Принцезата Мононоке

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Принцезата Мононоке“
200п
Режирано од Хајао Мијазаки
Продуцент Тошио Сузуки
Сценарист Хајао Мијазаки
Настапуваат Јоџи Мацуда
Јурико Ишида
Јуко Танака
Каору Кобајаши
Музика Џо Хисаиши
Кинематографија Ацуши Окуи
Монтажа Такеши Сејама
Студио Студио Џибли
Премиера јули 12 1997 (1997-07-12)
Времетраење 134 минути
Држава Јапонија
Јазик Јапонски
Буџет ¥2,135,666,804.93
($23.5 million)
Бруто заработка ¥14,487,325,138.75
($159,375,308)

Принцезата Мононоке (もののけ姫 Mononoke-hime?) е јапонски епски, анимиран, историски, фантазиски долгометражен филм напишан и режиран од Хајао Мијазаки на Студио Џибли. Мононоке (物の怪) не е име, а општ ттермин во јапоснкиот јазик за дух или чудовиште. Филмот беше првпат издаден во Јапонија на 12 јули 1997 година, а во САД на 29 октомври, 1999 година.

Принцезата Мононоке е периодна драма посебно поставена во доцен Муромачи период во Јапонија со голем број на фантастични елементи. Приказната се концентрира на вмешувањето на аутсајдерот Ашитака во борбата меѓу натприродните чувари на шумата и луѓето од Татараба кои ги трошат природните богатства на шумата. Не може да има јасна победа,а надежта е дека врската помеѓу луѓето и природата е циклична.

Мононоке стана филмот со најголема заработувачка во Јапонија, сè додека неколку месеци подоцна тоа место не го презеде Титаник.

Приказна[уреди]

Приказна за Ашитака, принц на древното племе Емиши, кого во борба со подивен животински бог го снаоќа проклетство. Тоа му овозможува надприродни моќи, но истовремено му носи сугурна смрт. Во потрага по изворот и лек за своето проклетство Ашитака го напушта своето село и тргнува на пат на далечниот Запад, каде се соочува со темната страна на „цивилизацијата“.

Во шумата на Шишигами, покрај гигантские шумски ѕверови Ашитака го открива присуството на човечко девојче. Сан е посвоена и одгледана од волците. Селаните од Татараба ја нарекуваат Принцезата Мононоке.

После нивната кратка средба Ашитака е заинтригиран да дознае повеќе за Сан. Иако ги мрази луѓето, заради разликите кои ги увидува во него, Сан се одлучува да му помогне на Ашитака. Принцот веќе не е затапен мислејќи дека го чека сигурна смрт, после средбата со Сан, Ашитака отркива нова причина за борба и живот. Заедно успеваат да ја повратат шумата, надежда и желбата за живот. Тоа е и главната тема на филмот, воља до живот покрај сите тешкотии, бидејќи без оглед на тоа колку лошо работите изгледаат сè додека жиееме можеме да се обидеме да ги смениме кон подобро.

Ликови[уреди]

Ашитака e 18-годишен Емиши принц. Последниот принц на Емиши, племе кое било изгонето од западна Јапонија. Тој е храбар, сочуствителен и бестрашен. Има силно чуство за морал. Одличен е со лак и стрела, вештина која ја користи често, но секогаш во самоодобрана. Свршен е со Каја со која би морале да се венчат. На Каја се осврнува со „мала сестра“, но тоа е само заради искажување почит.

Сан е млада принцеза-воин. Лута e и насилна кон луѓето, но пријателски настроена и разумна со животните. Сан кога доенче била напуштена од нејзините човечки родители и израсната од Моро, божица на волците. Безусловно ги мрази луѓето и се смета себеси за волк. Често пати е напаѓала човечки каравани и тврдината на Лејди Ебоши за производство на железо. Особено насилна е кон Лејди Ебоши.

Лејди Ебоши Гозен е раководителката на Татараба. Лејди Ебоши дошла во Татараба кога владеела војна меѓу жителите на селото и дивата свиња бог Наго. За да победи во оваа војна Ебоши користела ново изумени пушки и на тој начин си го придобила местото на лидер на Татараба. Како таква им дозволила на поранешни проститутки и лепрезни работа во Татараба. Ебоши е каризматична, обично пријателски настроена, и гостољубива. Своите задачи ги извршува на практичен и деловен начин, било да е тоа продажба на железо, одбрана на Татараба од самураји или борба со меч.

Џико Боу е човек кој тврди дека е монах. Џико е мал и дебел заради што не изгледа застрашувачки, но очигледно знае многу за светот. Малку е алчен, хумористичен и мистериозен.

Токи е поранешна проститутка која живее во Татараба. Омажена е за Короку. Токи ја презема лидерската улога кога Лејид Ебпши и Гонза се отсутни.

Гонза е командант на стражарите во Татараба и личен телохранител на Лејди Ебоши.

Музика[уреди]

Принцезата Мононоке: Music from the Motion Picture е саундтрак на филмот. Музиката е компонирана и изведена од страна на Џо Хисаиши - стандардниот композитор на речиси сите филмови режирани од Мијазаки, а текстовите на двете песни (The Tatara Women Work Song и насловната песна) се напишани од Мијазаки. Музиката е изведена од Tokyo City Philharmonic Orchestra и диригирана од Хироши Кумагаи. Во Јапонија саундтракот бил издаден две недели пред официјалната премиера на филмот. Насловната песна (Принцезата Мононоке) е испеана од јапонскиот контра-тенор Јошиказу Мера.

Во 2008 година Џо Хисаиши оддржа концерт во Будокан каде ги изведе сите свои песни компонирани за аниме филмовите на Мијазаки. Во 2009 година концертот беше издаден на ДВД со наслов 久石譲 in 武道館 ~宮崎アニメと共に歩んだ25年間~ (Џо Хисаиши во Будокан - 25 години со филмовите на Мијазаки-). За крај на концертот беше изведена песната „Ашитака и Сан“ која за промена од официјалното ЦД овој пат имаше текст.

Настапуваат[уреди]

  • Ашитака - Yōji Matsuda (Јапонски), Billy Crudup (Англиски)
  • Сан - Yuriko Ishida (Јапонски), Claire Danes (Англиски)
  • Моро - Akihiro Miwa (Јапонски), Gillian Anderson (Англиски)
  • Лејди Ебоши - Yūko Tanaka (Јапонски), Minnie Driver (Англиски)
  • Џико Бо - Kaoru Kobayashi (Јапонски), Billy Bob Thornton (Англиски)
  • Токи - Sumi Shimamoto (Јапонски), Jada Pinkett Smith (Англиски)
  • Окотонуши - Hisaya Morishige (Јапонски), Keith David (Англиски)
  • Гонза - Tsunehiko Kamijō (Јапонски), John DiMaggio (Англиски)
  • Короку - Masahiko Nishimura (Јапонски), John DeMita (Англиски)
  • Каја - Yuriko Ishida (Јапонски), Tara Strong (Англиски)
  • Татараба жени - Takako Fuji и Ikuko Yamamoto (Јапонски), Sherry Lynn и Tress MacNeille (Англиски)

Надворешни врски[уреди]