Џ. К. Роулинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џ. К. Рoулинг
Jk-rowling-crop.JPG
Роден 31 јули 1965 (1965-07-31) (49 г.)
Јејт, Глостершир, Англија
Занимање Писателкаra
Националност Британка
Значајни дела Хари Потер серијалот
Портал
http://www.jkrowling.com

Џоан „Џо“ Рoулинг[1] (англиски: Joanne „Jo“ Rowling)[2] (родена на 31 јули 1965),[3] која се потпишува на своите дела со писателското име Џ. К. Рoулинг (J. K. Rowling)[4] е британска писателка, најпозната по фантастичниот серијалот Хари Потер. Книгите за младиот волшебник се здобија со светска слава, добија безброј фанови и се продадоа во над 400 милиони копии.[5]

Име[уреди]

Иако пишува под името „Џ. К. Рoулинг“ (МФА: /ˈrəʊlɪŋ/),[6] нејзиното име кога се издаде првата книга Хари Потер беше едноставно „Џоан Рoулинг“. Пред да ја издаде нејзината прва книга, нејзиниот издавач Bloomsbury се плашел дека младите машки купувачи нема да сакаат да ја купуваат книгата знаејќи дека е напишана од женски автор. Ѝ предложил на Рoулинг да користи два иницијали, наместо да го открива нејзиното вистинско име. Џоан бидејќи немала средно име, ја одбрала буквата „К“ како Кетлин за својот втор иницијал, од нејзината татковска баба. Името Кетлин никогаш не било дел од нејзиното вистинско име.[4] По нејзиниот брак, таа по некогаш го користи името Џоан Мареј (Joanne Murray) кога е потребно за приватни грижи.[7][8] Таа се самата себе се вика „Џо“ и има изјавено, „Никој не ме нарекол 'Џоан' кога бев мала, освен ако не беа лути.“[9]

Џоан Роулинг со сопругот Д-р Нил Мареј[уреди]

За делата на Џоан Кетлин Роулинг, некогаш сиромашна самохрана мајка на 1 дете, а денес прославена писателка, критичарите се поделени – едни ја нарекуваат „ќерката на Х.К.Андерсен“, а други велат дека нејзините дела се „украдени од детската литература пишувана во 19-тиот век“.

Богата, но со благородно срце[уреди]

Но што и да велат, факт е дека Џ.К.Роулинг го исполнила договорот со издавачката куќа „Блумсбери“ – напишала (дури) 7 романи за животот на симпатичното момченце-волшебник. Освен тоа, за 10-тина години, снимени се и 5 филмови според нејзините романи, а таа стана најчитан писател на светот. Нејзините дела се преведени на повеќе од 60 јазици, вклучувајќи ги и латински и старогрчки. Му направила голема услуга на човештвото – по многу време, децата посакаа, наместо со видео-игри, времето да го поминуваат дружејќи се со книгите. Жената, пак, која го измисли Хари Потер, по богатството зад себе ја остави и сонародничката, англиската кралица: денес заработува по 600 долари за секој пишан збор. Сепак, не заборавила како живеела пред само 10-тина години: на сиромашните деца од Единбург им подарила 55 милиони долари, а понудила и голема награда за оној кој ќе помогне во пронаоѓањето на малечката Медлин Мекен, која пролетва беше киднапирана во Португалија. Освен тоа, авторката е актвиен учесник во кампањата за стоп на насивството во Дарфур. Таа постојано работи во добротворни цели и дури има план да состави Хари потер Лексикон од кој сите прилози би отишле во добртворни донации, знаејќи ја побарувачката на Хари Потер во светот може да се очекува многу.

Сиромашно и среќно детство[уреди]

Според нејзиниот официјален веб-сајт, родена е во Лондон 1965г, како прво дете на 20-годишни родители, и двајцата вработени во британската морнарица. Набрзо, по неа, се раѓаат братот Џо и сестра и Ди – тогаш се преселуваат во внатрешноста на Англија каде имале обично, среќно детство полно со настани, од кои многу ќе и послужат како материјал за пишување. Џоана го сакала училиштето, но нејзиниот живот набрзо се променил -мајка и тешко се разболела кога Џоана имала 15 години. По завршувањето на средното училиште, запишуваа студии по француски јазик, но набрзо увидела дека тоа не е она што го сака. По напуштањето на студиите, заминува во Португалија, каде држи часови по англиски јазик. Таму го запознава и првиот сопруг – не издржале долго во брак, но како што вели Џоана „тој ми го подари најубавото нешто: ќерката Џесика“. Тогаш веќе била начисто со тоа дека сака да пишува – нацртите од нејзиниот прв роман ги запишувала на салвета во пабот каде најчесто, од сожалување, и давале хранa.

Бајката започнува...[уреди]

Сепак, Џоана не се откажувала - се сместила во Единбург кај сестра и Ди и со месеци тропала по вратите на издавачките куќи. Како што самата вели „еден ден, телефонот заѕвони и мојот агент Кристофер ми кажа дека единствено „Блумсбери“ можат да ми дадат некаква понуда за мојот роман. Врискав од среќа и не ми се веруваше...“ Денес веројатно, повеќето издавачи кои ја одбиле многу жалат поради тоа – најголемо чувство за бизнис имала младата приправничка Флер Хоул која за тоа заработила смешни 30 фунти. Останатото е веќе историја: првиот роман „ Хари Потер и каменот на мудроста“ и ја донела првата заработка од 150 илјади евра. До крајот на 2000-та година, трите објавени романи се отпечатени на 35 јазици и и донеле околу 400 милиони евра.

Кога врне, истура...[уреди]

Како во кариерата, така и во приватниот живот и се појавува сонце: во 2001-вата се мажи за Нил Мареј, лекар анестезиолог, со кој има 2 деца. Живеат во замок во Шкотска – Џоана не дава интервјуа и не посетува џет-сет забави. Единствено редовно се појавува на промоциите на нејзините книги или на премиерите на филмовите кои се снимени на основа на романите за хари Потер. Од нејзините 7 романи, снимени се веќе 5 филмови: последниот „Редот на Фениксот“ се емитува и кај нас. На основа на авантурите за Хари Потер, како што тоа обично се прави во западните земји, настанала цела индустрија: туристичките агенции во Британија одамна имаат посебни екскурзии за посета на дворецот Алнвик, каде е сниман еден од филмовите, па и до трпезаријата на колеџот Крајст Черч каде вечераат децата-волшебници од филмот. Ширум светот постојано „никнуваат“ забавни паркови со сценографија од филмовите за Хари Потер. Многу писатели кои се славни денес – станале славни по нивната смрт. Џоан Роулинг ја имала таа среќа навреме да ја доживее својата слава. Дека бајките често пати имаат среќен крај, зборува и тоа фактот дека, нејзиниот бивш сопруг, кој без збор ја напуштил -експресно ја пронашол кога станала славна. Да, погодувате, таа веднаш сė му простила. Седмата книга е посветена на нејзиното најмало дете и е наречена нејзин близнак по перо и мастило затоа што книгата била пишувана додека Џоан била бремена со детето.

Референции[уреди]

  1. Daily Telegraph, BBC's secret guide to avoid tripping over your tongue, 19 октомври 2006; Rowling се чита „Роулинг“
  2. Caine heads birthday honours list. BBC News. 17 јуни 2000. Проверено на 25 октомври 2000.
  3. JK Rowling Biography. Scholastic.com. Accessed 20 октомври 2007.
  4. 4,0 4,1 "Red Nose Day" Online Chat Transcript, BBC Online, 12 March 2001, The Burrow. Проверено на 16 април 2008.
  5. Flood, Alison (17 јуни 2008). „Potter tops 400 million sales“. „theBookseller.com“. The Bookseller. http://www.thebookseller.com/news/61161-page.html. конс. 12 септември 2008. 
  6. "The Not Especially Fascinating Life So Far of J. K. Rowling" J. K. Rowling. From accio-quote.org. Accessed 28 април 2008
  7. Judge rules against JK Rowling in privacy case. Guardian Unlimited. 7 август 2007. Accessed 21 август 2007.
  8. "There would be so much to tell her..." Tatler Magazine. 10 јануари 2006. Accessed 25 април 2008.
  9. Canadian Broadcasting Corporation. "J.K. Rowling: CBC Interview #1". The Hogwarts Express. 26 октомври 2000. Accessed 19 март 2006.