Кери Хилсон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кери Лин Хилсон (родена на 5 декември 1982 год.) е американска Ритам и Блуз пејачка и текстописец. Родена и израсната во Декатур, Џорџија, таа се прочу како текстописец, пишувајќи песни за одредени изведувачи во средината на 2000та год. како дел од петчлената продукција/тим на текстописци, познат како Д Клач. Во 2006 год., таа потпиша договор за снимање за издавачката куќа на Тимбаленд, Мосли Мјузик.

Хилсон го издаде својот деби студиски албум, Во Совршен Свет… во март 2009 год., кој се искачи помеѓу првите пет на албум листата на Билборд 200 и на кој се појавија хит сингловите “Те Урива” и “Ме Палиш”. Албумот се искачи на првото место на Американската Топ Ритам и Блуз/ Хип-Хоп Албум листа и на крајот беше заверен како златен. Хилсон доби две номинации за Греми за албумот, како и Најдобра Рап Соработка за “Те Урива”, заедно со Кание Вест и Ни-Јо. Реизданието на албумот вклучи претходно необјавени песни, како што е “Сакам”. Песната стана прв број еден хит на Хилсон во Германија и беше заверена како платинеста. Како истакнат гостински вокал во современите Ритам и Блуз и хип-хоп жанрови, Хилсон се појавена на голем број синглови од други пејачи, вклучувајќи го број еден хит синглот “Каков Што Си” со Тимбаленд.

Кери Хилсон

Хилсон во Радиското Кока Кола Фоаје, 2009 год.

Основни информации

Родено име Кери Лин Хилсон Роден(а) 5ти декември, 1982 год. (возраст 28) Декатур, Џорџија Соединети Американски Држави Жанр Ритам и Блуз, поп, хип-хоп Занимање Пејачка, текстописец, танчерка Инструмент Вокали Активнoст 2001 – моментално Издавач Зон 4, Мосли Мјузик, Интерскоп Други групи и точки Д Клач, Тимбаленд, Полоу да Дон, Кание Вест, Ни-Јо, ТЛЦ Интернет страна kerihilson.com

Живот и кариера[уреди]

1982 – 2000: Младост и почетоците на кариерата[уреди]

Хилсон е родена во Декатур, Џорџија. Учела во средното училиште Такер, во Такер, Џорџија. На 12 години Хилсон почнала да свири на пијано и со часови за пеење. За време на тинејџерските години, Хилсон ја започна кариерата како текстописец и придружен вокал, работејќи за продуцентот Ентони Дент. По обидот и неуспехот со две женски групи, Прити Тони и Ди Сајн, Хилсон се запиша на колеџот Оксфорд при Емори универзитетот во Атланта, додека сè уште се занимавала со музичка кариера. Хилсон ја наведува Џенет Џексон за големо влијание во нејзината кариера.

2001 – 2007: Пишување текстови за песни со Д Клач и самостојни проекти[уреди]

Хилсон започна да пишува музика за други пејачи во 2001 год. како дел од петчлената продукција/тим на текстописци познат како Д Клач. Таа се прочу како аранжер на песни и испеа придружни вокали на многу од песните на пејачите за коишто пишуваше, како Ашер, Лудакрис, Кели Роуленд и Сиера. Нејзините текстови беа заслужни за голем број хитови, како “Прифати Ме Каква Што Сум” на Мери Џеј Блајџ, “Ледена Кутија” и “Лудо Вљубен” на Омарион, “Почекај Минута” на Пусикет Долс, “Дај Ми Повеќе” на Бритни Спирс, “Херој” на Нас и “Како Момче” на Сиера.

Таа остана претежно позади сцената сè до 2004 год., кога се појави на синглот “Хеј Сега” на раперот Екс Зибит. Хилсон за првпат настапи на ЕмТиВи Европските Музички Награди во 2004 год., каде што ја изведе песната во живо со Екс Зибит. Во 2006 год. таа потпиша за издавачката куќа на Тимбаленд, Мосли Мјузик. Во 2007 год. имаше неколку гостувања на самостојниот проект на Тимбаленд “Шок Вредност”, вклучувајќи ги сингловите “Врисок” и “Каков Што Си”, кои се искачија на третото место на Американскиот Билборд Хот 100. Исто така, се појави на песната “Изгубени Девојки” од деби албумот на Рич Бој, како и на неговиот втор сингл “Добри Работи”. На Хилсон и беше доверена улогата како творец и придружен вокал на албумот на Бритни Спирс, “Затемнување”. Хилсон имаше и неколку гостувања во музички спотови, како што е синглот “Љубов Во Клубот” од Ашер, и исто така во спотот за синглот на Ни-Јо, “Госпоѓица Независна”.

2008 – 2009: Во Совршен Свет…[уреди]

Главна статија: ''Во Совршен Свет…''

По неколку одложувања, деби албумот на Хилсон ''Во Совршен Свет…'', беше објавен во март 2009 год. Според пејачката, насловот на албумот е нејзиниот начин на кој “вели дека ништо во светот не е совршено, ниту една личност во него. Никој од нас не е лишен од маки и скршено срце и сите имаме нешто во нашите животи што би го смениле ако можеме – било да е тоа изгледот на телото, финансискиот статус, љубовниот живот… Беше навистина важно за мене да напишам песни коишто жените ќе можат да ги поистоветуваат со вистински ситуации. Не сакав да направам албум кој ќе ме прикаже како совршена, бидејќи без оглед на тоа како изгледаат работите, никој не е. Го крстив така со елипсите – точка точка точка – бидејќи е недовршена изјава. Сакав да кажам како никој не е лишен од реалноста на животот и сите тие работи”. Извршни продуценти на албумот се Тимбаленд и Полоу Да Дон. Во Совршен Свет… дебитираше на четвртото место на Американскиот ''Билборд'' 200 и на првото место на Американската Топ Ритам и Блуз/ Хип-Хоп Албум листа со приближно 94 000 продадени примероци во првата недела, и стекна генерално задоволителни оценки од музичките критичари, кои го забележаа како “заводлив деби компакт диск полн со мазни, радио-пријателски исечоци” и на крајот беше заверен златен од РИАА.

Настап на Кери Хилсон и Лил Вејн на Џенерал Моторс Плејс во Ванкувер јануари 2009 год.

“Енергија” беше објавен како водечки сингл на албумот на 20ти мај, 2008 год. Се искачи на седумдесет и осмото место на Американскиот ''Билборд'' Хот 100, дваесет и прво на Хот Ритам и Блуз/ Хип-Хоп Песни листата и постигна мал успех во Обединетото Кралство. Песната имаше успех во Нов Зеланд, каде што се искачи на второто место и се стекна со златна акредитација. Во октомври 2008 год., Хилсон соработуваше со колегата пејач Крис Браун на песната “Натчовечки”, која стигна до првите дваесет песни во Ирска и Нов Зеланд. “Ја Враќам Услугата” заедно со Тимбаленд беше објавена како втор сингл од албумот. Се искачи помеѓу првите дваесет песни во Обединетото Кралство, Ирска и Белгија. “Ме Палиш” заедно со Лил Вејн стана прв хит на Хилсон помеѓу првите дваесет песни како соло пејач на Билборд Хот 100, каде што стигна до петнаесетото место. Песната стигна до второто место на Хот РнБ/ Хип-Хоп Песни листата, станувајќи прв хит на Хилсон помеѓу првите пет на листата.

“Те Урива”, соработка со Кание Вест и Ни-Јо, беше објавена како четврт сингл од албумот. Песната се покажа дека е најголем хит на Хилсон во светски рамки. Се искачи до третото место на Билборд Хот 100 за три непоследователни недели и триумфираше на Хот Ритам и Блуз/ Хип-Хоп Песни листата. Дополнително се појави помеѓу првите десет песни во пет други земји, и беше прогласена за платинеста во Нов Зеланд и златна во Австралија. Песната доби номинација за Најдобра Рап Соработка на 52то издание на Греми наградите. Реизданието на албумот вклучи претходно необјавени песни, како што е “Сакам”. Песната беше употребена за германскиот филм ''“Пиле Со Две Уши”'' и стана прв број еден хит на Хилсон во Германија кој беше заверен како платинест. Во меѓувреме, Хилсон продолжи да гостува по песни кај други пејачи во текот на 2009 год., вклучувајќи го Плајс со синглот “Лек”, Фебјулос со “Сè, Секој Ден, Секаде”, Нас со “Херој” и Шон Пол со “Држи Ми Ја Раката”.

2010 – моментално: Забрането За Момци[уреди]

Главна статија: Забрането За Момци

Хилсон настапува на концертот Дивас Салут Д Трупс на Ви Ејч Уан, во 2010 год.

Во јануари 2010 год. Хилсон беше гостинка на хуманитарниот сингл на Ејкон, “Оу Африка”. Таа беше и дел од проширената А-листа на музички уметници за време на снимањето на “Ние Сме Светот 25 За Хаити”. Хилсон гостуваше и на други синглови, вклучувајќи го “Девојка Од Милион Долари” од Трина и “Те Чувам” од Ти Ај. Во април 2010 год., беше обелоденето дека таа е новото заштитно лице на Авон, заменувајќи ја пејачката Џенифер Хадсон.

Нејзиниот втор студиски албум, Забрането За Момци, беше објавен на 21ви декември, 2010 год. Хилсон објасни дека албумот е длабок интимен проект создаден да ги крене жените на свои нозе. Провокативниот наслов, не е она што би можеле да го помислите. “Не е за да ги исклучи мажите. Повеќе е поради тоа жените да разберат дека доаѓа време во нивниот живот кога сакаат маж. Вистински маж. Пораснат. Не момче. А тоа не е нешто лошо. Јас пишувам од женска перспектива, но исто така, им кажувам на мажите дека жените навистина мислат на нив и ги чувствуваат”. Албумот дебитираше на 11тото место на Билборд 200 со 102 000 продадени примероци. Иако продаде 8000 примероци повеќе од деби албумот, Во Совршен Свет… не успеа да се мери со позицијата на деби албумот, кој беше четврто место на листата.

“Критична точка”, продуцирана од Тимбаленд, беше објавена како водечки сингл на албумот во САД, на 7ми септември, 2010 год. Се искачи на 44тото место на Американската Хот Ритам и Блуз/ Хип-Хоп Песни листа. “Убавата Девојка Се Ниша” беше објавен како втор сингл на 12ти октомври, 2010 год. Песната имаше постојано 10то место на Американската Хот РнБ/ Хип-Хоп Песни листа и се искачи на 31вото место на Американскиот Билборд Хот 100. Музичкиот запис за песната доби критички признанија и пофалби за изразената почит кон музичките икони од минатото како што се, Јозефин Бејкер, Дороти Дендриџ, Д Енду Систерс, Дајана Рос, Дона Самер, Џенет Џексон и ТиЕлСи. Хилсон се појавува како секоја од пејачките во добро позната сцена од тоа време. Како што се подготвува за пролетна турнеја на почетокот на 2011 год., и го отвора 20 годишниот јубилеен концерт на ТиЕлСи, започнува и да работи на својот трет албум со гости како ТиЕлСи, Блек и други женски групи. Таа гостува на албумот на Тион “Ти-Боз” Воткинс, “Сè Уште Кул”.

“За Една Вечер”, на која гостува Крис Браун, е трет сингл од албумот. Во февруари 2011 год., Хилсон го извести Реп-Ап магазинот дека смета да го избере “За Една Вечер” како нареден сингл од албумот Забрането За Момци, по излив на поддршка од фановите. Таа изјави, “На моите фанови навистина им се допаѓа “За Една Вечер” со Крис Браун… Јас имам повеќе фаворити, но фановите ја сакаат “За Една Вечер”. Таа ќе биде мојот урбан сингл. Нема да биде, но ако одиме со неа, ќе одиме на тој начин.” Песната се појави на Американската Хот Ритам и Блуз/ Хип-Хоп Песни листа на 68мото место. Најавено е дека “Губи Контрола” со Нели, ќе биде нареден сингл од албумот.

Дискографија[уреди]

Главна статија: Дискографија на Кери Хилсон

Во Совршен Свет… (2009) • Забрането За Момци (2010)

Награди и номинации[уреди]