942 | Жан Дарлан, генерал, Францускиот администратор за Северна Африка. |
[уреди] 25 декември
Настани
| 800 | Папа Лав III во Рим го круниса францускиот владетел Карло Велики за свет римски цар, титула што ја носеле германските монарси сè до времето на Наполеон I. |
| 1066 | Во Вестминстерската катедрала во Лондон за англиски крал беше крунисан норманскиот војвода Вилијам I. |
| 1688 | Во Франција пребега Јаков II, последниот англиски крал од династија Стјуард, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера. |
| 1717 | Се случила катастрофалната „Божиќна поплава“ - северозападна бура, што ги погодила крајбрежните предели на Холандија, Германија и Скандинавија вечерта воочи Божиќ. Во поплавата се удавиле вкупно 14.000 лица. |
| 1741 | Шведскиот физичар Андерс Целзиус ја создаде скалата од 100 степени за мерење на температурата - Целзиусова скала. |
| 1776 | Генералот Џорџ Вашингтон ги префрли силите со кои командуваше преку реката Делавер во Њу Џерси и неочекувано ги нападна германските платеници кои во Американската војна за независност се бореа на страната на Британците. |
| 1903 | Во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“. |
| 1914 | Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни |
| 1926 | Јапонскиот регент принцот Хирохито го наследи престолот на Јапонија по смртта на неговиот татко, царот Јошихито. |
| 1943 | Министерството за надворешни работи на Велика Британија во Втората светска војна му испрати телеграма на премиерот Винстон Черчил во која пишува: „Нашата политика мора да се потпре на фактот - партизаните ќе завладеат во Југославија. Тие се за нас, од воен аспект, од голема корист и мораме да им дадеме полна поддршка. Воените причини се поважни од политичките...“. |
| 1971 | Во пожар во еден хотел во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, загинаа 139 луѓе. |
| 1979 | Советски трупи влегоа во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата. |
| 1989 | Сменетиот романски диктаторски пар Николае и Елена Чаушеску се стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење. |
| 1991 | Михаил Горбачов поднесува оставка на местото претседател на СССР, и должноста му ја предава на Борис Елцин. |
| 1991 | Во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“. |
| 1995 | На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно - исламистичката партија за просперитет), на чело со лидерот на партијата Неџмедин Ербакан. |
| 1995 | Во поплавите на истокот од Јужна Африка загинаа најмалку 124 лица. |
| 1997 | На Куба за прв пат после три децении јавно е прославен Божиќ, а претседателот Фидел Кастро го прогласил тој ден за празник во чест на папата кој во јануари 1998 ја посетил Куба. |
| 2000 | Во пожар кој го зафати центарот на кинескиот град Луојанг животот го загубија најмалку 309 луѓе. |
| 2003 | При падот на патничкиот авион „боинг 727“ во Атланскиот Океан набрзо по полетувањето од Бенин кон Либан загинаа 138 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 15 офицери на армијата на Бангладеш, додека 22 лица ја преживеаја несреќата. |
| 2003 | Звездан Јовановиќ го призна убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. |
Родени
| 1250 | Јован IV Дука Ласкарис, никејски император. |
| 1642 | Исак Њутн, англиски физичар, астроном и математичар. |
| 1878 | Јован Бабунски, србомански четнички војвода. |
| 1882 | Рајна Алексова, македонски фармацевт. |
| 1899 | Хамфри Богарт, американски филмски актер. |
| 1918 | Јоргос Ралис, премиер на Грција. |
| 1923 | Естреја Овадија - Мара, македонски народен херој. |
| 1920 | Јован Бошковски, македонски писател. |
| 1925 | Карлос Кастанеда, американски автор. |
| 1943 | Зафир Хаџиманов, македонски пејач и композитор. |
| 1952 | Павле Трајанов, македонски политичар. |
| 1954 | Ени Ленокс, шкотска рок пеачка на групата Јуритмикс. |
| 1956 | Олег Дементиенко, македонски поет. |
| 1967 | Борис Новковиќ, хрватски поп пејач. |
| 1971 | Дајдо, британска пејачка. |
| 1976 | Армин Ван Бурен, холандски транс продуцент и диџеј. |
Починале
| 795 | Адријан I, римски папа. |
| 820 | Лав V, византиски император. |
| 1683 | Кара Мустафа паша, Голем везир на Отоманската Империја. |
| 1938 | Карел Чапек, чешки писател. |
| 1977 | Чарли Чаплин, најголем артист на немиот филм. |
| 1989 | Николае Чаушеску, романски комунистички лидер. |
[уреди] 26 декември
Настани
| 1805 | По победата кај Аустерлиц, Наполеон и го наметна на поразената Австрија понижувачкиот Пожунски мир, со кој и ги одзеде Венеција, Тирол и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот император ја создаде Рајнската конференција, држава сателит на Франција. |
| 1942 | Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година. |
| 1943 | Во селото Мрежичко, мариовско, Првата македонско-косовска бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула „Турски рид“. Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници. |
| 1945 | Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа. |
| 1991 | Сојузниот парламент на СССР на својата последна седница го објави своето распуштање. По напуштањето на преседателската функција, Михаил Горбачов го потпиша Указот со кој „атомското копче“, му го предаде на Борис Елцин. |
| 2003 | Катастрофален земјотрес во Бам, Иран. Загинаа 26.000 луѓе. |
| 2004 | Катастрофален земјотрес со јачина од 9,3 степени според Рихтеровата скала, го погоди дното на Индискиот Океан. Како последица на земјотресот и цунамите кои ги зафатија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, загинаа 186.983 лица, а 42.883 се сметаат за исчезнати. Овој настан се смета за најголема природна катастрофа во современата историја. |
Родени
| 1734 | Џорџ Ромни, истакнат англиски портретист. |
| 1937 | Михајло Маневски, министер за правда на Македонија. |
Починале
| 268 | Дионисиј, римски папа. |
| 268 | Зосим, римски папа. |
| 1530 | Захиредин Бабур, монголски император. |
| 1867 | Јожеф Кошич, словенечки автор. |
| 1923 | Дитрих Екарт, германски политичар. |
| 1972 | Хари Труман, 33-ти претседател на САД. |
| 1977 | Хауард Хокс, американски филмски режисер. |
| 2006 | Џералд Форд, 38-ми претседател на САД. |
[уреди] 27 декември
Настани
| 1938 | Во Скопје на македонски говор првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател Ристо Крле. |
| 1945 | Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бертон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот. |
| 1949 | Холандската кралица Јулијана потпиша Документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа. |
| 1979 | Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт. |
| 1992 | Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“. |
| 1993 | Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“, што ги погоди јужните Филипини. |
Родени
| 1571 | Јохан Кеплер, германски астроном, математичар и физичар. |
| 1717 | Папа Пиј VI, римски папа. |
| 1822 | Луј Пастер, француски хемичар и биолог. |
| 1901 | Марлен Дитрих, славна актерка, една од најголемите филмски звезди во светот на 20 век. |
| 1918 | Христо Брашнаров, македонски гинеколог, акушер и учесник во НОБ. |
| 1946 | Трифун Костовски, македонски деловен човек, донатор и поранешен градоначалник на Град Скопје. |
| 1982 | Терји Скибенес, гитарист на викинг-метал групата Тир од Фарските Острови. |
Починале
| 1534 | Антонио да Сангало Постариот, италијански архитект од времето на Ренесансата. |
| 1585 | Пјер Ронсар, француски писател од времето на ренесансата. |
| 1743 | Ијасент Риго, важен француски барокен сликар и портретист. |
| 1911 | Штерјо Михајлов, учесник во македонското револуционерно движење. |
| 1923 | Густав Ајфел, француски инженер и градител на познатата Ајфелова Кула. |
| 1836 | Ханс фон Сект, висок офицер во германската армија. |
| 1952 | Рамадан Зејнели, писател за деца од албанската националност во Македонија. |
[уреди] 28 декември
Настани
| 1805 | По победата кај Аустерлиц, Наполеон и го наметна на поразената Австрија понижувачкиот Пожунски мир, со кој и ги одзеде Венеција, Тирол и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот император ја создаде Рајнската конференција, држава сателит на Франција. |
| 1942 | Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година. |
| 1943 | Во селото Мрежичко, мариовско, Првата македонско-косовска бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула „Турски рид“. Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници. |
| 1945 | Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа. |
| 1991 | Сојузниот парламент на СССР на својата последна седница го објави своето распуштање. По напуштањето на преседателската функција, Михаил Горбачов го потпиша Указот со кој „атомското копче“, му го предаде на Борис Елцин. |
| 2003 | Катастрофален земјотрес во Бам, Иран. Загинаа 26.000 луѓе. |
| 2004 | Катастрофален земјотрес со јачина од 9,3 степени според Рихтеровата скала, го погоди дното на Индискиот Океан. Како последица на земјотресот и цунамите кои ги зафатија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, загинаа 186.983 лица, а 42.883 се сметаат за исчезнати. Овој настан се смета за најголема природна катастрофа во современата историја. |
Родени
| 1856 | Вудро Вилсон, дваесет и осмиот претседател на САД. Беше претседател од 1913 до 1921 година. |
| 1887 | Валтер Рутман, значаен германски експериментален режисер. |
Починале
| 1694 | Марија II, кралица на Англија. |
| 1703 | Мустафа II, отомански султан. |
| 1925 | Сергеј Александрович Есенин, еден од најзначителните руски лиричари и истакнат обновувач на поетската сликовитост. |
| 1937 | Морис Равел, француски композитор. |
| 2001 | Џемаил Максут, македонски театарски и филмски актер. |
| 2001 | Атанас Петровски, македонски филмски режисер и продуцент. |
| 2010 | Атина Бојаџи, македонска маратонка во пливање. |
[уреди] 29 декември
Настани
| 1943 | Во местото Провањеница, во атарот на селото Канарево, кумановско, бугарската војска и полиција стрелаше осум луѓе од селото Орах, еден од селото Канарево и еден од селото Длабочица. Притоа 77 луѓе од селото Орах беа интернирани во Бугарија. |
| 1992 | Долниот дом на холандскиот Парламент донесе одлука за признавање на Република Македонија. |
| 1997 | Во Хонг Конг започнува систематско санитарно колење на целокупната популација на кокошки (1,25 милиони), за да се спречи ширењето на птичјиот грип. |
Родени
| 1967 | Еван Сеинфелд, американски музичар. |
| 1969 | Линус Торвалдс, создавачот на јадрото за оперативениот систем Линукс. |
| 1709 | Елисавета, руска император. |
| 1721 | Мадам де Помпадур, љубовница на Луј XV. |
| 1972 | Џуд Ло, англиски глумец. |
Починале
| 1634 | Клаудио Монтеверди, Италијански композитор. |
| 1825 | Жак Луј Давид, француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот. |
| 1849 | Дионисио Агуадо, шпански класичен гитарист и композитор од времето на Романтизмот. |
| 1920 | Марко Цепенков, еден од најголемите собирачи на македонски народни умотворби кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македоците. |
| 1926 | Рајнер Марија Рилке, германски писател, еден од најголемите германски лиричари. |
| 1981 | Мирослав Крлежа, хрватски писател |
| 1986 | Харолд Макмилан, британски премиер |
[уреди] 30 декември
Настани
| 1911 | Во Кина е укината монархијата, а на чело на новосоздадената република застана Сун Јат Сен, дотогашен привремен претседател и водач на кинеската Народна партија - Куоминтанг. |
| 1943 | Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија. |
| 1949 | Во Скопје е формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар. Формиран е под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман. |
| 1964 | Основана е Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој - УНКТАД. |
| 1996 | Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставија дипломатски односи. |
| 2006 | Над поранешниот претседател на Ирак, Садам Хусеин била извршена смртна казна за злодела против човештвото. |
Родени
| 1865 | Радјард Киплинг, англиски писател. |
Починале
| 1909 | Ѕоле Стојчев, македонски револуционер, борец против османлиската власт. |
| 1944 | Ромен Ролан, француски раскажувач, романсиер, драматург, музиколог и борец за мир и демократија. |
| 2006 | Садам Хусеин, Претседател на Ирак. |
[уреди] 31 декември
Настани
| 1941 | Во Струга, спроти новата 1942 година е испеана познатата песна „Денес над Македонија се раѓа" - денешната химна на Република Македонија. |
| 1946 | Донесен е првиот Устав на Народна Република Македонија. |
Родени
| 1378 | Папа Каликст III, римски папа. |
| 1869 | Анри Матис, француски сликар и вајар. |
| 1937 | Ентони Хопкинс, велски филмски, телевизиски и сценски глумец. |
| 1941 | Алекс Фергусон, шкотски фудбалски тренер. |
| 1958 | Вил Килмер, американски глумец. |
| 1978 | Денис Чакар, турска глумица. |
| 1985 | Александра Херасименија, белоруска пливачка. |
Починале
| 335 | Папа Силвестер I, римски папа. |
| 192 | Комод, римски император. |
| 1610 | Лудолф ван Цојлен, германски математичар. |
| 1944 | Дељо Марковски, македонски револуционер. |