Хари Потер и Каменот на мудроста (видео игра)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хари Потер и Каменот на мудроста
Harry Potter and the Philosopher's stone
256px
Опаковка на видеоиграта
Изработувач(и) KnowWonder (Персонален компјутер
Издавач(и) Electronic Arts
Погон Unreal engine
Подлоги PC (Windows), Mac (Mac OS 9), GBC, GBA, PS, Xbox, GC, PS2
Датум на издавање Ноември, 2001 (PC, PS, GBA, GBC)
9 декември, 2003 (GC, Xbox, PS2)
Жанр(ови) Акција во трето лице
Режим(и) Single-player
Рејтинзи ESRB:E
OFLC:G
Медиум CD-ROM

Хари Потер и Каменот на мудроста e видеоигра базирана на филмот со ист наслов. Првата верзија беше издадена во 2001 година за Персонален компјутер, GameBoy Color, GameBoy Advance и за PlayStation, а другата верзија беше издадена во 2003 за Xbox, GameCube и PlayStation 2. Во 2002, верзијата за Персонален Компјутер, беше адаптирана за Мекинтош Компјутер. Повеќето критики за играта беа негативни, бидејќи играта била многу едноставна што ја правело игра само за помладата публика. Овие критики не се однесуваа за верзијата за PlayStation 2, која била малку повеќе предизвикувачка.

Краток преглед[уреди]

Ликови со кои може да се игра[уреди]

Хари Потер, протагонистот и единствениот лик на располагање, член на домот Грифиндор. Има големи дијалози во играта, освен во верзиите за PlayStation и за Персонален компјутер во кои тој не е многу зборлив.

Ликови со кои не може да се игра[уреди]

Ученици

  • Хермиона Гренџер и Рон Визли понекогаш му помагаат на Хари да ги најде училниците.
  • Фред и Џорџ Визли, браќата близнаци на Рон, го учат Хари како да се качува и да се движи во играта на почетокот на играта. Со нив играчот може да се менува со неколку гравчиња за волшебна карта. Невил Лонгботом се појавува одвреме-навреме да му помогне на Хари или да побара помош од него. Драко Малфој е непријателот на Хари. Малфој е најчесто виден со неговите следбеници, Креб и Гојл.


Професори:

Останати:

Рубеус Хагрид е дружељубив полу џин кој може да се најде на имотот на Хогвартс. Лорд Волдеморт, исто така познат и како Мрачниот Господар, е најзлобното суштество во играта. Хари мора да го победи на крајот на играта. Пивс е дух кој обожува да прави неред во Хогвартс. Ако Хари налета на него, Пивс ќе го задева. Аргус Филч е домарот во Хогвартс. Тој се шета наоколу во училиштето заедно со неговата мачка г-ѓа Норис. Тој може да се види навечер во библиотеката или на друго место како патролира. Мадам Пинс е библиотекарката и може да се види во библиотеката дење како внимава на книгите. Скоро безглавиот Ник се појавува во PS верзијата и тоа во мини игри.

Синопсис[уреди]

За целосен синопсис видете Хари Потер и Каменот на мудроста

Хари Потер младо момче дознава на својот 11 роденден дека е волшебник и дека е повикан да учи во училиштето за магии и волшебништво. Тој тргнува во својата прва година и се спријателува со Рон Визли и Хермиона Гренџер а Драко Малфој му станува ривал. Тој ги запознава професорите: од џуџестиот професор по Магии до злобниот професор по Напивки па се до строгата професорка по Преобразување. Тој дознава дека мрачниот волшебник Лорд Волдеморт ги убил неговите родители кога Хари бил мал и сега Хари разбира зошто е толку славен во волшебниот свет и на крајот се соочува очи во очи со самиот Лорд Волдеморт.