21 (албум на Адел)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„21“
Студиски албум од Адел
Издаден јануари 19 2011 (2011-01-19)
(видете историја на издавање)
Снимен 2010; AirStudios, Angel Studios, Eastcote Studios, Harmony Studios, Metropolis Studios, Myaudiotonic Studios, Patriot Studios, Serenity Sound, Shangri La Studios, Sphere Studios, Wendyhouse Productions
Жанр Поп, рок, алтернатива, R&B, соул
Траење 48:12
Издавачка куќа XL, Columbia
Продуцент Џим Абис, Адел Адкинс, Паул Епворт, Рик Рубин, Фрејзер Т. Смит, Рајан Тедер, Дан Вилсон
Адел — Хронологија
19
(2008)
21
(2011)
Издадени песни од 21
  1. "Rolling in the Deep"
    Издадена: 29 ноември, 2010
  2. "Someone Like You"
    Издадена: 16 февруари, 2011
  3. "Set Fire to the Rain"
    Издадена: 25 февруари, 2011
  4. "Rumor Has It"
    Издадена: 2012

21 е вториот студиски албум на британската пејачка-текстописец Адел. Албумот бил издаден на 21 јануари, 2011 година во Обединетото Кралство и ширум Европа, а на 22 фавруари, 2011 бил издаден во Северна Америка. Во продолжение на нејзиниот прв албум од 2008, 19, 21 бил наречен по возраста на пејачката во времето на продукцијата на албумот. Покрај тоа што се потпира на фолк и Motown влијанијата од нејзиниот прв албум, во новиот албум Адел истражува различни жанрови и стилови од кантри и блуз до поп и Р&Б. Албумот се смета како албум за разделби, бидејќи повеќето од песните се фокусираат на аспекти на неодамна завршените врски на пејачката.

21 содржи продукции од Рик Рубин, Паул Епворт и Рајан Тедор покрај другите и бил издаден со позитивни критики, а критичарите ја пофалиле вокалната изведба на Адел и нејзиното интроспективно пишување. Претходен од водечкиот сингл „Rolling in the Deep“, албумот се искачил на првото место на Бритнаската табела за албуми, продавајќи 208,000 копии, а исто така се искачил на првото место и во десет други држави вклучувајќи ги Канада, Германија и Ирска. 21 се искачил и на првото место на Билборд 200 табелата во САД со 352,000 копии и претставува албум кој продал најмногу копии во првата недела во САД за 2011.

Позадина[уреди]

Во 2008, додека го славела успехот на нејзиниот прв студиски албум 19, Адел исто така ја завршила својата прва сериозна врска која била инспирација за албумот. Неколку месеци за време на нејзината американска и европска промоционална турнеја An Evening with Adele која траела од 2008 до 2009, 20-годишната пејачка започнала нова врска со маж кој бил десет години постар од неа.[1] Според пејачката, врската станала „најголемата работа во [нејзиниот] цел живот“.[1] Постар и пософистициран од нејзините претходни љубовници,[2] нејзиниот дечко го зголемил нејзиниот видик и ја сменил како личност.[1] 18 месеци подоцна, врската го достигнала својот крај,[3] по што следел период на алкохолизам и депресија за пејачката.[4][1] Напишан како реквием за нејзината завршена врска, албумот ги прикажувал скршеното срце и тагата на пејачката за нејзината врска.[5] Сепак, таа објаснила дека 21 не е само за лутината кон нејзиниот поранешен љубовник, туку и искрено ги прикажувал „[нејзините] сопствени мани“.[5]

Список на песни[уреди]

Официјалниот список на песни издаден преку iTunes Store UK на 30 ноември, 2010.[6]

бр. Наслов Автор Продуцент(и) Траење
1. Rolling in the Deep“   Адел Адкинс, Паул Епворт Епворт 3:48
2. Rumour Has It“   Адкинс, Рајан Тедер Тедер 3:43
3. Turning Tables“   Адкинс, Тедер Џим Абис 4:10
4. Don't You Remember“   Адкинс, Дан Вилсон Рик Рубин 4:03
5. Set Fire to the Rain“   Адкинс, Фрејзер Т. Смит Смит 4:02
6. „He Won't Go“   Адкинс, Епворт Рубин 4:38
7. „Take It All“   Адкинс, Ег Вајт Абис 3:48
8. „I'll Be Waiting“   Адкинс, Епворт Епворт 4:01
9. „One and Only“   Адкинс, Дан Вилсон, Грег Велс Рубин 5:48
10. Lovesong“   Роберт Смит, Симон Галуп, Роге Оу Донел, Порл Томпсон, Лол Толхурст, Борис Вилијамс Рубин 5:16
11. Someone Like You“   Адкинс, Вилсон Вилсон, Адкинс 4:45

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Still, Jennifer (23 февруари 2011). „Adele: 'Writing album broke my heart'“. Digital Spy. Hachette Filipacchi (UK) Ltd. http://www.digitalspy.ca/music/news/a305347/adele-writing-album-broke-my-heart.html. конс. 24 април 2011. 
  2. Hicklin, Aaron (17 мај 2011). „Adele: Lady Sings the Blues“. „Out“. Regent Entertainment Media. http://www.out.com/features/2011/05/Adele-Lady-Sings-The-Blues/index.asp?slideshow_title=Adele-Lady-Sings-The-Blues&theID=5#Top. конс. 22 јули 2011. 
  3. Mark McInnis (Creator and Executive Producer). (16 March 2011). „Adele Plays with MTV News“. [Television production]. Toronto, Canada: MTV Live, MTV Canada. Bell Media. http://www.mtv.ca/news/video_content.jhtml?id=1660115. 
  4. Harmsworth, Andrei. „Adele: Bitter break-up drove me to drink“, „Metro“, Associated Newspapers, 23 февруари 2011 (конс. 12 мај 2011).
  5. 5,0 5,1 'I'm a failure...that's why I sing': Never mind the hits, Adele reveals that she is fuelled by pain and insecurity“, „Daily Mail“, Associated Newspapers; Daily Mail and General Trust plc, 20 јануари 2011 (конс. 1 мај 2011).
  6. 21 by Adele - Download 21 on iTunes“. Itunes.apple.com. 21 јануари 2011. http://itunes.apple.com/gb/album/21/id405293187. конс. 27 април 2011. 
  7. Wood, Mikael (28 јануари 2011). „Adele: The Billboard Cover Story“. „Billboard“. Prometheus Global Media. http://www.billboard.com/#/news/adele-the-billboard-cover-story-1005015182.story. конс. 24 април 2011. 

Надворешни врски[уреди]