Џо Хисаиши

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џо Хисаиши
Биографски податоци
Родено име Мамору Фуџисава
Потекло Нагано, Јапонија
Жанрови Музика за филм
Занимања Диригент, Композитор, Аранжер
Инструменти Виолина, Пијано, Клавијатура
Период на активност 1974–денес
Мреж. место http://www.joehisaishi.com/

Мамору Фуџисава (藤澤 守 Фуџисава Мамору?), професионално познат како Џо Хисаиши (久石 譲 Хисаиши Џо?, роден на 6 декември 1950), е композитор и диригент познат по повеќе од 100 тонски записи и соло албуми од 1981 година.

Најпознат е заради соработката со аниматорот Хајао Мијазаки, за чии филмови е компонирал музика, меѓу кои спаѓаат: Наусика од долината на ветрот (1984), Замок во небото (1986), Мојот сосед Тоторо (1988), Испорачката на Кики (1989), Porco Rosso (1992), Принцезата Мононоке (1997), Авантурите на малечката Чихиро (2001), Подвижниот замок на Хоул (2004) и Поњо (2008). Препознаен е и по тонските записи компонирани за филмовите на јапонскиот режисер Такеши Китано.