Четврток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Четврток, според ISO 8601, е четвртиот ден во седмицата, помеѓу среда и петок. По некои конценции, четвртоците во годината ги означуваат броењата на седмиците. Првата седмица се дефинира како седмица којашто го содржи првиот четврток во годината.

Во словенските јазици и во кинескиот, овој ден го носи името според бројот „четири“: (словачки štvrtok, чешки čtvrtek, хрватски и босански četvrtak, полски czwartek, руски "четверг" četverg, српски "четвртак", украински "четвер" chetver). На кинески овој ден е 星期四 xīngqīsì („четврти“). Грчкиот јазик за овој ден го користи бројот „пет“: Πέμπτη Pémpti „петти“, а исто и португалскиот: quinta-feira „петти ден“ и хебрејскиот: "יום חמישי".

Името на овој ден на јазикот урду е „ноќта спроти петок“ Jumeraate. Во религијата хинду, четврток е Guruvaar (ગુજરાતી), од Guru, санскритското име за најголемата планета Јупитер.


Денови од седмицата

Понеделник | Вторник | Среда | Четврток | Петок | Сабота | Недела