Човекот кој беше Четврток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Човекот кој беше Четврток: Кошмар“  
Image:Manwhowasthursday.jpg
Автор G. K. Chesterton
Земја United Kingdom
Јазик English
Жанр(ови) Thriller
Издавач J. W. Arrowsmith
Издадена 1908
Медиум Print (Hardcover)
Страници viii, 330 pp

„Човекот кој беше Четврток: Кошмар“ е новела од Г. К. Честертон, за прв пат објавена во 1908 година. Новелата понекогаш се опишува како метафизички трилер.

Сиже[уреди]

Скотланд јард го регрутира Сајм во нивниот таен антианархистички полициски одред во Лондон, во време кога на власт се наоѓа кралот Едвард VII. Лусијан Грегори е анархистички поет кој живее во предградието на Сафрон парк. Сајм го среќава Грегори на една забава и тие двајца дискутираат за значењето на поезијата. Според Грегори, сржта на поезијата лежи во револтот. Сајм се противи и настојува дека сржта на поезијата не е во револуцијата, туку во законот и му оди на нерви на Грегори тврдејќи дека возниот ред на подземната железница во Лондон е најпоетската човечка творба. Исто така, му вели на Грегори дека тој не е сериозен во врска со неговиот анархизам. Ова до толку го раздразнува Грегори што тој одлучува да го однесе Сајм во анархистичкото збирно место кое се наоѓа во подземјето, кадешто му открива дека неговото јавно поддржување на анархијата е само маска која го прави да изгледа безопасен, а всушност е влијателен член на локалниот огранок при Европскиот анархистички совет.

Централниот анархистички совет се состои од седум членови и сите се именувани според деновите во неделата. Локалниот огранок во којшто припаѓа Грегори треба да избере наследник на Четврток. Грегори очекува да победи на гласањето. Но, само миг пред самото гласање и по претходна заклетва од страна на Грегори дека нема да ја им открие тајната на Сајм на анархистите, Сајм му открива дека тој всушност е полициски детектив. Сајм го користи својот говор како доказ во судски процес, а ублажените зборови на Грегори не успеаваат да го убедат локалниот огранок дека Грегори ја поседува потребната суровост за извршување на функцијата. Сајм држи воодушевувачки анархистички говор и победува на гласањето. Веднаш потоа, локалниот огранок го праќа Сајм во Централниот совет како нивен делегат.

Во неговите напори да ги спречи намерите на Советот Сајм открива дека пет од шесте останати членови на Советот се исто така тајни детективи, а секој од нив бил регрутиран исто толку мистериозно како и Сајм и им била доделена задача да го поразат Советот. Набрзо дознаваат дека цело време се бореле против себе, а не против вистински анархисти. Всушност, тоа бил и планот на нивниот претседател Недела. Во надреалниот завршеток, детективите откриваат дека ужасноста на Недела е само маска и дека и тој е сила на добрината како и тие. Сепак, тој не може да им одговори зошто им предизвикал толку многу невољи и болка. Единствениот вистински анархист, Грегори, го предизвикува добриот совет. Тој ги обвинува дека тие како власт никогаш не биле подложни на страдање како него и останатите, па поради тоа нивната моќ е нелегитимна. Сепак, Сајм веднаш го побива ова обвинување благодарение на страдањата коишто Недела му ги нанесува на советот.

Сонот завршува кога го прашуваат Недела дали тој некогаш страдал. Неговите последни зборови, „можеш ли ја да испиеш чашата што ја пијам јас“, е всушност прашањето што Исус им го поставува на св. Јаков и св. Јован во Евангелието по Марко, глава 10, стих 38-39, со цел да ја испита нивната посветеност да му станат ученици.

Детали[уреди]

Како и повеќето од делата на Честертон, така и во оваа приказна може да се забележи христијанска алегорија. Честертон, кој бил протестант во тоа време (по околу 15 години ѝ се придружува на Римокатоличката црква) страдал од краткотрајна депресија за време на студентските денови, па потоа тврди дека ја напишал книгата како необична потврда дека доброто и правото се во сржта на секој аспект од светот. Сепак, истакнува дека: „Книгата не сака да го опише реалниот свет каков што е, или како што јас мислев дека е, дури и кога мислите ми беа далеку побурни отколку што се сега. Таа сака да го опише светот на сомнежот и очајот кој песимистите го опишувале во тоа време, со само ронка надеж во некое двојно значење на сомнежот, што дури и песимистите ја чувствувале на некој спорадичен начин.“

Костимите што ги облекуваат детективите на крајот на книгата го претставуваат секој ден од Постанокот. Недела, „сабат“ и „мирот Божји“ седи на тронот пред нив. Името на девојката која му се допаѓа на Сајм, Розамонд, потекнува од латинскиот израз „Роза Мунди“ што значи „Роза на светот“, како и име коешто му е дадено на Исус.

„Човекот кој беше Четврток“ му ја дала следната идеја на ирскиот републикански политичар Мајкл Колинс: „Никој нема да те бара ако не изгледа како да се криеш.“

Белешки[уреди]

Мартин Гарднер ја ревидира „The Annotated Thursday“, во којашто може да се најдат многу биографски и контекстуални информации во форма на фусноти, заедно со целиот текст од книгата, оригиналните критики од времето на првото објавување на книгата, и коментари на Честертон во врска со книгата во различни периоди. Не толку темелни белешки се вклучени во изданието на новелата објавена како дел од „Собраните дела на Г. К. Честертон.“

Адаптации[уреди]

Адаптација на „Mercury Theatre“[уреди]

На 5 септември, 1938 година, „The Mercury Theatre on the Air“ презентираа скратена радио-драма напишана од Орсон Велс, кој бил голем обожавател на Честертон. Ова се случило речиси два месеци пред неславното емитување на „War of the Worlds“.

Во оваа адаптација се изоставени некои од метафизичките и теолошки расправии, а на посериозен начин се третираат повеќето чудни и комични несуштински настани. Речиси целата 14. глава со наслов „Шесте филозофи“, во којашто се наоѓа поголемиот дел од метафизичките претпоставки, е изоставена.

Музичка адаптација на „APJAC Productions“[уреди]

Во јануари 1967 година беше објавено дека Џером Хелман и Артур П. Џејкобс од „APJAC Productions“ подготвуваат филмски проекти, вклучувајќи ја и музичката адаптација на новелата од Лесли Брикус. Сепак, планираниот филм не беше снимен.

Радио адаптации на BBC[уреди]

Радиото BBC емитувало најмалку две адаптации во текот на годините.

Во 1986 година, BBC емитува серија во четири продолжетоци во режија на Глин Дирмен, изведени од Питер Бакмен. Во улогите играат: Мајкл Хедли како Четврток/Габриел Сајм, Наташа Пајн како Розамонд и Едвард де Суза како Среда/Маркизот де Сент Усташ. Епизодите беа насловени како:

  1. Тајната на Габриел Сајм
  2. Човекот со очилата
  3. Земјата во анархија
  4. Потера по Претседателот

Во 2005 година, BBC емитува аудио верзија на новелата со Џефри Палмер како наратор. Новелата е поделена на делови кои траат тринаесет и пол часа. Оттогаш се емитува уште неколку пати, вклучувајќи го и емитувањето во 2008 година (сто години по првото објавување). Епизодите беа насловени:

  1. Необичната вечеринка
  2. Советот на анархистите
  3. Приказната за детективот
  4. Гозба на стравот
  5. Разобличување
  6. Необјаснивото однесување на Професорот де Вормс
  7. Човекот со очилата
  8. Двобојот
  9. Криминалците ја гонат полицијата
  10. Земјата во анархија
  11. Потера по Претседателот
  12. Шесте филозофи
  13. Обвинителот

Поп-кулура[уреди]

Во видео играта „Deus Ex“ од 2002 година се споменуваат неколку извадоци од книгата, а Габриел Сајм се наведува како тековен жител на „Ton Hotel“.

Во стрипот на Нил Гајмен, „Тhe Sandman“, во библиотеката на протагонистот Дрим може да се најдат сите приказни што некогаш биле напишани, како и оние што не биле. Во приказните што никогаш не биле напишани се наоѓа „Човекот кој беше Октомври“ од Г. К. Честертон, а се претпоставува дека е продолжение на новелата за Четврток.

Надворешни врски[уреди]

Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: