Билборд 200

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Табелата Билборд 200 ранкира 200 најпродавани музички албуми и EP албумиво САД, а објавувана е неделно од магазинот Билборд. Таа често се користи за искажување на популарноста на уметник или група на уметници. Често некој снимачки чин ќе биде запаметен по неговите „број еден“ места, на своите албуми кој ја надминал продажбата на сите други во текот на најмалку една недела.

Табелата е базирана само на продажби (и на малопродажна трговија и дигитално) на албуми во САД. Неделата на продажби започнува во понеделник, а завршува во недела. Нова табела е издадена следниот вторник со датум за следната сабота.

Пример:
понеделник 1 јануари – почнува неделата на продажби
неделна 7 јануари – завршува неделата на продажби
вторник 11 јануари – издадена е нова табела во сабота на 20 јануари.

Новите продукти се издадени во американските музички маркети во вторниците. Дигиталните спуштања се вклучени во Билборд 200 табелата, сè додека целиот албум е купен. Албумите кои не се лиценцирани за продажба на мало во САД (уште не се увезени во САД) не се погодни за табелата. Долгогодишна политика што ја прават несоодветни наслови, кои се продаваат исклучиво од страна на одредени продажни места, како на пример Вол-Март или Старбакс, е обратна на 7 ноември 2007 година, а стапи на сила на 17 ноември.[1]

Моменталниот број-еден албум (од 4 јуни, 2011) на Билборд 200 е 21 од Адел.[2]

Историја[уреди]

Билборд ја започнал табелата за албуми во 1945. Првично само со пет позиции, табелата за албуми не беше објавена на неделна база, а понекогаш поминувале 3-7 пред таа да биде ажурирана. Двонеделна (иако со неколку дупки), 15-позициска табела за Најдобор-Продавани Популарни се појавила во 1955. Со екслозијата на рокенрол музиката, Билборд за првпат прикажал табела наречена Најдобро-продавани Популарни Албуми на 24 март, 1956. На албумот место зафаќале од 10 до 30 албуми. Првиот број-еден албум на новата неделна табела бил Belafonte од Хари Белафонте. Табелата била преименувана во Најдобро-Продавани Поп Албуми во 1956, а потоа во Најдобро-Продавани Поп LPs во 1957.

Видете исто[уреди]

Извори[уреди]

  • Џоел Витбурн Ги презентира Билборд Албумите, 6-то издание, ISBN 0-89820-166-7
  • Витбурн, Џоел (1991). „Билборд Книгата на Топ 40 Албуми“ (Преработено и зголемено 2-ро издание). Билборд Книги. ISBN 0-8230-7534-6 
  • Дополнителни информации можат да се најдат на онлајн архивните сервиси на Билборд и испринтираните изданија на магазинот.

Наводи[уреди]

  1. Питерс, Мичел. „Revised Chart Policy Lands Eagles At No. 1“, „Билборд“, 6 ноември 2007 (конс. 6 ноември 2007).
  2. Колфилд, Кејт. „Seether Scores Top Billboard 200 Debut, Adele Still No. 1“, „Билборд“, 25 мај 2011 (конс. 25 мај 2011).

Надворешни врски[уреди]