Хари Потер и Редот на фениксот (игра)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хари Потер и Редот на фениксот
Harry Potter and the Order of the Phoenix
Податотека:Harry Potter and the Order of the Phoenix Coverart.jpg
Опаковка на видеоиграта
Изработувач(и) Electronic Arts Обединето Кралство
Издавач(и) Electronic Arts
Подлоги Microsoft Windows, PlayStation 2, PlayStation 3, Xbox 360, PSP, Nintendo DS, Wii, Game Boy Advance, Mac OS X
Датум на издавање САД 25 јуни, 2007
Австралија 28 јуни, 2007
Europe 29 јуни, 2007
Жанр(ови) Акциона-авантура
Режим(и) Single-player
Рејтинзи ESRB: E10+
PEGI: 7+
OFLC: PG
Медиум Blueray диск, DVD
Побарувања Microsoft Windows:

Mac:[1]

Начин на
контролирање
Тастатура и глувче, Џојстик

Хари Потер и Редот на фениксот е видеоигра заснована на петтата книга од популарниот серијал за Хари Потер. Оваа игра била објавена во 2007 година за Windows, PlayStation 2, PlayStation 3, PSP, Nintendo DS, Wii, Xbox 360, Game Boy Advance и Mac OS X.

Приказна[уреди | уреди извор]

Хари Потер (лик), Рон Визли и Хермиона Гренџер се враќаат во Хогвортс и открива дека голем дел од волшебничкото општество е во одрекување дека Хари се има сретнато со моќниот Лорд Волдеморт. На згора на се, новата професорка по Одбрана од мрачните сили одбива да ги учи учениците какви било одбрбрандбени магии и помалку по малку го зазема Хогвортс. Поради ова, Хари, Рон и Хермиона ја создаваат Армијата на Дамбладор да ја учат одбрандбената магија што им е потребна со Волдемрт на слобода.

Сегменти[уреди | уреди извор]

85 локации од Хогвартс (комбинирајќи ги сцените од филмот каде се прикажани добро собите и локациите, скиците на Џ.К. Раулинг и информациите од книгите за да се создаде подобро искуство) и други важни локации од приказната како Министерството за магии, Гримолд плац 12 и улицата Манголија каде се случува нападот на дементорите.

За разлика од претходните игри оваа игра е целосно поразлична. Во оваа игра направен е целиот Хогвартс со сите тајни премини, училници, соби, скали и др. Се разбира изгледа исто како во филмот и како што е опишано во книгата. Играчите можат да уживаат водејќи го Хари во раскошните дворови на Хогвортс, во куќата на Хагрид, шетајќи се во забранетата шума, правејќи напивки во училницата по напивки, шетајќи се по занданите или по големиот Виадакут или само шетајќи се во големата сала каде има јадење и си очекуваш писмо од був.

Претходните игри за Хари Потер беа познати по собирањето волшебни гравчиња во различни бои. Но во овој дел играчите собираат специјални таканаречени „откривателни бодови“. Тие се мали светкави топчиња кои блескаат во бела боја и летаат насекаде и се кријат насекаде. Играчите можат да користат разни магии за да го испитуваат училиштето.

Овој пат на играчот му е дозволено да се бори против ученици, но за жал само од Слитерент. Играчот цело време игра со Хари, но на крајот има мала можност да игра и со Сириус Блек, близнаците и Дамбладор.

Собирањето бодови им ги зајакнува магиите на играчите и со секое зајакнување се добива награда како на пример некој трофеј или видео клип кои можат да се најдат во таканаречената Room of Rewards.

Ако играчот не сака да ја следи приказната, тој може да се шета по замокот, да разговара со ученици, да открива тајни премини, да оди на часови по напивки, магии и хербологија и на некој начин и на Преобразување, да се бори со немирните ученици, да пишува домашна, да игра волшебнички шах со некои ученици или пак волшебни експлозивни карти или пак гоб камен (слична игра на нашата џамлии) и др.

Над 22 глумци позајмуваат гласови на одредени ликови.

Играчот може и да ја следи приказната, и најголем дел од играта да го помине правејќи хаос во училиштето или собирајќи ја Армијата на Дамбладор.

Окулмантијата е исто така дел од играта.

12 портрети се наоѓаат во замокот со кои играчот може да дискутира, и тие ќе му дадат мала загатка. Ако тој ја реши загатката, тие му даваат лозинка со која играчот може да отвори и користи таен премин со кој може да се стигне до одредени места во замокот побрзо.

Испуштени работи[уреди | уреди извор]

EA се извинуваат и велат дека не биле во можност да ги вклучат овие работи во играта:

  • Играчот да може да ги земе ОВС испитите директно; иако се земаат оценки за ОВС со тоа што се оди на часови.
  • Квидичот и летањето се исто така испуштени, иако има дел од играта во кој со Фред и Џорџ треба да се лета и да се прави неред низ замокот.
  • Можност за играчот да одбере со кој лик ќе игра. Иако Сириус, Фред, Џорџ и Дамбладор се ликови со кои на крајот може да се игра.
  • Неколку простории од замокот ги нема. Врбата Боздоганка ја има на Арамиската карта (мапа која Играчот ја користи за да се снајде во замокот), но не може да се дојде до неа, заедничките соби и спалните соби на Рејвенкло и Хафлпав не постојат, заедничката соба на Слитерент застанува на крајот на едни скали, училницата по предвидување, женските спални на Грифиндор, на теренот за Квидич не може да се влезе, канцеларијата на Дамбладор е покажана во повеќе мали филмчиња, но во замокот не може да се најде, има и неколку врати на големите волшебни скалила кои водат до непознати делови од замокот.
  • Не може да се влезе во одајата на тајните, но може да се отвори.
  • Најлошото сеќавање на Снејп не е прикажано во играта, туку наместо тоа, Снејп ги прекинува состаноците по Окулмантија бидејќи Хари го победува во Окулмантија.

Магии употребени во играта[уреди | уреди извор]

Основни магии кои не се за борба[уреди | уреди извор]

  • Reparo, магија со која се поправаат работи.
  • Wingardium Leviosa, магија која се употребува да се креваат работи во воздух.
  • Depulso, магија која се употребува да се буткаат некои предмети.
  • Accio, се употребува да се повикуваат работи да дојдат кај тебе.
  • Reducto, се употребува да се кршат предмети. (Не е присутна во Nintendo DS верзијата.)
  • Incendio, магија со која се горат работи.[2]

Магии за борење[уреди | уреди извор]

  • Expelliarmus, се употребува да се вооружи противникот. (Доста го повредува противникот но најчесто се употребува да се докрајчи противникот) (Не е присутна во Nintendo DS верзијата.)
  • Stupefy, бавна но моќна магија.
  • Protego, се користи како штит и магијата на противникот се одбива од нејзе.
  • Rictusempra, уште една магија која го зашеметува противникот слична на Stupefy но послаба.
  • Petrificus Totalus, го парализира противникот. Оваа магија е многу силна бидејќи ако се бориш со еден човек само еден удар од оваја магија и ти победуваш но внимавај може истото да ти се случи и тебе. (Не е присутна во Nintendo DS верзијата.)
  • Levicorpus, го контролира противникот долу горе. (Не е присутна во Nintendo DS верзијата.)

Expecto Patronum се употребува на почетокот во борбата против дементорите и уште еднаш на еден состанок на Армијата на Дамбладор.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "The Apple Store (U.S.) - Harry Potter and the Order of the Phoenix by Electronic Arts" - http://store.apple.com/1-800-MY-APPLE/WebObjects/AppleStore.woa/wa/RSLID?mco=6C04E099&nplm=TN641LL/A - Посетено на 8/25/2007
  2. Elliot, Harvey (June 5 2007). [1] Архивирано на 30 септември 2007 г.. Gamespot. Посетено на (June 21 2007).