Култура (издавачка куќа)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Култура | |
|---|---|
![]() |
|
| Основана | 1945 |
| Жанр | Издавање на книги |
| Земја на потекло | |
| Локација | Скопје |
Издавачката куќа Култура е основана во 1945 година, и денес е најстарата издавачка куќа во Република Македонија. Оваа издавачка куќа беше приватизирана во 2000 и тогаш беа потребни 120 вработени луѓе. Денес целокупната дејност ја извршуваат само 20 луѓе.
Култура, во своја сопственост има две книжарници. Една од нив се наоѓа во центарот на Скопје и важи за една од најрепрезентативните книжарници во Република Македонија. Оваа издавачка куќа соработува со повеќе приватни книжарници во државата, а свој книжарски простор има и на Економскиот факултет во Скопје.
Култура досега има објавено многу светски-познати книги од култни автори како што се: Милан Кундера, Андреј Макин, Антонио Табуки, Роберт Ладлам, Карл Саган, Адел Паркс, Николо Аманити, Пол Блок, Роберт Воган, Ерин Емануел-Шмит, Лешек Колаковски, Едгар Морен, Робер Бадентер, Ноам Чомски, Нуло Миниси, Ерих Фром и Џ. К. Рoулинг.
Годишно, Култура издава околу 50-тина нови наслови.
