Хари Потер и Каменот на мудроста

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Хари Потер и Каменот на мудроста“  
Harry Potter and the Philosopher's Stone (Signature Edition).jpg
Оригиналната корица на оваа книга
Автор Џ. К. Роулинг
Наслов на
оригиналот
Harry Potter and the Philosopher's Stone
Преведувач Благородна Богеска-Анчевска
Илустратор Flag of the United Kingdom.svg Томас Тејлор
Flag of the United States.svg Мери ГрандПри
Земја Обединетото Кралство
Јазик Англиски
Серијал Хари Потер серијал
Жанр(ови) Фантазија
Издавач Flag of the United Kingdom.svg Bloomsbury
Flag of the United States.svg Scholastic
Flag of Macedonia.svg Култура
Издадена Flag of the United Kingdom.svg 30 јуни, 1997
Flag of the United States.svg 1 септември, 1998
Flag of Macedonia.svg 2 август, 2001
Страници Flag of the United Kingdom.svg 223
Flag of the United States.svg 309
Flag of Macedonia.svg 266
Следна Хари Потер и Одајата на тајните

Хари Потер и Каменот на мудроста (англиски: Harry Potter and the Philosopher's Stone) е првиот роман од Хари Потер серијалот напишан од Џ. К. Роулинг и го прикажува Хари Потер, млад волшебник. Опишува како Хари открива дека е волшебник, се здобива со неколку пријатели и непријатели во Хогвортс училиштето за магии и волшебништво и со помош на своите пријатели го спречува повраќањето на лошиот волшебник Волдеморт, кој ги убил родителите на Хари, а се обидел да го убие и Хари кога тој имал само една година.

Оваа книга е издадена на 30 јуни, 1997 од Bloomsbury во Лондон, а во САД под името Harry Potter and the Sorcerer's Stone од Scholastic Corporation во 1998. Ги има освоено поголем дел од наградите во Обединетото Кралство, кои се судени од деца, а и неколку други награди во САД. Книгата го има достигнато врвот на списокот за најпродавани фиктивни дела на New York Times во август, 1999 година и останува близу врвот на тој список во поголем дел од 1999 и 2000. Преведен е на неколку останати јазици и е направен во истоимен долгометражен филм.

Повеќето критични прегледи биле поволни, коментирајќи на Роулинговата имагинација, хумор, едноставност, директен стил и паметната конструкција на заплетот, иако неколку се пожалиле дека последните глави изгледале избрзани. Пишувањето е споредувано со тоа на Џејн Остин, една од омилените писателки на Роулинг, со тоа на Роалд Дал, чии дела доминираат во детските приказни пред појавувањето на Хари Потер, и со тоа на античкиот грчки раскажувач на приказни Хомер. Додека некои коментатори сметаат дека книгата гледа наназад на викторијанските и едвардијански приказни за интернати, други пак сметаат дека жанрот е цврсто сместен во модерниот свет со обработување на етички и општествени прашања.

Хари Потер и Каменот на мудроста, заедно со останатиот дел од Хари Потер серијалот, е нападнат од неколку религиозни групи и забранет во некои држави поради оптужувањата дека романите промовираат вештерство. Сепак, некои христијански коментатори имаат напишано дека книгата илустрира важни христијански гледишта, вклучувајќи ја моќта на саможртвувањето и начините на кои човековите одлуки ги обликуваат нивните карактери. Педагози го гледаат Хари Потер и Каменот на мудроста и неговите продолжениа како значајни помагала во подобрувањето на писменоста поради популарноста на книгите. Серијата е исто така искористена како извор на предметни поуки во образовни техники, социолошки анализи и маркетинг.

Синопсис[уреди]

Заплет[уреди]

Токму пред почетокот на романот, Волдеморт, најмоќниот злобен волшебник што некогаш постоел, ги убил родителите на Хари, но мистериозно исчезнал откако се обидел да го убие и Хари. Додека волшебничкиот свет го слави пропаѓањето на Волдеморт, професорот Дамблдор, професорката Мек Гонагал и Хагрид го оставаат едно годишното сираче на грижа на неговите нормалци (неволшебници) тетка и тетин, Вернон и Петунија Дарсли.

За десет години, тие и нивниот син Дадли го третираат Хари како отпад и грешник. Бргу пред единаесетиот роденден на Хари, низа писма пристигнуваат, адресирани до Хари, но уништени од неговиот вујко пред Хари да може да ги прочита. Како резултат, поток од писма се налеваат во куќата низ секој слободен отвор, и за го избегне ова, Вернон Дарсли го носи семејството на осамен остров. Како што се сместуваат, Хагрид влетува низ вратата за да му каже на Хари што криеле Дарслиевви од него: Хари е волшебник и е примен во Хогвортс училиштето за магии и волшебништво за следната година.

Хагрид го носи Хари на Дијагоналната уличка, магично прикриен трговски реон во Лондон, каде Хари е збунет кога открива колку е славен помеѓу волшебниците како „момчето што преживеа“. Тој исто така открива дека во волшебничкиот свет е доста богат, поради наследство од неговите родители кое останало на влог во банката Гринготс. Предводен од Хагрид, тој ги купува книгите и опремата потребна за Хогвортс - и дознава дека единственото стапче кое работи добро за него е ефективно близнак на тоа на Волдеморт.


Со самото пристигнување во училиштето, Капата-бирачка ги става Хари, Хермиона, Невил и Рон во домот Грифиндор, еден од четирите домови на училиштето, додека Драко и неговите придружници во домот Слитерин. По победување во еден метлечки двобој со Малфој со цел да го спаси незаборавкото на Невил, Хари му се приклучува на квидич тимот на Грифиндор како нивниот најмлад трагач во историјата.

Бргу по почетокот на учебната година, Хари и неговите пријатели откриваат дека некој провалил во претходно испразнет трезор во волшебничката банка, Гринготс. Мистеријата се загустува кога тие откриваат огромно три-главо куче, Флафи, кое чува една врата на под во забранетиот ходник на третиот спрат. На Ноќта на вештерките, трол влегува во замокот и ја наоѓа Хермиона во една женските бањи. Хари и Рон ја спасуваат, но се фатени од страна на професорката МекГонагол. Хермиона ги брани момчињата и ја презема вината, со што тие стануваат пријатели.

За време на првиот квидич меч на метлата на Хари е фрлена магија, поради која Хари речиси ќе падне од голема височина. Хермиона верува дека професорот Снејп ја има проколнато метлата и го решава да му оттргне вниманието со запалување на неговата наметка, дозволувајќи му на Хари да го фати златниот летач и да Грифиндор да издвои победа.

На Божиќ, Хари ја добива невидлива наметка која припаѓала на татко му, но не знае од кога е. Подоцна, тој го открива огледалото на етиблеж, чудно огледало кое го покажува Хари со неговите родители опкружен од далечни роднини, кои никогаш не ги видел. Бргу по ова, Хари дознава дека Николас Фламел е создавачот на каменот на мудроста, камен кој му дава на сопственикот вечен живот.

Хари го забележува професорот Снејп како го испрашува професорот Квирл за тоа како да се помине покрај Флафи, навидум потврдувајќи си го сомнежот дека Снејп е во потрага по каменот на мудроста за да го поврати Волдеморт во живот. Триото открива дека Хагрид крие јајце од змеј, кое набргу се испилува. Бидејќи чувањето змеј е нелегално, тие го убедуваат Хагрид дека е најдобро да го прати змејот да живее со други змејови. Хари и Хермиона се фатени како се враќаат во спалните соби откако го испраќаат Норбет (змејот) и се приморани да одат на казнена со Хагрид во Забранетата АШума. Во шумата, Хари здогледува како некој прикриен со качула ја пие крвта од повреден еднорог. Фиренз, кентаур, му кажува на Хари дека човекот со качулката е всушност Волдеморт.

Не сакајќи Хагрид им кажува на Хари, Рон и Хермиона како да поминат покрај Флафи. Со ова тие решаваат бргу да му кажат се што знаат на директорот, Албус Дамблдор, но дознаваат дека тој е повикан надвор од училиштето на важна работа. Поради тоа тие решаваат самите да тргнат по потрага на каменот пред да биде предоцна. Тие наидуваат на серија сложени магични предизвици поставени од наставниците и на крајот на овие предизвици, Хари сам влегува во тајната соба, и да открие дека срамежливиот професор Квирл, а не Снејп, е во потрага по каменот. Последниот предизвик кој го чува каменот е огледалото на етиблеж. Квирл го присилува Хари да погледне во огледалото и да дознае каде е скриен каменот. Хари успешно се воздржува и каменот се појавува токму во неговиот џеб. Во тој момент Лорд Волдеморт се открива: тој го опседнал Квирл и сега неговото лице е на задниот дел од главата на Квирл. Квирл се обидува да го нападне Хари, но со само допир тој открива дека не може да го допре а да не се изгоре. Волдеморт излегува од Квирл и одлетува додека Квирл умира токму кога Дамблдор доаѓа за да го спаси Хари.

Додека Хари закрепнува, Дамблдор го посетува Хари и му објаснува се, му кажува и за тоа дека мајка му Лили умрела обидувајќи се да го заштити на Хари. Нејзината невина жртва го снабдила нејзиниот син со античка волшебна заштита против смртоносните магии на Волдеморт. Дамблдор исто така му објаснува дека каменот на мудроста е уништен за да го спречи Волдеморт да некогаш воопшто го искористи. Тој му кажува на Хари дека оние кои сакаат да го најдат каменот, но не и да го употребат, можат да го повратат од огледалото, што е причината зошто Хари можел да го најде. Кога Хари го прашува на Дамблдор зошто Волдеморт сакал да го убие Хари уште кога бил доенче, Дамблдор му ветува дека ќе му објасни кога ќе потпорасне.

На гозбата по повод крајот на годината, каде Хари е пречекан како херој, Дамблдор дава дополнителини поени во „последен момент“, на Хари, Рон, Хермиона и Невил за да Грифиндор го освои победничкиот пехар, ставајќи крај на шест годишното победување на Слитерин.

Главни ликови[уреди]

Развој, издавање и прифатеност[уреди]

Развој[уреди]

Во 1990, писателката Џ. К. Раулинг заедно со своето момче сакала да се пресели во стан во Манчестер: „Откако поминав една цела недела барајќи стан, решив сама да се вратам во Лондон и се качив на воз, кога одеднаш идејата за Хари Потер се појави во мојата глава... Слабото, мало, црнокосо, момче стануваше повеќе од волшебник за мене... Започнав да ја пишувам „Каменот на мудроста“ истата таа вечер. Иако, првите неколку страни сега воопшто не се слични со готовата книга.“[1]

Потоа мајката на Раулинг умрела и за да ја совлада болката, Раулинг ја пренела целата своја болка на сирачето Хари.[1] Откако го родила своето прво дете Џесика, таа испратила наоколу неколку од нејзините првобитни нацрти односно планови, нашла агент на својот втор обид и во 1996 книгата била прифатена од страна на Bloomsbury, кои ја издале подоцна во 1997. Во мај 2008, Scholastic го најави издавањето на посебно издание по повод 10 годишнината на книгата. Ова издание ќе се издаде во септември 2008 за да се означи оригиналното американско издавање.[2]

Публикување и прифатеност во ОК[уреди]

Публикување и прифатеност во САД[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]