Џон Вилијамс
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Џон Таунер Вилијамс (англиски: John Towner Williams) (роден на 8 февруари 1932 година) е американски музички композитор, диригент и пијанист. Во неговата кариера која трае шест децении има напишано музика за многу познати филмови. Неговата филмска музика е помеѓу најдобрата во холивудската историја. Тој ја напишал музиката за познатите филмски серијали: Војна на ѕвездите, Супермен, Сам дома, за првите три филмови за Хари Потер и за сите освен два филмови на Стивен Спилберг вклучувајки ги филмовите Индијана Џонс, Шинлеровата листа, Е.Т., Паркот Јура и Ајкула. Тој е и добитник на пет оскари, четири златни глобуси и седум БАФТА награди за најдобра музика.
Вилијамс композирал музика за четири Олимписки Игри, ја композирал главната музика за ноќните вести на NBC, како и музика за бројни телевизиски серии и концертни дела. Тој служеше како главен диригент на Бостонскиот оркестар за поп музка од 1980 до 1993, а сега е диригент на воениот оркестар.