Еднорог

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нежната девица ја има моќта да го припитоми еднорогот, фреска во Рим, од околу 1602.

Еднорог (англиски:Unicorn) - митолошко животно слично на бел коњ со еден рог на челото. Еднорогот бил прикажан во уметноста на Месопотамија, како и во древните митови од Индија и од Кина. Најраниот опис на еднорогот бил откриен во старогрчкатта литература во периодот околу 400 год. пред нашата ера и можно е да се однесувал на носорог од Индија.

Се верувало дека еднорогот бил див и тежок за фаќање, но ако пред него била донесена девица во тој случај еднорогот легнувал и ја ставал главата во нејзиниот скут. Се верувало дека неговиот рог може да послужи како заштита од отров. Писателите од средниот век еднорогот го доведувале во врска со Исус, а ловот на еднорог бил честа тема во средновековната уметност.

Еднорогот стои на кралскиот грб на Обединетото Кралство како симбол на Шкотска како дел од кралството, како и на Шкотската верзија на тој грб.

Надворешни врски [уреди]

  • All About Unicorns - Историска информација за еднорози, плус галерија на слики. (англиски)
  • Medieval bestiary: Библиографија на еднорози (англиски)
  • Jewish Encyclopedia: Еврејска енциклопедија: „Еднорог“ (англиски)
  • Еднорози во криптозоологијата (англиски)
  • [1] - Американски Музеј на природна историја: Специјална изложба на митски суштества - позадина и галерија на еднорози (англиски)