Џеремаја Кларк

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Џеремаја Кларк (англ. Jeremiah Clarke), (~ 1674 - 1 декември 1707) бил англиски барокен композитор и органист.

Се мисли дека е роден во Лондон во 1674. Бил ученик на Џон Блоу во катедралата Св. Павле. Подоцна станал органист во Кралската капела. Го завршил животот со тоа што се самоубил (се застрелал) заради „жестока и безнадежна страст за преубава млада дама од виш статус“[1]. Пред да се застрела размислувал и да се обеси или удави. На работното место бил наследен од Вилијам Крофт.

Денес Кларк е најпознат по клавијатурното дело со наслов „Марш на данскиот принц“ (Prince of Denmark's March), популарно наречено „Волунтерија за труби“ (Trumpet Voluntary) кое долго време му се припишувало на Хенри Персел. Композицијата е всушност преземена од полуоперата „Островската принцеза“, заедничко дело на Даниел Персел (помладиот брат на Хенри Персел), што е веројатно причина за забуната.

Дела[уреди]

  • Музика за чембало и органа
  • Миси и друга верска музика (меѓу кои и 20 химни и неколку оди)
  • Наградено дело: Марш на данскиот принц од „Островската принцеза“, популарно наречен „Волунтерија за труби“, околу 1699

Наводи[уреди]

  1. Piggott, Solomon (1824). „Remarkable Modes of Suicide“. „Suicide and its antidotes: a series of anecdotes and actual narratives, with suggestions on mental distress“. J. Robins and Co.. стр. 175. http://books.google.com/books?id=1JcDAAAAQAAJ&pg=PA173&lpg=PA173. конс. 4 август 2009.  (англиски)

Надворешни врски[уреди]