Малиот Принц

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


„Малиот Принц“  
Малиот Принц.jpg
Автор Антоан де Сент-Егзипери
Наслов на
оригиналот
Le Petit Prince
Преведувач Мира Чепиниќ
Илустратор Антоан де Сент-Егзипери
Земја Франција
Јазик Македонски
Издавач Табернакул (македонски)
Издадена 1943
Страници 97
ISBN ISBN 9989-918-98-8

Малиот Принц (фран.Le Petit Prince), објавен во 1943, е најпознатиот роман на Антоан де Сент-Егзипери, кој го напишал додека бил во САД. Романот вклучува низа илустрации од самиот Сент-Егзипери кои се поврзани со содржината.

Книгата е преведена на повеќе од 180 јазиции продадена во над 80 милиони примероци.[1] [2], со што е една од најпродаваните книги во светот воопшто.

Содржина

[уреди] Пишувањето на книгата

Книгата била напишана за време на престојот на Сент-Егзипери во куќата The Bevin House во Ашкон, Њу Јорк, на Лонг Ајланд. Најчесто книгата се издава заедно со илустрациите кои ги направил Сент-Егзипери.

Куќата во која била книгата Малиот принц била напишана

[уреди] Осврт

Иако е замислена како книга за деца, Малиот Принц прави повеќе длабоки и идеалистички поенти за животот и човечката природа. Раскажува за средбата со мал принц среде Сахара. Суштината на книгата е кондензирана во познатите редови искажани од лисицата на Малиот Принц: Не можеш да гледаш убаво без срцето, суштината е невидлива за очите.; или: Времето што си го минал со својата роза ја прави неа толку важна.

[уреди] Инспирација

Во Малиот принц авторот говори за заробеност во пространствата на Сахара покрај авион. Оваа со сигурност може да се каже дека претставува инспирација од неговиот личен живот. Од искуството кое самиот го имал, а го опишува во детали во својата книга Ветер, песок и ѕвезди.

На 30 декември 1935 година Сент-Егзипери заедно со неговиот навигатор Андре Прево со авион се урнале во либискиот дел на Сахара. Обајцата го преживеале падот, но во голема мерка дехидрирале.

Некои сметаат дека инспирацијата на Сент-Егзипери инспирацијата ја добил од книгата Паташо, малото момче на авторот Трисан Дрем.

Сент-Егзипери, неговиот авион и Малиот принц (на двете страни) на банкнотата од педесет француски франци.

[уреди] Малиот принц во популарната култура

Во Франција ликот на Малиот принц е многу популарен не само во секојдневниот живот на обичните луѓе туку и пошироко. Банкнотите од педесет француски франци на обете страни го имаа ликот на Малиот принц.

Според оваа книга снимени се мјузикл, две опери и анимирана серија. Покрај тоа, еден астероид го носи името Малиот Принц.

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици