Волт Дизни

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Волт Дизни
Walt disney portrait.jpg
Роден(а) Волтер Елијас Дизни
5 декември 1901(1901-12-05)[1]
Чикаго, Илиноис
Починал(а) 15 декември 1966 (возраст 65)
Бурбенк, Калифорнија
Занимање Филмски продуцент, ко-сопственик на The Walt Disney Company, претходно позната како Walt Disney Productions
Сопруг(а/и) Лилијан Баундс (1925-1966)

Волтер Елијас Дизни (англиски: Walter Elias Disney) (5 декември, 1901–15 декември, 1966) беше американски филмски продуцент, режисер, сценарист, гласовен актер, аниматор, претприемач, филантропист, како и повеќекратен добитник на Наградата на академијата. Дизни е познат по неговото влијание врз полето на забавната индустрија за време на дваесетиот век. Како ко-основач (со својот брат Рој О. Дизни) на Walt Disney Productions, Дизни стана еден од најпознатите филмски продуценти во светот. Корпорацијата кој тој ја ко-основа, сега позната како The Walt Disney Company, денес има годишен приход од околу 35 билиони амеркикански долари.

Дизни е особено познат по тоа што бил филмски продуцент и популарен шоумен, како и иноватор во анимацијата и дизајнот на тематските паркови. Тој и неговиот персонал имаат создадено голем број на светски славни измислени ликови вклучувајќи го Мики Маус. Тој е добитник на дваесет и шест Оскари, вклучувајќи рекордни четири во една година, и се има здобиено со понатамошни педесет и девет номинации[2], а го држи и индивидуалниот рекорд на највеќе награди и највеќе номинации. Тој исто така е добитник и на седум Еми награди. Тој е истоименик на Дизниленд и Волт Дизни светското одморалиште во САД, Јапонија, Франција и Кина.

Дизни е починат од рак на плуќата на 15 декември, 1966, неколку години пред отворањето на неговиот проект од сонишата Волт Дизни светското одморалиште во Флорида.


[уреди] Референци