Дневник (дневен весник)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| ДНЕВНИК | |
|---|---|
Насловна страница |
|
| Вид | Дневен весник |
|
|
|
| Сопственик | ВАЦ Групација |
| Уредник | Катерина Блажевска |
| Основан | 1996 |
| Политичка ориентација | неутрален |
| Јазик | Македонски |
| Цена | 15 денари |
| Седиште | Скупи б.б Скопје |
| Тираж | 45.000 (Јануари 2007) |
|
|
|
| Веб-место: Online едиција | |
„Дневник“ е првиот приватен дневен весник во Република Македонија кој излезе на 20 март 1996 година. Кратко по излегувањето весникот предизвика турбуленција на медиумската сцена со тоа што ја спушти цената на весникот од 30 тогашни денари на само 5 денари. Ова предизвика и делумно финансиско пропаѓање на тогашните весници „Нова Македонија“ и „Вечер“. Дневник е дневен весник кој обработува главно политички содржини. Повеќе години со ред е најтиражен весник во Македонија.
Основачи на „Дневник“ се Миле Јовановски, Бранислав Ѓероски и Александар Дамовски. Првиот број на весникот излегол на 20 март 1996. година и оттогаш бележи постојан подем. Сегашниот просечен тираж на весникот е 55.000 примероци, што претставува дневен весник со најголем тираж во Република Македонија. Сите меѓународни мониторинзи извршени во изминатиов период во врска со објективното и независно новинарство во Македонија, досега покажаа дека „Дневник“ и во тој дел е убедливо на прво место. Во рамките на весникот излегуваат и прилозите „Антена“ (секој петок), „Викенд“ (секоја сабота) и „Огласи“ (секој вторник).
Друштвото со ограничена одговорност „Круг“ д.о.о. е издавач на „Дневник“. Од 1999 година сопственици на „Круг“, покрај Миле Јовановски, Бранислав Ѓероски и Александар Дамовски, се и Милорад Стојмановски, Злате Лозановски, Владимир Богоев, Бојан Кицуровски и американскиот инвестициски фонд СЕАФ. „Круг“ д.о.о. е основач на печатницата „ДЕ“, која го печати и весникот. Втор основач на „ДЕ“ е печатницата од Кочани „Европа '92“.
Генерални директори се Д-р Срѓан Керим и Миле Јовановски, а извршен директор е Владимир Богоев. Долгогодишниот главен и одговорен уредник Бранко Героски во 2004 го напушти весникот и премина во „Време“. Во моментов главен и одговорен уредник е Катерина Блажевска. Бројот на вработените и на хонорарните соработници во „Круг“ е повеќе од 100 лица. Веб-страницата на Дневник е прва веб -страница на пишан македонски медиум. Во просек дневно таа страница на Интернет ја посетуваат повеќе од 30.000 читатели, главно од Канада, САД, Австралија, Нов Зеланд и од западноевропските земји.
[уреди] Наводи
|
|||||||||||||||||