Bloomsbury Publishing

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Bloomsbury Publishing plc
Тип Издаваштво
Oснована 1986
Седиште Велика Британија Лондон, Англија, Обединето Кралство
Приходи £100 милиони
Портал Bloomsbury

Bloomsbury Publishing plc е независна, издавачка куќа во Лондон која е позната по издавање на литературни романи. Големиот прираст на компанијата во последнава деценија е највеќе благодарение на Хари Потер серијалот од Џ. К. Раулинг. Bloomsbury беше награднеа со награда Издавачка куќа на годината во 1999 и 2000.

Компанијата е основана во 1986 од страна на Најџел Њутон, кој претходно работел и во други издавачки куќи. Компанијата станува регистрирана јавна компанија во 1995, кога приходите и се зголемуваат за £5.5 милиони, кои беа искористени за подобрување на кориците на детските книги. Во 2007, Bloomsbury ја издаде книгата Bloomsbury 21, книга во која беа наведени сите 21 најпопуларни книги за да ја прослават своата 21-ва годишнина.