Драко Мелфој

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Драко Мелфој
Лик од Хари Потер
200п
Том Фелтон како Драко Мелфој
во Хари Потер и Затвореникот од Азкабан
Дом Слитерин
Глумец Том Фелтон
Прво појавување  Хари Потер и Каменот на мудроста

Драко Мелфој[б. 1] (англиски: Draco Malfoy) е измислен лик и антагонист во серијалот книги Хари Потер на Џ. К. Раулинг. Toj е ученик од домот Слитерин во годината на Хари, и е најзабележителен преставник од домот. Тој често е придружуван од неговите два приглупи соучесници, Винсент Креб и Грегори Гојл кои се однесуваат како телохранители. Иако Драко е често прикажуван како кукавички насилник кој користи душевни манипулации и вербални подбивања за клеветење на своите жртви, тој открива дека поседува и умешни магични способности со кои може да ги досегне своите цели. Драко е единственото дете на Луциус и Нарциса Мелфој.

Филип Нел наведува дека Malfoy е изведено од Mal Foi што на француски значи „погрешна преданост“.[1] Во една статија издадена во 2002, Nilsen and Nilsen расправаат дека „Драко“ е поврзано со draconian (македонски: нешто злобно, драконски) и дека неговото презиме почнува со „mal“, француски префикс за „лошо“ или „злобно“.[2]

Појавувања[уреди]

Први три книги[уреди]

Драко Мелфој за првпат се појавува во серијата кога тој и Хари се запознаваат додека тој испробува наметки кај Мадам Малкин. Не препознавајќи го Хари, Драко се обидува да се спријатели со него, но Хари се одвраќа поради арогантноста. Тој го прашува Хари дали неговите родители се „наши“, а потоа вели дека на „другите“ (Нормално родените) не треба да им се дозволува да учат во Хогвортс бидејќи, „не сме од иста сорта, не сме пораснати на ист начин“. Двете момчиња се разделуваат без претставување, но повторно се сретнуваат на Хогвортс Експрес. Откако Драко го исмејува семејството на Рон Визли, Хари ја одбива неговата понуда за пријателство и нивниот меѓусебен антагонизам се раѓа. Според Роулинг, Мелфој првобитно се потрудува да биде другар на Хари бидејќи „би било кул да се појавиш во училиштето како другар на Хари Потер, бидејќи Хари е доста славен“.[3] Сепак, на Хари Потер не му се допаднал Мелфој како другар бидејќи тој „бил толку неучтив кон Рубеус Хагрид и кон Рон, личности кои Хари многу ги сака“. Едвај допирајќи ја главата на Драко, Капата бирачка го распределува во Слитерин, каде веднаш станува миленик на професорот по Напивки и главата на домот на Слитерин, Северус Снејп. Драко се обидува да го исфрли Хари од училиштето имамувајќи го да учествува во полноќен волшебнички двобој, претходно тајно известувајќи го Аргус Филч, но планот пропаѓа кога Хари го избегнува Филч и безбедно се враќа во спалната соба.

Во Хари Потер и Одајата на тајните, Драко станува новиот трагач слитеринскиот квидички тим откако неговиот тако, Луциус Мелфој, донира нови, високо квалитетни Нимбус 2001 метли. Кога Хермиона Гренџер образложува дека грифиндорските играчи влегуваат во тимот поради својот талент, а не со поткуп, Драко и одговара нарекувајќи ја калливокрвна. Ова поттикнува еден непосреден, насилен одговор од сите присутни Грифиндорци, со исклучок на Хермиона и Хари, кои, се одгледани од Нормални, за значењето на епитетот. Поради презирот на Драко кон Нормално-родените, Хари, Рон и Хермиона се сомневаат дека Драко е наследникот на Слитерин, кој неодамна повторно ја отворил Одајата на тајните. Хари и Рон се преправаат во Креб и Гојл со помош на Полисоковната напивка и се вметнуваат во заедничката соба на Слитерин во обид да се здобијат со додатни информации, при што сфаќаат дека првичното сомневање за Драко е погрешно.

Податотека:GoyleMalfoyCrabbePansy.jpg
Од лево кон десно: Гојл, Мелфој, Креб и Пенси Паркинсон

За време на првото предавање на Хагрид како наставник по грижа за волшебните суштества во Хари Потер и Затвореникот од Азкабан, хипогрифот, Бакбик, го напаѓа Драко откако тој го навредува и поради тоа што не го следи правилниот протокол за приближување. Тој го преувеличува обсегот на неговата болка, давајќи му шанса на Слитерин да го одложат квидичкиот меч малку подоцна истата година, со обид да го отпуштат Хагрид. Хермиона му мава шлаканица на Драко кога тој го исмејува плачењето на Хагрид за пресудата на Бакбик. Драко, кој навестува дека е свесен како Сириус Блек е наводно вмешан во убиствата на родителите на Хари, исто и го подбуцнува Хари за неизбежната закана од Блек: „Да бев на твое место, ќе сакав одмазда. Самиот ќе го прогонував.“

Белешки[уреди]

  1. Во македонскиот превод на првите пет романи името Draco Malfoy е транскрибирано како Драко Лошоткоски, презимето е променето како и кај најголем дел од останатите ликови за да се истакне една од особините на ликот. Во македонскиот превод на шестиот роман името е транскрибирано како Драко Мелфој што всушнсот е и правилната транскрибција. Во народниот говор презимето е често транскрибирано и изговарно како Малфој што е погрешно.

Наводи[уреди]