Стивен Спилберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стивен Спилберг
Spielberg99.jpg
Спилберг во Пентагонот, снимено на 11 август, 1999.
Роден(а) Стивен Алан Спилберг
18 декември 1946
(години 61)
Синсинати, Охајо, САД
Активност 1968 - денес
Сопруг(а/и) Ејми Ирвинг (1985-1989)
Кејт Карпшоу (1991-present)

Стивен Алан Спилберг (англиски: Steven Allan Spielberg) (роден 18 декември, 1946)[1] е американски режисер, продуцент и сценарист. Спилберг е трикратен добитник на наградата Оскар и е најпрофитниот филмски работник на сите времиња; неговите филмови заработиле близу 8 билиони долари интернационално.[2] Од 2006, магазинот Премиер го смета како најмоќната и највлијателната фигура во филмската индустрија. Тајм го вбројува како еден од 100-те најважни луѓе на векот. На крајот од дваесетиот век, магазинот Лајф го именува како највлијателната личност на неговата генерација.[3]

Во кариера што се простира скоро четири децении, Спилберговите филмови допреле многу теми и жанрови. За време на 70-те, 80-те и 90-те, три од неговите филмови, Ајкула, Е.Т. и Паркот Јура станаа најзаработувачки филмови на нивните времиња. За време на неговите режисерски почетоци, неговите научно-фантастични и авантуристички филмови често беа гледани како архитипот на модерната холивудска блокбастер кинематографија. Во последни години, неговите филмови почнаа да адресираат до историски теми, како што се Холокаустот, ропството, војната и тероризмот.

Стил[уреди]

Теми[уреди]

Филмовите на Спилберг често имаат слични теми. Поголемиот дел од филмовите имаат како тематика стапување во контакт со вонземјани или ликови кои се наоѓаат во несекојдневни ситуации. Ова е посебно очигледно во филмовите Индијана Џонс. Во едно интервју од август 2000, Спилберг ја коментираше својата заинтересираност за вонземјани и како тоа влијаело врз неговите филмови. Во многу прилики, тој ја покажува својата фасцинација со вселената, како на пример во Ајкула има сцени со ѕвезди во позадина. Спилберг се опишал како вонземјанин за време на своето детство, [4] а интересот произлегол од неговиот татко, обожавател на научна фантастика и неговото мислење дека вонземјаните не би патувале толку долго за да освојуваат, туку од љубопитство, за да споделат знаење. [5]

Силна и постојана тема во своите филмови е скоро детското, наивно чувство на чудење и верба, што се гледа во филмови како Блиски средби од третиот вид, И Ти, Кука и Вештачка интелигенција. Според Ворен Бакленд, [6] овие теми се портретирани преку снимањето ниско со камера, што е станато еден од главните режисерски белези на Спилберг. Кога во неговите филмови има деца, овој вид снимање е поочиглеен, но е користен и во други филмови. Друга детско-ориентирана тема во филмовите на Спилберг е губењето на невиноста и созревањето. Во Империја на сонцето, Џим, размазен млад англичанец, ја губи невиноста додека страда во Втората светска војна во Кина. Слично е и во Фати ме ако можеш, каде Френк наивно мисли дека може да го соедини своето семејство ако собере доволно пари да ги издржува.

Најистрајна тема во неговите филмови е тензијата меѓу дете-родител. Родителите (најчесто татковци) се безволни, отсутни или прости. Питер Бенинг во Кука на почетокот на филмот е безволен татко кој живее за да работи, кој за време на филмот ја враќа почитта на своите деца. Очигледното отсуство на таткото на Елиот во И Ти е најпознатиот пример за оваа тема. Во Индијана Џонс: Последната крстоносна војна, се открива дека Инди отсекогаш имал напната врска со својот татко, исто така археолог, кој бил позаинтересиран за својата работа, поспецифично за истражувања околу Светиот грал, отколку за својот син ; и иако тој тогаш не го забележува тоа, оваа негова незаинтересираност негативно влијаела врз неговиот син. Дури и Оскар Шиндлер од Шиндлеровата листа, не сака да има деца со својата жена. Во Минхен, Авнер е опишан како човек кој е оддалечен од својата жена и новородена ќерка. Секако, има и исклучоци; Броуди во Ајкула е посветен семеен човек, додека Џон Андертон во Малцински извештај е потресен човек по исчезнувањето на син му. Може да се каже дека оваа тема е најавтобиографскиот аспект во филмовите на Спилберг, бидејќи Спилберг како дете го доживеал разводот на своите родители и отсуството на својот татко. Исто така треба да се напомене дека главните личности во неговите често доаѓаат од семејства на разведени родители; највпечатливиот пример е И Ти (мајката на Елиот е разведена) и Фати ме ако можеш (мајката и таткото на Франк Абњале се разделуваат на почетокот од филмот). Разделената фамилија на крајот од филмот обично завршува среќно.

Поголемиот дел од неговите филмови се оптимистички. Критичарите често ги критикуваат неговите филмови поради нивната голема сентименталност, но Спилберг вели дека доа е во ред сè додека е добро маскирано. Влијанието доаѓа од режисерите Френк Капра и Џон Форд. [7]

Современици[уреди]

Што се однесува на кастингот и продукцијата, еден од белезите на Спилберг е тоа што често работи со луѓе со кои веќе работел во претходни филмови. На пример, Ричард Дрејфус се појавува во неколку негови филмови: Ајкула, Блиски средби од третиот вид и Секогаш. Исто и Харисон Форд, кој е главна улога во четирите филмови со Индијана Џонс, а се појавува и во една кратка исечена сцена од И Ти. Во скоро време, Спилберг има работи со Том Хенкс во неколку прилики: Спасувајќи го војникот Рајан, Фати ме ако можеш и Терминал.

Спилберг двапати има соработувано и со Том Круз, во Малцински извештај и Војна на световите. Спилберг претпочита да работи и со членови од продукцијата со кои веќе има изградено работен однос. Пример за ова е неговата врска со Кетлин Кенеди, која е продуцентка на сите негови филмови од И Ти до Минхен.

Познат пример за ова е и долготрајната соработка со музичарот Џон Вилијамс. Неговата музика ги пропратува скоро сите негови филмови. Спилберг е дел од современи филмаџии како Џорџ Лукас, Френсис Форд Копола, Мартин Скорсезе, Џон Милиус и Брајан де Палма, кои ги викаат „Филмски батки“. Покрај режисерската работа, Спилберг има работено и како продуцент за многу филмови.

Личен живот[уреди]

Деца и бракови[уреди]

Од 1985 до 1989 Спилберг беше во брак со актерката Ејми Ирвинг. Во нивниот разводен договор во 1989, таа доби 100 милиони долари од Спилберг откако судијата го поништува нивниот предбрачен договор напишан на салфета. Нивниот развод беше одбран како третиот најскап развод на славните личности во историјата.[8] Веднаш по нивниот развод, Спилберг и Ирвинг го делеа старателството на нивниот син, Макс Семјуел.

Спилберг подоцна започна врска со актерката Кејт Кепшо, каде што ја запозна кога и даде улога во Индијана Џонс и храмот на пропаста. Тие се венчаа на 12 октомври, 1991. Кепшо преминува во јудаизам.[9]

Има 8 деца во семејството Спилберг-Кепшо:

Спилберг има неколку миленичиња вклучувајќи едно куче. Неговото претходно куче, Михајла, има учествувано во некои од неговите филмови од кои: Jaws, Close Encounters, и 1941.[14]

Политика[уреди]

Спилберг ја поддржува Демократската партија на САД. Има донирано преку 800,000 долари на нејзината сметка. Тој е близок пријател со поранешниот претседател Бил Клинтон и работел со него за прославувањето на милениумот во САД. Режираше 18-минутен филм за овој проект, Американски пат, кој бил прикажан во американската милениумска гала на 31 декември 1999.[15]

Награди[уреди]

Спилберг е добитник на три Оскари. Бил номиниран за шест Оскари во категоријата Најдобра режија, а освоил два од нив (Шиндлерова листа и Спасувајќи го војникот Рајан), а седум од неговите филмови биле номинирани за најдобар филм (Шиндлеровата листа добила). Во 1987, беше награден со The Irving G. Thalberg Memorial награда за неговата работа како креативен продуцент.

Поради неговото искуство со извидништво, Спилберг помогна на клубот Извидници на америка да добие заслужена ознака во кинематографијата. Оваа ознака била лансирана на Националниот ден за извидници во 1989, на која Спилберг присуствувал и лично советувал многу момчиња за нивната работа.

Во 1999, Спилберг освои почесен степен на универзитетот Браун. Нему, исто така, му бил врачен и медал од Дефензивниот департман на Пентагон, од Вилијам Коен, на 11 август 1999, како признание за филмот Спасувајќи го војникот Рајан.

Во 2001, беше прогласен за почесен витешки командант на Орденот на британската империја, од страна на Кралицата Елизабета II.[16][17][18]

Во 2004, беше прогласен за витез на Почесната легија од претседателот Жак Ширак.[19] На 15 јули 2006, му беше врачена наградата за животно дело Голд Хуго, на Интернационалниот филмски фестивал во Чикаго.[20]

Критицизам[уреди]

Филмографија[уреди]

Номинации за Оскар[уреди]

  • За најдобар режисер
  • За најдобар филм


Наводи[уреди]

  1. (англиски)McBride, Joseph (1997). „Steven Spielberg“. Faber and Faber. ISBN 0-571-19177-0. , page 37
  2. (англиски) „Steven Spielberg ranks 287 on The World's Billionaires 2007“. en:Forbes. 2007-05-01. http://www.forbes.com/lists/2007/10/07billionaires_Steven-Spielberg_4XKR.html. конс. 1 мај 2007. 
  3. (англиски)„The 50 most influential baby boomers: Top 10“. Life.com. http://www.life.com/Life/boomers/50boomers01.html#05. конс. 21 октомври 2006. 
  4. McBride, Joseph (1997). „Steven Spielberg“. Faber and Faber. ISBN 0-571-19177-0. 
  5. „E.T. DVD Production Notes Booklet“. Universal. 2002. 
  6. Directed by Steven Spielberg: Poetics of the Contemporary Hollywood Blockbuster
  7. „The Culture Show“. [TV]. BBC. 2006-11-04. 
  8. 'Most costly' celebrity divorces“, BBC NEWS, 13 април 2007.
  9. Pogrebin, Abigail (2005). „Stars of David: Prominent Jews Talk about Being Jewish“. Bantam Dell Pub Group. ISBN 0767916123. 
  10. „Biography for Sasha Spielberg“. IMDb. http://www.imdb.com/name/nm0818587/bio. конс. 15 јануари 2008. 
  11. California Birth Index
  12. The Biography Channel - Steven Spielberg Biography
  13. California Birth Index
  14. Empire: Features
  15. The Clinton's Showbiz Celebration“, BBC News, 2000-01-01 (конс. 21 октомври 2006).
  16. Spielberg receives Royal honour“, BBC NEWS, 30 јануари 2001.
  17. American usage of title Sir
  18. Article One of the United States Constitution clause 9
  19. Le Président de la République remet les insignes de chevalier de la Légion d'Honneur à M. Steven Spielberg“, Palais de l'Élysée, 2004-09-05 (конс. 29 септември 2007). (на француски)
  20. Spielberg receives Lifetime Achievement Award“, Chicago Film Festival, 2006-07-17 (конс. 21 октомври 2006).

Надворешни врски[уреди]



Ова е избрана биографија на порталот за филм. Кликнете тука за повеќе информации.
Избрана биографија на порталот за филм Биографијата Стивен Спилберг е избрана биографија на порталот за филм за јуни 2008.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана биографија.