Хари Потер (филмски серијал)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Хари Потер филмски серијал“
200п
DVD издание од првите пет филма од 2007 . (ОК)
Режирано од Крис Колумбус
(Каменот на мудроста, Одајата на тајните)
Алфонсо Куарон
(Затвореникот од Азкабан)
Мајк Њуел
(Пламениот пехар)
Дејвид Јејтс
(Редот на фениксот, Полукрвниот Принц, Реликвиите на смртта)
Продуцент Дејвид Хејмен
Сценарист Романи: Џ. К. Роулинг
Сценарио:
Стив Кловс
(КНМ, ОНТ, ЗОА, ПП, ПКП, РНС)
Мајкл Голденберг (РНФ)
Настапуваат Главното трио:
Даниел Редклиф
Руперт Гринт
Ема Ватсон
Останати главни улоги:
(два или повеќе филма)
Ралф Фиенс
Ричард Харис
Мајкл Гамбон
Меги Смит
Алан Рикмен
Роби Колтрејн
Гери Олдмен
Музика Џон Вилијамс
(КНМ, ОНТ, ЗОА)
Патрик Дојл (ПП)
Николас Купер
(РНФ, ПКП)
Дистрибутер Warner Bros., подоцна Universal Pictures надвор од ОК\САД.
Премиера 2001 - 2011[1]
Времетраење 719 минути
Држава  Велика Британија
 САД
Јазик Англиски
Буџет $655 милиони
Бруто заработка $4,485,466,623

Хари Потер филмовите се серијал од фантастични филмови базирани на Хари Потер романите од британската авторка Џ. К. Роулинг. Главните улоги во филмовите се толкувани од страна на младите актери Даниел Редклиф, Руперт Гринт, и Ема Ватсон.

Од 2001, шест филмови базирани на првите шест книги се издадени, и со нивната голема заработка, филмскиот серијал Хари Потер има заработено повеќе од пет милијарди долари, што го прави филмски серијал со најголема заработувачка во светот. Серијалот содржи шест дела од кои последен е Хари Потер и Полукрвниот Принц кој беше прикажан во кино-салите низ светот на 15 јули, 2009.[2]

Моментално Warner Bros ги продуцира последните два филмови од серијата кои ќе бидат адаптација на последниот роман Хари Потер и Реликвиите на смртта. Премиерите за овие два филмови се закажани за 19 ноември, 2010 (прв дел), и 15 јули, 2011 (втор дел).[3]

Првична идеја и понатамошен развој[уреди]

Синопсиси[уреди]

Хари Потер и Каменот на мудроста[уреди]

Хари Потер е единаесет годишно момче. Како бебе бил нападнат од злобниот волшебник Лорд Волдеморт кој ги убил неговите родители. Неговото преживување му носи огромна слава на Хари. На неговиот единаесетти роденден дознава од Рубеус Хагрид дека е волшебник и дека е повикан да започне со своето образование во Хогвортс. Во меѓувреме Хари ги запознава Рон Визли и Хермиона Гренџер кои му стануваат најдобри пријатели. Покрај сите авантури тројцата почнуваат да истражуваат за мистериозниот камен на мудроста и дознаваат дека еден од професорите го бара каменот за да може да му помогне на Волдеморт да се прероди. Хари решава да го спречи и се соочува лице во лице со Волдеморт.

Хари Потер и Одајата на тајните[уреди]

Хари, Рон и Хермиона се враќаат во Хогвортс и ја започнуваат својата втора година. Тие се запознаваат со новиот професор по Одбрана од мрачните сили Гилдерој Локхарт кој се покажува како доста откачен. Една вечер додека Хари му помага на Гилдерој во некои работи слуша мистериозен застрашувачки глас, тој почнува да го следи и ја наоѓа мачката на домарот скаменета, а над неа напишано со крв: „Одајата на тајните е отворена. Непријатели на наследникот чувајте се.“. Нападите продолжуваат како и натписите на ѕидовите а и тие и тие се проследени од глас кој само Хари го слуша и секогаш решава да го следи. Сите се сомневаат дека Хари е одговорен за нападите и дека тој е наследникот. Поради нападите Гилдерој решава да формира секција по двобој. На скецијата Хари открива дека знае да зборува змиски пред половина училиште. Со ова се повеќе ученици веруваат дека Хари е наследникот дури и самиот Хари почнува да се сомнева во себе. Нападите продолжуваат и Министерството смета дека Хогвортс не е повеќе безбеден. За Хари ситуацијата се влошува кога самата Хермиона е најдена скаменета. Поради ова и поради последниот натпис на ѕидот кој гласи дека еден од учениците е одвлечен во одајата и неговото тело ќе остане таму за засекогаш, Хари решава да ја пронајде одајата и да се соочи со хоророт скриен во неа.

Хари Потер и Затвореникот од Азкабан[уреди]

Третата година на Хари започнува најчудно од сите. Во училишниот воз Хари е нападнат од страшно суштество наречено дементор,(дементорите се суштества кои ја цицаат среќата од човекот и предизвикуваат голема болка) но е спасен од новиот професор по Одбрана од мрачните сили Ремус Лупин. Во меѓувреме и волшебничкиот свет и обичниот свет се во опасност поради бегството на Сириус Блек, затвореник од волшебничкиот затвор Азкабан кој според некои избегал за да го убие Хари. Хари дознава дека Сириус бил пријател на неговите родители но ги предал на Волдеморт што значи дека тој е виновен за смртта на родителите на Хари. Хари полн со бес и желба за одмазда решава да го најде Сириус и да го убие. На крајот сосем неочекувано еден од ликовите станува врколак и ги напаѓа на сите но и дементорите решаваат да нападнат во исто време. Кога сите мислат дека крајот наближува Хари и Хермиона на чуден начин се враќаат во времето за да ги средат работите.

Хари Потер и Пламениот пехар[уреди]

Четвртата година на Хари започнува со кошмарот на Хари како Волдеморт убива човек. На самиот почеток на учебната година Хари го запознава новиот професор по Одбрана од мрачните сили Аластор Лудоокиот, бивши Зор. Хогвортс е почестен со веста дека е одбран да биде домаќин на познатиот волшебнички натпревар Тробојот. Училиштата Боксбатон и Дармстранг се поканети во Хогворст како учесници на натпреварот. Силниот Виктор Крум е одбран да го преставува Дармстранг, прекрасната Флор Делакор е одбрана да го престставува Боксбатон и храбриот Седрик Дигори да го престставува Хогвортс. Така наречениот пламен пехар ги одбира исклучително најсилните натпреварувачите за овој натпревар и само по еден од секое училиште, но сите се изненадени кога пехарот го исфрла и името на Хари. Хари е присилен да учествува на натпреварот и во меѓувреме се обидува да открие кој го ставил неговото име во пехарот.

Хари Потер и Редот на фениксот[уреди]

Петтата година на Хари започнува со нападот на дементорите врз Хари и Дадли. Хари е повикан на судско сослушување каде го осудуваат дека употребил магија во присуство на неволшебник. Таму Хари дознава дека Министерството и поголемиот дел од волшебниците се во одрекување дека Волдеморт е вратен и дека медиумите ги обвинуваат Хари и Дамбладор за лажговци. Поради ова Министерството решава да ја вработи новата професорка по Одбрана од мрачните сили Долорес Амбриџ која одбива да ги учи учениците како да користат магија. Хари решава да формира своја армија од ученици кои ќе ги подготви за тоа што навистина е надвор. Со ова бунтот помеѓу Армијата и Министерството започнува.

Хари Потер и Полукрвниот Принц[уреди]

Хари ја започнува шестата година во училиштето Хогвортс. Хари почнува да следи магични совети и совети за приготвување на волшебни напивки од мистериозен дневник со чија помош го импресионира професорот Хорациј Слагхорн. Хари почнува да се сомнева дека Снејп и Малфој му коваат завера и е одлучен да открие каква е заверата. Премиерата на филмот е закажана за 17 јули, 2009.

Хари Потер и Реликвиите на смртта[уреди]

Хари, Рон и Хермиона решаваат да ја пропуштат седмата година во Хогвортс и ја започнуваат својата посебна највозбудлива авантура до сега. Тие решаваат да го најдат Волдеморт и да го убијат еднаш за секогаш. Поради обемниот материјал филмот е поделен во два дела. Првиот се најавува на 19 ноември 2010, а вториот некаде во мај 2011.

Продукција[уреди]

Референции[уреди]