Минималистичка музика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Минималистичката музика е стил на музика поврзан за делата на америкаснките композитори Ла Монте Јанг, Тери Рајли, Стив Рајх, Џон Адамс и Филип Глас.[1][2][3][4] Настанува во Њујоркшката даунтаун сцена во 1960-тите години и е првично сметана за форма на експериментална музика наречена Њујоркшка Хипнотична Школа.[5] Истакнати карактеристики на овој стил се консонантната хармонија, постојаниот пулс (доколку не мобилен се нарекува drones), стагнирачка или постепена трансформација и повторувања на музички фрази или помали фигури, мотиви или ќелии. Може да вклучува и особини како додатни процеси и променување на фазата кои водат до терминот phase music. Минималистичките композиции кои се ослонуваат на строги процеси како техники на компонирање се обично наречени process music.

Започнувајќи во раните 1960-ти години како запуштена андерграунд сцена во алтернативните простори на Сан Франциско и таваните во Њу Јорк, минимализмот се шири и станува најпопуларниот стил во експерименталната музика во втората половина на 20-ти век. Движењето на почеток вклучувало десеттина композитори, иако само пет (Јанг, Рајли, Рајх, Глас и подоцна Џон Адамс) испливуваат меѓу јавноста и се најчесто асоцирани за Американската Минималистичка Музика. Во Европа, музиката на Луи Андриесен, Карел Гејвертс, Мајкл Најман, Гевин Брајарс, Хенрик Горецки и Арво Пјарт се смета за европски минимализам.

Не е јасно од каде доаѓа терминот минималистичка музика. Стив Рајх вели дека тој термин му припаѓа на Мајкл Најман. Филип Глас верува дека Том Џонсон е првиот кој го споменува тој термин.[6][7][8]

Наводи[уреди]

  1. Mertens, W. (1983), American Minimal Music, Kahn & Averill, London, (p.11).
  2. Michael Nyman, writing in the preface of Mertens' book refers to the style as "so called minimal music" (Mertens 1983, p.8).
  3. "The term 'minimal music' is generally used to describe a style of music that developed in America in the late 1960s and 1970s; and that was initially connected with the composers La Monte Young, Terry Riley, Steve Reich, and Philip Glass." Sitsky, L. (2002), Music of the twentieth-century avant-garde: a biocritical sourcebook,Greenwood Press, Westport, CT. (p.361)
  4. Young, La Monte, "Notes on The Theatre of Eternal Music and The Tortoise, His Dreams and Journeys" (original PDF file), 2000, Mela Foundation, www.melafoundation.org — Historical account and musical essay where Young explains why he considers himself the originator of the style vs. Tony Conrad and John Cale.
  5. Kostelanetz and Flemming 1997, 114–16.
  6. Kostelanetz and Flemming 1997, 114.
  7. Bernard 1993, 87 and 126.
  8. Warburton 1988, 141.